Знам дека тој е поосетлив на хцг меѓутоа и овој што го правев Be save ми кажаа дека е добар и покажува во било кое време. Вчера и претходните 3-4 дена имав така како предменструални грчеви и си велам готово ке добијам и пак ништо,а и плус тоа вчера и денес имавме односи ама не ејакулираше во мене и замисли штом и од секс не ми доаѓа не знам што е проблемот. Имам доцна овулација на 22-23 ден па можеби и тоа си има свој удел
Незнам срц.. Дај боже да е тоа.. Можиш и сабалје уште не станата од кревет мери темп ако е 36 ќе ти дојди ако е накај 37,2 има нешто
Ќе мерам да подобро ако нема ништо си велам барем да ми дојде да не ме вака мачи а воедно и паничи. Одма си правам филмови во глава кој знае што ми е
Девојки кога ве читам што се правете почнува да ме гризи совест..овој месец побрзо вонземјани ќе не посетат отколку јас да останам бремена..знам дека треба да не добијам на осми инаку све др.обратно правев..се тушиеав веднаш после секс, не пратев овулација, бев на одмор - изгорев, не се чепнавме со мм зошто не се трпеше и така..
Од кај знаеш, можеби тогаш има фатено, како велат ко ќе не очекуваш тогаш... Ајде да не израдуваш и ти
Има а да не те разочарувам ама и времето е променливо и влијае на циклус, мене коа ми доцнеше првите после ден, после недела и после еден месец правев тест и негативен беше, а не ми идеше, на крај цисти беа у прашање. Дај боже кај тебе лажно негативен да е, покасно да се има вгнездено у матката
Има шанси лажен негативен да, но како што те читам постојано со загрижена и може и тоа да влијае на доцнење. Јас кога сум под голем стрес знае да ми доцни максимум до 4 дена, па трчам по тестови и кога ќе се убедам дека не сум трудна, си велам тоа е тоа. И следниот ден добивам. Ако не ти дојде утре направи уште еден тест, или оди да провериш преку крв за да не ти биде мисла. После тоа каков и да е резултатот мора да се опуштиш за да може организмот да ти работи нормално и а се стабилизира. Знам дека е клише ама стресот ни е најголем непријател
Ќе видеме што ќе излезе дај боже за арно да е, не ми се верува дека е промена на време во прашање зошто во еден месец претходно имам сменето 2 клими па пак е била точна ама како викат Never Say Never како да пресметам од 22 ден на овулација +14 дена да додадам така ли му доаѓа??
Јас овие два дена прв пат почнав да мерам температура. Завчера навечер 36.5. Вчера сабајле уште нестаната ми беше 36.8 а сабајлево 37. Ама мислам дека мене природно ми е покачена. Покажува ли ова нешто или треба долго време да мерам за да фатам некаков график?
Треба подолго време да се мери едно 2-3 месеци секое утро, со тоа се одредува и овулација. Кога треба да ти дојди? Можи има нешто