Знае ли некој од овде што би значел овој дел од извештај од хистероскопија: „Се наоде на септум од околу 30 мм, истиот беше ресециран при што се покажаа двата остиуми во еден план. Цервикален канал б.о.“ Сега ги гледам документите што сум ги собрала, па ова болдираното не ми е јасно.
здраво женички ако може мислење на 10ти месецов добив саботата ама не беше обилно воопшто и вчера исто дури на темно цревено -кафеаво ми беше бојата а денес нема ништо само на тоалетната дури се бришам темно кафено?значи само два дена денес нема ништо?ваше мислење
ne i zatoa mi e cudno najcesto tri dena imam obilno i veke cetvrtiot i petiot den mi e taka so temno kafeno boja
Е значи навистина се чукнати докториве. Му велам на докторот каков Мој термин што зборуваш, тој запнал само со закажување се давало крв за хормони. Сега се пренервирав. Знаев дека сум во право, ми немаше логика да ми дава со термин кога третиот ден од циклусот од кај знаеш кога ќе ти е. Уффф ќотек! Ако знаете некој саглам гинеколог во Скопјево што работи со фонд и знаете дека прима пациенти, ве молам да ми кажете.
Ако не сакаш многу филозофирање Лолита Грковска ординација Ложанковски. Фина е многу. За упат не ти ни треба. Сестрите средуваат тоа. Брисеви, пап ок е. За повеќе мислам не.
Женички да ве поздравам само.За жал ништо ново,се понадевав ама си добив,стресови и трчканици за свадба,за убаво е,ама да не грешам душа едвај чекам да помине(може сум изрод)После 4 мес обиди,со неполни 29 год,решив да одам на испитувања-пап,ехо,хормони и брисеви мислам дека ке ми се доволни за почеток.Се мислам за др.Снежана Органџиска кај апче,читав и слушнав пофалби,на приватно се комплет очекувам 8-9000 да ме фати ама за здравје е..Ве читам редовно,нешто стагнира ситуацијата кај сите,така да осеќам дека деновиве некоја ќе израдува
А зошто да плаќаш приватно за се? Ај преглед, ехо ок, битно е докторот да е саглам, ама за хормони не давај пари џабе на приватно. На приватно хормони (основрн пакет) 4600 авицена. Брисеви пакет 2300, пап 800. Кај ти е ехото?!
Мила немам никакво здравствено овде,дојдена сум на 2 месеци и нешто,менувам и лични документи за да би се пријавила во фондот..Во странство имам здравствено ама сакав овде да испитам и ми е полесно да се разберам со наши доктори:/,инаку знам дека е бесмилено да давам толку пари..
Жени а ехо на гради сте правеле ли?Одвреме на време ме пецка нешто во едната града поготово птед менстр.и за време на менстр.еднатс повеке ме боли и ме пецка внатре кај брдавицата.Инаку ми се разликуваат брдавициве не многу ама едната како понабрекната од другат ова одамна го имам забележано од мала ама занемарував,незнам дали е нормално тоа сега триста филмови си правам.И мало во ск клиника за дојки ама 2000скапо ми е.Некаде на друго место приватно а поевтино знаете ли.Сакав вчера и така бев во плодност да го прашам Таше за цена за кај нив ама нели не набрка за една мин и не прашав.
Јас имам правено ехо на гради во Плодност - 2000 е. Исто и на болница имам правено, таму нешто ситно платив не знам точно колку. За друго не знам.