Женски здраво сакам да прашам нешто па ако некој поминал низ ова нека ми каже,вака имам син 7 ипол год и сега со сопругот се обидуваме за второ секој месец имам редовен циклус проследен со болки во јајници со исклучок на претходниот месец кога добив неосетно и вчера добив без болка но само кога се избришав улошките скоро чисти се мн малку имам,и мн сум збунета
А денес осеќам дека посебен ден ќе биде, некако блесаво се чувствувам по сабајле. Нешто смеа без везе ме фаќа а немам пиено ништо за смирување, ниту се дрогирам...ќе да е до хормониве
Јас вчера бев таква ... цел ден се смеев, а да ме прашаше некој зошто незнам што ке одговорев ај за арно нека е
Значи редовно ако добивав, требаше на 06-ти да добијам, а апликацијава ми пресметува на 22-ри, пошто стално ми касни нели. И сеа истата вика дека од 03-08.09 ми е овулација, па све ми се меша некако од што нејќам да мислам на тоа, и ајт викам опушти се и стварно некако опуштено денес, ама премногу несвојствено за мене.
Односи на тред ден од циклус што не се случило до сега, но како што вели @PePeRuTcHe<3 ај, за арно нека е
Здраво феминки, цело време ве следам и само читам и веке губам и трпение и надеж.. Веке 5 месеци се обидуваме со мм и никако да биде.. вештерката секој месец е тука точна кога треба ни ден покасно.. претходниот месец ми подрани дури 2 дена.. бев и кај матичниот гениколог ми рече ако не биде и овој месец на испитување ке мора.. можеби сум само испаничена ама уште потешко ми е што неможам да зборам со никој на оваа тема (освен со мм) барем маку утреха да најдам.. некој совет од некој..
Биди среќна дека имаш редовен циклус и лесно можиш да одредиш овулација. Мој совет почекај да ти дојди и на 8-10ден оди на гениколог и мерете фоликули.... Со среќаа
Здраво женски како ми сте? Кај мене ново само лошо има, арно ништо не слушнав. Испадна дека имам уреаплазма и овој месец немав овулација - веќе ми е 50ти ден од циклус а немам добиено.. Кај мм на спермограмот беа покачени 7-8 пати леукоцитите значи бактерија некоја, а на спермокултура, уринокултура ништо. Сепак ќе пиеме антибиотици двата, па се надевам дека ќе го подобриме спермограмот.
Фала за поддршката, јас по природа сум преголем паничар и негативно гледам во секоја ситуација, ама овој пат некако сум позитивно насочена. Не смеам да пропаѓам психички барем до новиот спермограм после 2-3 месеци. Ако и тогаш нема пообрување тогаш си одам во специјализирана клиника и пак со позитивна мисла дека се ќе си дојди на место, како кај мене така и кај сите на групава. Ве гушкам
Жени од ова катче, вие сте пример за верба, надеж, трпение... вие сте вистински борци и јунаци! Дај боже во ова катче времето да ви биде кратко и одбројано и успехот да ве одведе на подакуваната цел - трудничкото и мајчинското катче! Еднаш одамна, пред 6 години, и јас бев дел од вакво катче на друг форум. Спонтан, негативни тестови, хормонски терапии... многу солзи, многу надежи... и многу верба! Нека денешниот ден и светителот Фанурија ви ги услиши молитвите! Бог не' гледа, Бог не' слуша, Бог не' искушува... Така не' тестира, така не' јача, така не' доближува до себе! Не се откажувајте, само молете се! Ама не барајте бременост - барајте раѓање. Не барајте полна матка - барајте полни раце со бебенце во нив. И не со сомнеж, страв, неверување, туку со трепет, возбуда, очекување... Тоа за што се спремате - тоа ќе дојде! Нека дојдат многу позитивни тестови, успешни бремености, здрави живи бебенца и среќни нови родители!!
Ајде сега едно прашање, баш дека реков 50ти ден ми е немам добиено. Нешто чудно ми се случи, како некој лигав погуст исцедок со малку крв низ него во шолјата видов сега. За добивање немам некој симптоми, но ставав вагиналети до вчера заради инфекција. Можно е да е нешто од вагиналетите или да си очекувам да добијам во секој момент? На бришење нема ништо ни кафеав исцедок ништо, само тоа беше.
па да не ти е доцна овулација,оти тогаш се јавува лигав исцедок и може да биде со малку крв.Кога беше на гинеколог кога ти кажа дека овој месец не си овулирала?Ако било пред две недели може да почнала после прегледот.