Uф ќе пукнам до 9ти неможам да издржам а и многу се нервирам осеќав благи болки во долниот дел на стомакот до пред некој ден и веке една недела имам исцедок бледо-жолт ... бело прање не е бидејќи тоа е густо можеби лошо ќе се изразам но како мрсул и тоа го имав за време на овулацијата сега ова незнам што највеќе се плашам да не е некоја инфекција а неможам да отидам на гинеколог ми треба ваше мислење и ваше искуство .... белиот исцедок и нафрлано лице ми се единствени промени на мене но белиот исцедок веќе престана многу малку има сега почнаа градите да ме болат но тоа кај мене не е ново оти градите ме болат и пред да ми дојде ВЕ МОЛАМ ЗА ОДГОВОР
strong-gril прво не се нервири, зошто не си купиш тест за бременост? Купи си направи го и завршена работа,резултат ќе добиеш за 5ми. Ние овде неможеме да ти кажеме точно што се случува со твоето тело. И јас кога бев бремена имав благи болки во долниот дел во стомакот и кичмата,немав бело пране,го добив пред да го изгубам бебето и беше како кафеав. Градите ме болеа и тоа многу,неможев да ги допрам,ми беа отечени а брадавиците ми беа темни. Имав утрински мачнини и гадене од храна.Имав главоболки,често мокрене, се чуствувам омалаксено и често спиев.Во твојот случај белото пране може да биде и резултат на инфекција,на измрзнатост...на многу души лицето и се нафрла пред да добијат. Градите те болат но ете велиш дека те болат секогаш пред да добиеш.Дали имаш некој други сиптоми како гадене,вртоглавици,поспаност...? Стварно незнам што да ти кажам освен да напраавиш тест за бременост и да се осигуриш...поздрав
Можно е да си настината,можно е и да е некоја инфекција,можно е и да си бремена,се е можно,најсигурно за ова ке ти каже гинекологот,сепак мислам дека најдобро ке ти биде да си почекаш со 9ти,ако не ти дојде прво направи си тестче...па ке знаеш што понатаму,не се оптеретувај многу со мисли и стресови,уживај до максимум...поздрав
da napravam sega test mislam deka mi e rano ... belo pranje nemam vekje kolku i da se obiduvam i da vikam deka ne mislam nemozam mislite se tamu mi odat se nadevam premnogu no i dlaboko vo sebe znam deka na 9ti ke se razocaram. No kako e Gospod nikoj ne e .. Кај мене е лошо што во моментов неможам да отидам на гинеколог и да се консултирам да проверам да не е некоја инфекција (Бог да чува)
Не сега да правиш тест,почекај до 9ти ако не ти дојде тогаш прави тест,инаку знам како е да си во исчекување и тоа што мислиш нон-стоп на тоа нема ама ич да ти помогне,само се оптеретуваш и се нервираш а тоа не е убаво...иста бев и јас ама сега почнав да не мислам никако на тоа,мене треба на 11 да ми дојде 2 дена сме разлика... не ни мислам на симптоми ни за идење ни за бременост,издржи уште малку...ти посакувам да се издрадуваш,секако доколку е планирана бременост....
ја чекам веќе 1год дај боже и ти да си се израдуваш .... ке очекуваме само добри вести се надеваме дека Бог нас не не напуштил, како вика татко ми "не сме го мавале Господ со камења, па и да сме го мавале белки не сме го погодиле"
Ќе биде немој да очајуваш,сосема те разбирам...биди позитивна и водете љубов со мажето твое,дури и кога го правите тоа нека се случи спонтано не мислете дека правите бебе,туку само водете љубов,сигурна сум дека ќе има резултати...ке видиме значи тука некаде сме со датите за циклусот,можеби па и ќе се израдуваме ние,секако истото им го посакувам и на другите што чекаат,во најбрзо време да се израдуваат со принова
Јас искрено ти посакувам во најблиска иднина да си видис 2 црти и овој пат ( од се срце ) да имас лесна бременост и се да биде во ред . Само ПОЗИТИВНО
Jaс мислам дека е рано усте за симптоми. Поцекај до 9 ( без многу оптеретување сто и како е биде) а после ако ти касни тест и дај бозе да е поз . Со срека
Dевојки само сто направив тест и негативен е нисто и овој месец 3ти по ред а толку се надевав дека сме успеале сега... знам дека е мал период 3 месеци,но ме фака страв зарем е толку теско на 21 година да останам бремена
