За 10 дена треба да (не) добијам, па ако и овој пат не бидне, обавезно одиме да проверуваме подетално. И јас си мислев да почнеме со хормони и спермограм. Bebulleee, на какви брисеви мислиш? Сега правев пред три месеци пап, ништо немаше. И на маживе не е дека не им се матка да проверуваат, не е дека не сакаат да придонесат, туку страв им е од резултатот, што ќе покажело, што ако ова, што ако она.
Како што кажа кукла, микробиолошки бриеви. Тиа се 4 брисеви од °Вагина °Цервикс °Брис за уреаплазма, микоплазма и хламидија...
Следниот пат кога ќе одам кај гинекологот обавезно ќе му речам да ми земе брис. Благодарам за одговорите Абер си немам што и како треба, па супер се овие совети.
Не знаев дека толку често се прави лапароскопија. Имам чувство како да навредив што пишав инвазивен метод, што не ми е намерата, ама гледав и читав дека се прават три реза во стомакот, дека е уствари еден вид на операција, а секоја операција за мене е инвазивен метод. Ајде ако имате искуство тука повеќе кажете ми за методот бидејќи се што читав се странски сајтови, па гледав и видеа, така што ќе ми дојде добро подетално инфо од прва рака. Фала.
Во потрага сте по нов дом или сопствено живеалиште? Денес настапува млада месечина во вашата куќа на домот и семејството, носејќи нови почетоци во овој ваш сектор. Можно е да пронајдете место во кое ќе сакате да се вдомите. Бидејќи тука ќе се случи и соларна еклипса, не е исклучена можноста да се израдувате на вест за проширување на семејството денешниот хороскоп, ај нека ми е со леснo
@Momichka Мила во Струмица дали прават хистероскопија знам дека имаш правено ама не знам каде.После ревизија докторот ми рече дека е можно да имам преграда,ама не се гледаше добро на ехо бидејки уште имаше крв во матката,треба да одам на матичен и ако ми каже да ја имам да одам пак на државно,мислам тој ми рече матичната да ми даде упот за кај нив.
Правев на Гак. Ама кога бев да ми ги вадам конците во Струмица, болничарот ме праша кој ми правел и реков на Гак. И ми пребаци дека сум била со врски. Јас од него прв пат слушнав дека и во Струмица имало. Значи имало, ама немам повеке инфо.
Тука сме, ама никоја со коментар...... Немам ни што да кажан за мене, ни чекам кога ќе добијам ни со обиди не се замарам сега... Пијам терапија ее од на зима ќе почнам да ве трујам тука хихихи
babyhope, кажувај како си! Како ти оди заобиколувањето на аптеките? Мислам дека прочитав дека на 3 треба да не добиеш. mici-22, стрпи се, брзо ќе поминат деновите Мене градите ме болат ама секогаш после овулација ме болат по малку. Вчера наутро базалната ми беше 36.9 Омалаксана бев цел ден, умрев. Денес се чувствувам подобро, не сум поспана, немам напади на глад (сега па немам апетит). Уште сум далеку од одбројување, има време за мене. На 11ти треба да не добијам.
Се извинувам тука што ве вознемирувам ама со оваа @Bebulleee мајтап не си играјте. Живи ќе ве изеде и ќе ве изврти така што нема да знаете кај се наоѓате.