Душо четири месеци само поминале идкога се обидувате не се секирај.А ако веке сте решени за инсеминација никогаш не вели никогаш.Процентот на успешност не многу голем ама еве познавам жена што остана од првата инсеминација.За друга знам со четири мислам беа неуспешни инвитра,па после правеа инсеминација ради реда незнам од која причина и оп успешна.Така да пак ке речам никогаш не вели никогаш .
17 Септември 2010- лапароскопија поради вонматерична бременост- прва годишнина од брак требаше да славиме тој ден. Се пронајдов.... Мора да бидеме силни и трпеливи, Бог е голем, ќе не израдува и нас!
Денеска е недела,јас мислам да ја испратиме што поскоро и од утре само убавини да читкаме мене ми е уште рано,ама од вас чекам II држам среќаааа
Kasnam malku,isto o mm imase takva dijagnoza..tribestan i seksovit med so jatkasti plodovi i mnogu ovosje. Tesni gakji neka ne nosi periodov i ako pusi neka namali malku
Добар ден убави дами се јавувам од спалната соба Завршив со втората доза на Дабростон, чекам менструација друго немам за фалење уште за кратко време..... Кај вас има ли позитивен тест? Имајте убав сончев денн
Добар ден денеска ни е срекен ден годишнина ни е од бракот за недобивање има уште 3 дена .. многу не се надевам не бевме редовни овој месец па можеби и се фатило дај боже... симтоми болни гради и имам некој си кафеав исцедок што значи тоа .. кај вас како е
Јас чекам да добијам за да проверам хормони на трет ден од циклус ама ко за инает нигде ја нема, ќе помини важноста на упатот. Последна менс на 22 јули беше вака не се прави дете. Испиени антибиотици уште некој ден и со вагиналети да завршам и пак во акција, се надевам после исчистена бактерија ќе се подобри и спермограмот. Како сите проблеми кај нас двата да се собрани
Колку што знам важност за упатот на хормони нема . Кај мене никогаш немало дата туку само за каде гласи упатот. Дали пиеше терапија за да ти дојде менструација?
Има дата на 30ти Август ми го напиша докторот и го прашав и него и другар што работи во лабораторијата на болница и двата кажаа дека има 30 дена важност. Терапија не пиев, чекав да добијам, секогаш ми касни ама ова веќе е премногу па изгледа ќе треба да си побарам овие дена
Јас сум немала циклус и над 100 дена и обично ми препишуваа последно примолут нор 2 х1 , 10 дена или 5 зависи колку ми фалело за да пробие . И тогаш сум зимала упат и знам кога ќе добијам и сум одела да испитам хормони. Знам колку е напорно и тешко толку чекања но мораш да се консултираш со доктор за побрзо да добиеш.
Да имам земено примолут нор пред 2-3 години исто ко ме заборај менструацијата, 5 дена ги пиев, а пред 7-8 месеци цикло прогинова 21 ден пиев - исто 2 месеци ми каснеше (демек да пробаме да регулираме ама ништо). Инаку секогаш со 2-3 недели ми касни и то ми е нормално навикната сум, ама сега и тие се надминати..и да овие дена ќе си го посетам гинекологот пак.
Имаш полицистични јајници , извини може си пишала но јас имам навика да препрашувам Пробај стопли си ја половината и стомакот, стапала , избегни го стесот што те држи сега и најверојатно ќе пробие . Можеш и црн чај да се напиеш велат дека помагало го имам дома но не сум пробала.
Да, кажано ми е дека ми се како полицистични или потенцијално полицистични, а не знам дали можи такво нешто - или се или не се? Имам мали фоликули. И да под многу голем стрес сум последниот месец, освен за дијагнозите шо ги добивме и за друга многу тешка работа за мене шо не можам да ја контролирам, ни има начин да го избегнам или намалам стресот. Сигурно има влијание на менструацијата. Плус патував, сменав клима. Фала ти за советот, се ќе пробам
@SophiaBella мора малку стресот да се намали , диши длабоко. Стресот е најголем непријател . Само ќе кажам трпение спасение , за се има лек па и за дијагнозите. Колку сум плачела , во депресија сум била но кога коцките ќе се наместат тогаш ќе дојде и решението па и бебето. Знаеш 2014 каде беше далекуу позади нас , каде што ја дознавме дијагнозата за мм па еве на прагот на пункцијата и трансверот сум ако даде Бог . Само љубов и разбирање те гушкам најсилно
Ајде добро утро на сите, некако чудно се чувствувам неделава, како пред добивање...нервозна гради ме болат некоја остра болка во левиот јајник. А рано ми е според пресметките на апликацијава на 18.10.2016 треба да добијам, а ако ми дојде на 28 дена тоа е датум 08.10.2016 , на што да се верува? Ама како и да е иам за буткање ехееееј...