Кај и да е,до вечер ќе ми дојде.Ме теши што после спонтаниот,ми дојде редовно како порано,на ист датум,а спонтаниот беше на 5ти окт.Би требало ова да е добар знак Како и да е,јас се повеќе се плашам,навистина сакавме многу бебе,кога го навраќам филмот кога му кажав на мојот дека се позитивни тестовите,плачеше од среќа,па како трчавме по доктори,по дежурни навечер,како само лежев,чекав и плачев,исплашена како кутре фрлено на дожд,а тој само дуваше и излегуваше на тераса,кој кошмар........сега треба да ги направам испитувањата,а искрено ми е страв,што ако пак се деси? Не го посакувам кошмарот на никого
valjaaaaa ти благодарам на подршката и на позитивната мисла. Се надевам и јас дека ќе ги видам 2 црти и се ќе биде во ред. Тоа и го посакувам и на сите други што се во исчекуване на 2 славни црти . Поздрав
Ајде доста плачки Само позитивно и ќе бидне 3 месеци е премногу мал период, верувај ми... Иако, потполно те разбирам како ти е.. Јас веќе после третитот месец обидување почнав да запаѓам во депресии, а после петтиот мислев дека сум неплодна и дека нема да можам никогаш деца да имам , кенкав и плачев за бебче, - па дигнав раце, и следниот месец оп - две црти на тестот (и повторно плачев као, се почувствував неспремна бидејќи не верував до тогаш дека ќе можам да зачнам ) Затоа не очајувајте, -ние сме 3 најдобри другарки, јас последна останав бремена на 25г а во однос на другите две по најбрзо време обидување, (плус јас со ретроградно поставена матка и полицистични јајници) Првата остана на 18 по 8 месеци обиди, втората на 23 по година дена обиди (а веќе имаше закажано инсеминација)...и фала му на Бог сите си зачнавме природно..
здраво како сте драги феминки сакав само да ве поздрвам и да им честитам на новите трудници мене ме немаше на форумов некое време бидејќи одмарам и неможам да се уклучам на форумов од мојот телефон па еве се уклучив од компјутерот кај моите сум на гости јас веќе 12 дена се боцкам со супрефакт и требаше на на 1 ноември да ми дојдеше но не ми дојде ама еве веќе 3 дена ми доцни па сакам да прашам дали ми доцни поради тоа што се боцкам бидејќи треба да ми дојде и да се јавам во ремедика за да ми дадат упатства што понатаму и да одам на преглед јас сум супер повеќе се одмарам не дигам тешко кај моите седам и сем опуштена на повремено се нервирам дали ми е од хормоните поздрав до сите феминки и наскоро кај сите да има убави вести
Здраво девојки...еве јас се правам силна пред сите и не плачам па затоа решив да се исплачам тука. Во јуни имав спонтан.Беше страшно,зашто се случи кратко пред свадбата,ама имав огромна поддршка и љубов околу мене па за кратко време се опоравив и имав премногу надеж и оптимизам и верував дека сум многу силна и верував дека бебчето ќе се фати пак многу брзо.Ама не испадна така.Оттогаш поминаа 4 месеци и секој месец кога ми доцнеше по некој ден иако со резерва се радував.И овој месец кога не ми дојде на 28,секој нареден ден надежите се повеќе ми раснеа и во сите симптоми верував дека се ТИЕ.Ама не сакало и не требало и ете денес дојде.И така денес си плачам и скоро секој ден си помислувам да не се случеше спонтаниот денес колкава ќе бев,ама пак си давам надеж и се молам на дедо Господ наредниот месец и јас да ги видам двете црти.Само верба во Него и знам дека ќе биде кога ќе треба,ама исчекувањето навистина е тешко.Се молам за сите кои ги чекаат тие црти,се молам и за мене.поздрав
Laddy, само спокојно и смирено се’ ќе си дојде на своето.Стре не треба никако и се пополека прави и не напрегај се многу со негативни мисли и исчекување, дека баш тоа исчекување најмногу убава и влијае на психа.Релаксирај се и не мисли на тоа што се случило, а ние ти стискаме палци и ти пуштаме среќа да ти подари дедо Боже едно ангелче, или две три од еднаш
Девојки на мени ми касне еден ден се надевам дека нема да ми дојде ке почекам уште некој ден ,ако не ми дојде тогаш ке правам тест. или ке одам на гинеколог за посигурно. Некој посебни симтоми немам освен благи болки во долнио дел на стомахот. Имам и тврда столица,а и десната нога ми се коче по некој пат. Градите не ме болат,а и не повракам,можеби и сеуште е рано ако има нешто (дај боже да има). Поздрав до сите