Те прочитав и се наежив. Исто вака се осекав јас пред пола година ,сега веке сум бремена 6 месец и на сите тука ви посакувам ваква убавина. Мислам дека сите кои се обидуваат за бебе се чуствуваат исто на моменти . Мене дома не ми се одеше кога ке ми текнеше дека станот ми е празен,пагав во депресии, нервозни денови,недели... Но мора да се мисли позитивно за да се постигне саканата цел. Не ти ја знам приказната колку време се обидувате и дали сте правеле испитувања,но мој совет , не чекај земи си ги работите во свои раце . Советувај се со гинеколог што треба да се направи и за кратко верува дека ке си имаш бебче .Се додека чекаме ништо нема да се смени ....Ви ја пуштам цела срека на овој свет и ве чекам во труднички
Кај мене не е ниту намалена ниту сува , спротивно обилно тече цел ден облечи-соблечи , а треба да ми дојде , имам болки во градите и јајниците
Јас исто течам ко луда, а рано ми е за овулација, и ме боли долу ниско стомакот и кичмата, вака веќе повеќе дена. Мислев да не сум бремена направив сабајле тест..негативен, ништо ново и така , желбата за секс никаде ја нема...не знам кај е
Веќе неколку циклуси по ред градиве не ме болат, чудно ми е да ти кажам. Порано ако ништо друго брадавиците или од страна ме заболуваа????
Ама и не е морално, негде џабе се инсеминациите па ги советуваат дирек на инвитро.. @*sisi* Најдобро е да прашаш во ''Вештачко оплодување'' немора да помине подолг период, познавам жени со инвитро со 1 година само обиди
ех @DaenerysT баш така е... и по 4 неуспесни инсеминации, едно Ивф, нема никакво оплодување, нема никаква биохемиска бременост, нема никаков абортус, нема никаква бактерија, нема ништо... Постојано нема ништо. Веке неколку години немам ни бело прање. Ете толку нема ништо. Детската соба е гардеробер. По неуспешното ивф не ми се оди ни на доктор, не ми се оди за ништо и не ми се прави ништо. Ама ете животот продолжува. Денес ми беше прекрасен ден. Утрово одлично се чуствував. На работата си поминав феноменално. Само што јадев пица и пиев пиво и сега ќе одам да го шетам кучето. Немам дете ама имам живот. Еден ден, можеби за 5, 6 или 10 години ќе имам деца. Не сакам да го пречекам депресивно и изморено. Сакам да му покажам колку многу го сакам животот, и колку мојот живот ми приредел и убави моменти vs. тешки моменти. Искрено посакувам се да беше побрзо и поведро, ама таа е... Пробав се, и пак сум на истата стартна точка. Ова е дел од мојата омилена песна: Can we climb this mountain I don't know Higher now than ever before I know we can make it if we take it slow Let's take it easy Easy now, watch it go.... p.s. Извинете за долгиот пост
Тоа е волја ваша кога. Инаку треба да имаш предиспозиции за ивф- лош спермограм, полицистични, непроодни канали...треба да имаш се испитано за преку фонд за ќе ти бараат и инсеминации. Ако можеш да си дозволиш приватно и си одлучите - пробајте. Кај мене вкомшии тогаш свадбатА и одма ивф- не и се чекало
јас стварно незнам што ми се случува секавам кај јајниците долу како да ми кркори нешто незнам како да опишам , а имам издувни гасови што е господ знае ,, ај денес ми е роденден може ке си го добијам најдрагоцениот подарок ДАЈ БОЖЕ
Не се нервирај и депресирај..истата приказна е к кај мене...и јас и мм имаме работа добри примања не се жалам..втората соба ни е магацин се надевам дека еден ден ќе ја преуредиме Едноставно игнорирај ги прашањата на луѓето за таа тема..секогаш следат прашања..кога ќе имате прво бебче ќе ве прашуваат за второ и така натака во недоглед