Ти посакувам двете црти да се претворат во две бебенца кои ќе ги гушкаш за 9месеци! Нека ти е со лесно душо!
Утре или јас или некој друг ќе претече. Како и да е, што и да биде нема откажување. Сепак колку и да не мислам на тоа, мислам и се надевам дека можеби утре е тој ден кога се ќе смени.
Колку лош? Која е дијагнозата? Закажете на уролог и он најубаво ке ве упати што понатаму. Некој посебен лек нема има само витамини кои што можете и сами да си ги купите на своја рака.
олигоастенозооспермија Волумен 2,2 2.0-6.0 ph 8 7.2-8.0 вискозност 0 0 боја бледожолта прог. подвижини-брзи 12% >25 прог. подвижини-бавни 25% >25 на место подвижни 13 % неподвижни 50% степен на подвижност 3 3-4 аглутинација - отсутна отсутна концентрација 8 mpt/ml >20 број во ејакулат 17.6 >40 необоени-живи 70% >60 обоени 30% <40 леукоцити 7-8 округли клетки / Спермокултура и уринокултура без бактерии и заради тоа направивме уште еден спермограм после 10тина дена од првиот на болница овој пат (првиот во АдриаЛаб) и резултатите беа уште полоши, 80% неподвижни и 1,2 м на референтна вредност од 15м и исто пишуваше дека има доста бактерии. Не знам шо да мислам веќе.
И ние ја имаме истата дијагноза. Мм правеше спермо култура, брисеви, хормони...и се беше ок, освен дијагнозата олигоастеноозоспермија. И нормално урологот ни рече не губете време нерви и пари земете вирамини и собирај документи за инвитро.така да наредна недела уште еден спермограм ни остана и ги поднесувам. Иначе во меѓу време пие спермотренд, витамин Е 400, витамин Ц, селен, цинк...јаде мед со јаткасти плодови, не пуши, намали со алкохолот, не вози точак, не се тушира со врела вода...
@Arnisa тек сме на почеток, мислам дека би било ок да почекаме 2-3 месеци да пробаме да го подобриме спермограмот, па после тоа ако не дај Боже нема подобрување ке одиме со следен чекор. А дотогаш се разбира и сите потребни испитувања ќе се направат. Јас сум среќна што рано почнавме со испитувања после само 5 месеци обиди. Што ќе беше ако почневме по година, година и пол. Фала ти за советите ти посакувам што побрзо да си се преселиш во труднички
Ние година ипол си викавме ај ќе биде шетај ваму шетај таму и пред два месеци го напнав да направи спермограм. Така да и ние сме на почеток еве веќе еден месец пие витамини па на нареден спермограм ќе видиме колку помогнале истите. Ако најдеш или слушнеш за некој нов витамин пиши да пробаме и ние. Секое добро и ти побрзо во труднички
Дај Боже успешно да го решиме проблемот, секако ќе споделам со вас, затоа и постои темата за да се поддржуваме и помагаме.