Јас спремам свадба за месец ипол имам,сакам многу и бебче али од стрес не верувам дека ке се фати,си се надевам потајно не сум оптимист голем за овие два месеци,после очекувам да се опуштам кога ке помине,среќа не живееме во Мк,па ке ги избегнам прашањата "кога бебе" и погледите во стомак "дане има нешто".Чудо од народ сме...
Па пробај уживај си во подготовките ич не ги слушај другите, можеби кога ќе ги тргнеш мислите на друга страна и ќе си најдеш друга занимација, како свадба во твојов случај, ќе фати. И јас се замарав така пред свадба, за џабе, сега кога ќе си го вратам филмот наназад си викам па јас зашто толку време потрошив на анализирање на тоа кој што рекол. Нека си зборат што сакаат, од едното влегува низ другото излегува. А такви замарања од галења на стомак, и кој месец си ич да не те допираат. Ќе биде работава чим сме се зафатиле со неа, мора да се истера до крај уште поубаво што си далеку од се.
Женички јас се вракам во дружбата со вас,Го изгубив бебето изгубив дел од срцето не можам да опишам како се чуствувам.Извинете на негативноста ама морам да си ја кажам маката.Боли премногу можат да ме разберат само тие што поминале низ тоа, само вие знаете како е после две години да доживееш најголема срека и најголема болка во животот,ама тоа е животот оди напред.
Многу ми е жал срцка, собери сила и продолжувај понатаму со нови сили. Воопшто не се убави тие работи ама им се случуваат само на најсилните за да им дадат уште повеќе сила во борбата за она што најмногу го сакаат... гушки срцка
Nema nema zborovi koi mozat da se kazat vo ovie momenti....tesko e ama morame da si davame nadez za podobro utre... te guskam mila najsilno
@QueenP многу се радував за тебе. многу ми е криво. се надевам овој пат да биде побрзо и успешно да биде. биди силна
Ќе биде душичке,штом еднаш биднало, пак ќе биде, тешко е знам, ама не губи надеж, како што кажа и самата-животот оди напред
Ne se razocaruvaj kako ti kaza stom ednas bidnalo ke bide pak samo nemoj da gubes nadez.. misli pozitivno i sve ke bide vo red
Многу ми е жал. Знам дека имаше крварење викендов и не можеше да ја добиеш докторката. Нема ли во Струмица друг гинеколог? Клиника? Дежурен? Чинам телефонски докторката ти рекла да купиш утрогестан и да ставаш. Како без да те ѕирне на ехо? Не очајувај, така требало. Ќе биде се во ред, пак ќе се израдуваш. Јас само не можам да сфатам освен матичниот гинеколог нема ли друг гинеколог каде би можела да се обратиш кога ситуацијата е итна и сериозна?
Бев како може да не одам земав утрогестан кафеното сопре мислев дека е се во ред додека во 3 часот наутро не ме разбиди страшна болка во стомахот и 2 3 капки кафен исцедок отидов на дежурен кој го чекав да се разбуди 2 часа со страшни болки дојде ме праша што е пробемот јас свиткана од болка му кажувам дека имам кафеав исцедок соблечи се да видам виде ме праша дали примам нешто и намуртено ме погледна за ова не се доага во 4 наутро и излезе како што отидов така и се вратив ниту ме прегледа на ехо ниту очите му беа отворени за да стори нешто.Низ што поминав јас не можам да опишам ниту на најголемиот непријател не му посакувам такво нешто,од 7 часот со локви крв чекав до 12 да ме примат за абортус.Такво е ова наше здравство.
Многу ми е жал. Страшно е ова што ти се случило. Ако имаш сила и нерви после се пријави го докторот. Како може да спие на работно место и така да се однесува? Ако не за ова, за што се оди на дежурен во 4 наутро?
Душичке биди храбра ке биде повторно не губи надеж...а кој е тој дрзок доктор што во мака не ти помогнал...и јас сум од струмца..да ти биде страв да се разболиш и да имаш потреба од лекар...не па и ваква мака да те снајде и сам да се снаогаш ....најголем дел од докторите треба да се дошколуваат со тоа како да се однесуваат спрема пациентите...
Му кажав на докторот што ми правеше ревизија се зачуди како не ми направил ехо преглед требало и прогестерон инекција да ми стави ама тоа е ништо повеке не може да го врати моето бебе. @delvi еден млад доктор мислам Манџунков се презиваше.
Па за него досега имам слушано само позитивни работи, ам аизгледа сите на почетокот се фини потоа си даваат важност...најбитно е да биде се добро со тебе сега, да зазздрави матката и потоа пак да се обидуваш ...