На јутуб има и видеа за тоа.Ама незнам каде прочитав дека требало да знаеш како треба инаку било ризично.Ова одамна беше и не се секавам баш добро.
Здраво девојки, веќе некое време ја читам темава и денес реков да си пишам и јас. Три месеци сме во обиди за бебе, ама мојава тетка е точна ко швајцарски саат, не ми дава ни еден тест за бременост да направам. Минатиов месец земав тест за овулација на oview, ми покажа позитивен резултат на четвриот ден од тестирањето, имав и таков белузлав исцедок, типичен за плодни денови, арно ама ништо. . Не се обесхрабрувам, одиме понатаму и сигурна сум дека ќе дојде тој ден кога сите ние што посакуваме две црти ќе ги видиме. Сакав да ве прашам дали може да почнам да ја мерам базалната температура орално со дигитален термометар по завршувањето на менструацијата? Ова го прашувам бидејќи некаде пишува да се почне после завршувањето на менс. а некаде на првиот ден на менс.?
Здраво Јас имам прочитано дека од првиот ден на добивање точно во исто време, и положба уште не станата од кревет треба да ја мериш, обично нели наутро
Лавици да ве прашам за медот со јаткасти плодови што го јадетњ,рука мислам прочитав за тоа,што ставате во медот освен ореви?
Види може ќе звучи чудно, но биди среќна додека добиваш на време, затоа што тоа значи дека и овулацијата горе долу ти е редовна, па можеш да ја пресметаш. Инаку ние со задоцнувања секој месец, па посебно оние како мене со ПЦОС нема шанси точно да ја предвидиме. И ако ти задоцни следнот месец барем ти од прилика би знаела од што етоа, со среќа
Суво грозје, сусам , семки од тиква, сончоглед, кикирики, суви смокви, суви сливи и суви кајсии. Како што се сеќавам, дома ми е рецептот
Јас сум била кај една жена , се наоѓа кај под Кале негде. Беше многу стара , одев за без врска ме излажа и многу пари ми зема . И во Велес сум била само еднаш . Ова сум го правела дур разбрав дека мм има азооспермија, потоа прекинав се. Иначе јас еве 3 ден чекам да дојде вештерката и абер нема . Ме боли стомак ама ја нема.