Јас го пиев околу месец дена, по 0,3 дозата ми беше секој ден. Ама јас направив и нешто друго, може и тоа помогнало, сега вака кога размислувам отпосле. Сварив во големо тенџере вода, и во неа додадов околу 6-7 кесички чај од камилица, додадов и уште некои чаеви кои ги имав дома, сето тоа го претурив во леген и додека беше врело го правев тоа напарувањето за кое се пишуваше низ темава. Се замотав во чаршав да не излегува пареата и едно пола саат чучев над легенот хаха. Пробајте и ова ништо не губите, после слушав милсења дека наводно така се отвара доле и се прочистуваат каналите. Со среќа на сите.
Мислам дека дворот ми е полн со ваква трева хаха незнам дали е истата ама многу ми личи. Туку жени вие што сте со ПЦОС дали имате болки за време на однос,јас овој месец имам неподносливи болки.
И јас сакав истото да го прашам мене ми се случи тоа пред 2 месеци само си мислев дека не е ништо сериозно. Мене ми се случи следното: Мноооогу јака болка ниско долу во стомакот,не можев ама ич ич да се мрднам секое движење ми нанесуваше болка ама не обрнав многу внимание бидејќи истовремено осеќав болка и во анусот ме полудуваше и покрај тоа што пиеше Диазепам од 5мг, да ме опушти болката си стоеше. Денес случајно преку разговор со една жена ми кажа дека и нејзе така и било и дури до болница стигнала бидејки имало некакво крвав излив од циста. Симптомите таа што ми ги кажа : Болки ниско во стомак како и во анусот боцкање беа исти со моите. Дали цистите имаат вакви симптоми? Па можеби овој месец и од нив ми доцнеше
Од Август 2015 до ден денес секој месец имам такви болки не подносливи. Вака ми е од ко ја напрајв киретажата лани и секој месец кркам ненормални болки Иако немам ПЦОС
Девојки вака, јас сум нова на форумов па сакам да ве прашам нешто. Со маж ми сакаме да имаме бебче и веќе еден месец работиме на случајот следиме и плодни денови и се ама ете овој месец не бидна па се мислам дали е нормално кога свршува во мене дел од спермата да ми истекува ? Можеби прашањето е малку глупо ама стварно не знан кого да прашам па ве молам ако некој знае нешто да ми каже . Благодарам однапред и ви посакувам среќа на сите ☺ Поздрав
Ne se sekiraj,normalno e da istece po nekoe vreme.Nemoj uste prv mesec da se optovaruvas so plodni denovi se ke ti vlijae na psihata.Pozdrav i sto pobrgu da si odis vo trudnicki
Па скоро 10 дена, деновиве правам тест па ќе известам. Мада ми е малку страв од тие тестови, стално коа ќе направам следниот ден добивам. Да не биде и сега така. Може и затоа до сега немам направено
Денес бев на лекар ми кажа дека јајниците ми се двојно поголеми од нормално и при однос ми го допира и затоа осекам болка. И истото што кажа @Bebulleee обично после киретажа жените имаат болка ама јас не сум правела. Мислам дека нема врска со крвав излив затоа што полицистичните јајници се многу поголеми од нормалните.
Дами мои, денес бев на 4Д ехо ама не кај матичниот туку кај друг доктор. Ме гледаше на ехото и кажа дека се е во ред, денес ми е 14 ден од циклус и имам фоликул од 18мм на левиот јајник тој вика дека може да пукне овие денови. А ендометриум ми е 5,7мм. Ми кажа немам цисти ниту пак полицистични јајници. Го прашав зошто е можно да ми касни минатиот месец ми кажа дека најверојатно, можеби сум немала овулација и затоа доцнел циклусот Кога му кажав дека веќе се обидуваме 11 месеци, тој ми вика што сте чекале до сега порано се чекало до 1 год. сега веке било на 6 месеци да се утврди причина зошто не дошло до оплодување. И кажа мм да направи спермограм кај мене се било вака ок. И друго ми потенцира дека во последно време причината за неплодност бил машки фактор.
Јас тотално се разочарав од постот на Диар. Денес го гледам, не ми испаднал воопшто во нотификации или пак не сум видела. Искрено секој нејзин пост ме гаѓа како да ми е најблиска. Откако прочитав денес се утепав од плачење... Животот е суров, ама па до волку? Живот. За некои мајка, за некои маќеа. Не е фер, колку и да не сакам да се разочарувам некако се ова се повеќе ме турка надоле. Навистина се прашувам ( Бог да ми прости) како некому дава а не заслужува, не знае да го цени она кое го има... Има родители ги напуштаат своите деца, ги продаваат, ги даваат на посвојување, а некои ќе се мачат со години, а заслужуваат повеќе од било кој. Немам зборови, само гнев искрено...
Типично е кај полицистични јајници во одреден период од месецот да се зголеми едне или двата јајника. Затоа при однос боли или кога се има циклус и мала настинка. Јас неколку пати сум ја имала таа болка. Исто левиот јајник ми е малку наназад и тешко од прва се гледа на ехо , и тоа ми придонесува плус за болка. Иначе јас сум супер , турбо со мајстори дома и чекам да добијам па да одам на втор ден на ехо .
Жени,а дали може спонтано без хормони да се забремени со тенок ендометриум како мојот на 14 ден од циклус со големина од 5.7мм? Ова малку ме замисли зошто д-р ништо не ми спомна ни за Естрофем што го пијат за задебелување ни ништо, среќа што постои форумов па една членка ми кажа дека ми е многу тенок.
Јас мислам дека ти е тамам. Тебе уште не ти е ни прснат фоликулот. Со самото прснување самиот ендометриум се задебелува и сигурно ќе биде доволно дебел за вгнездување . Уживај си
Фалааа ти срце ме утеши некако онака му ја мислев само а имам фоликул некаде од 18мм на 14 ден од циклус мислам дека е ок нели? И тој кажа дека уште не е пукнат