@bokace да ми ти поможит и не едно туку две јагниња да ми ти врати Среќно утре на пункција. Одмарај и галиси се, научи ги домашните од сега за да набијат темпо- после9 месеци ќе треба да те чуваат П.с Калишта е селото Гушки
@pandelka мило мое девојче Селото е карши Ботун , Злести се вика. Рано тргнаа , мора мм да оди втора смена на работа . Па сега се на пат за назад. Кога можам секогаш одам таму , но оваа година одмарам и ме разгалуваат. За утре полнува веќе желудникот да ми игра од возбуда , седам во соба и слатко си се смеам .
Само смирено и позитивно. Знаеш дека се што треба да помини ќе си помини. Среќно утре и да пишиш како помина. Се ќе е во ред!! Течности пиеш?
Нека ни е на помош денешниот ден. Некој за тест да се пријави!!! Ајде одамна не сме се израдувале на две розеви цртки
За почеток тоа се испитува само кај тебе плус и провека на јајцеводите дали се проодни,и следење на овулација.Колку време се обидувате незнам ама овие испитувања се прават напочеток кога ке почнете со одење на др,па инсеминации се прават ако недај Боже и со следење на овулација и кломифен за овулација ако е потребно не успеете,следи инсеминации,па ако и со тоа не се успее,се прави инвитро.Е другите генетски и трансфузиолошки испитувања се прават ако оди потешко работатс и со инвитро.Долг е патот за некого,се надевам кај вас ке успее природно,и нема да треба ни инсеминација.
за тебе: 1.хормони 2.брисеви 3.фоликулиметрија 4,крвна слика со се скриен шеќер 5,проодност на канали за маж ти: 1. спермограм 2. смермокултура пожелно е и маж ти што побрзо да ги испита овие работи за ако има некој проблем што побрзо да почне со лечење
Здравоо идни мамички ме нема веќе подолг период да напишам но редовно ве читам. Со среќа на сите што си го добија она за кое сонуваа и на сите нас да ни се остварат најголемите желбии !!! Абортирав на 29 фебруари со 2 месеци крварење едвај го сопревме. Докторот ми рече дека после 4 месеци можеме да пробуваме но еве веќе 3 месец нема ништо .... Дали некој има слично исклуство после абортус да не може да остане бремена, пошто колку што знам демек после абортус најлесно се останувало ???
@pandelka пијам течности колку можам , и плус си правам пилешка чорба и тоа си јадам Ќе пишам како сум поминала
Не се откажувај прерано. На сите ни е тешко во такви моменти ама мора да сме силни и да и кажиме на вештерката дека НИЕ можиме... те гушкам
мојот пост ќе биде малку подолг но се надевам од корист.од секогаш сум имала нередовна менструација,често одев на гинеколог и секогаш ми велеа дека ќе ми се среди и дека се ми е во ред.кога почнавме со мажот да се обидуваме за бременост според хормон.анализи ми кажаа дека имам полицистични јајници.со месеци шетав по ендокринологија,по анализи секакви за на крај да ме советува др. од ендокринологија да одам на добар гинеколог дека јас имам проблем и што побрзо започнам процес за инвитро.ми го посочи др.димитров од ремедика.неколку пати бев кај него и неговата терапија беше метформин 500 три пати на ден и дека не разговара со мене за инвитро дека ке останам природно бремена.после година дена терапија тоа се случи еве веќе сум 5 месец.значи лекот за мене беше апчиња од 30 ден. и верба од докторот покрај сите лоши наоди од ендокринологија:ниско ниво Амх,хипофиза,слаб спермограм,полицистични...
Честитки мила за бременоста Јас го сменив докторот и сега чекам дали ќе добијам или не.Доколку добијам треба да почнам со метформин од 850 после ручек,се надевам дека ќе имам брзо посакуваните || линии..... бацки
да ви го кажам и мојот дом.лек кој исто мислам дека многу ми помогна,го конзумирав во март а веќе во мај останав бремена и тие 2 месеци за прв пат добивав на 28 ден. 300 гр подебели листови од растението чувар куќа се мијат и се мелат на блендер.се мешат во тегла со пола кило мед.теглата се мота во алумин.фолија и се става во фрижидер 6 дена.за тие 6 дена смесата 2 пати се меша со пластична или дрвена лажица.се зема 2 пати на ден наутро и навечер по една лажица никако метална,но пола саат по земањето не се јаде и пие ништо. со среќа на сите и уште еден совет ,ќе ви се случи кога најмалку ќе очекувате,затоа опуштено
Мамички во обид, поздрав од мене денес нешто сум во облаци, многу убаво се чувствувам. Кога имам ваков ден мислам дека ништо не е невозможно...се надевам малку да прејде и на вас ова мое еуфорично расположение.
Мило ми е за твојата среќа. Треба секој ден да сме позитивни и насмеани, така сме чекор понапред.... Како што е редот, добар ден од мене и јас сум денес хепи. Цел ден си го поминувам со принцес моја... <3
Zdravo devojki i od mene,ne sum mnogu aktivna tuka no ve citam sekoj den @КаТе<3 продолжи со таквото расположение,кога чекаме нешто никако не поминува времето,на пр кај мене треба денес да ми дојди и од овој месец да почнам со кломифен а денес никаде ја нема,нити симптом ништо...а ме фаќа некоја нервоза уффф... Поздрав девојки...<3