да... а ако е крводарител нека побара само потврда од трансфузиологија, ќе му дадат, не мора на ново да праи. Да споделам само еден совет од постара особа која долги години имала проблем со неплодност. Докторот и препорачал наутро и навечер по 1андол, добро влијаел на функционирањето на јајниците, по 3-4 месеци забременила природно.
Ајде јас да си кажам, бев денес на гинеколог, се е во ред освен моиве јајници, навидум и тие се добри ама малку спори. Од среда почнувам со Дабростон, ако за три месеци не биде одиме на Кломифен и Прегнил. Се размуабетивме со докторица за некоја нејзина пациентка, 7 години лечела неплодност, запушени канали, слаб спермограм, едно неуспешно и едно успешно инвитро, и 6 месеци откако родила останала трудна природно. Не и се верувало на докторкава, а жената сега има две па и на трето ќе одела Така што нема откажување
Ај добро вечер девојки bokace да пише како е! Насмеаните да продолжат да се смеат, а тажните да рашират насмевка, се ќе биде добро верувајте. Јас бев кај докторот денес на ехо да ме гледа. Во десен јајник малечки фоликули, а во лев измери саглам фоликули спремни за некој ден да прснат. Па пак ќе одам да видиме дали прснале Што значи треба да се биде вреден во овој период, од прилика во понеделник треба да ми е овулацијата. Ме смирија овие фоликуливе, баш се секирав. Чекам резултати од брисеви и пап, а мм пие антибиотик за бактеријата и го клукам со разни витамини и корисни работи. Некако си добив надеж (не дека ја немав, ми се засили), позитивна сум, оптимист. Ќе биде, се ќе биде некогаш Само бидете расположени, потрудете се да си бидете смирени, да уживате секој ден во животот, а бебето ќе биде награда за тоа
Девојки , само упорност да не се откажете . Утре ми е трансверот ! Не можам да опишам како се чуствувам , се тресам од возбуда . Имав тежок пат , но се надевам дека ќе се заврши со среќен крај. Ве поздравувам
Господ и тебе да ти помогне , и сите заедно да ја наполниме труднички и мајчински муабети . Од срце ти посакувам на тебе и на сите други што го одат овој пат. Едит: заборавив да те гушнам и бацам *
bokace, ти праќам среќа, позитивна енергија и многу многу baby dust! Ти посакувам крај на тешкиот пат, единствена „мака“ да ти биде неспиењето со бебенце во прегратка Да пишеш како си и после трансверот кога ќе бидеш во можност. Убав ден на сите ви посакувам и не заборавајте да се смеете! Гледајте си некоја комедија, правете она што ве прави среќни, бегајте од негативни луѓе, не се замарајте со глупави коментари и муабети, игнор на се што ви трга насмевка! Животот е убав, а ќе биде уште поубав
Може ли со упат од приватен лекар да се испитуваат хормони на државно (на клиника, поликлиника и сл.)? Имам осигурување па да се искористи барем тоа, се на приватно е многу скапо.
Секако дека може. Бар јас така знам. И јас сум за тоа да се искористи осигурувањето. Секако ни зема државата секој месец, па нека даде сега
Секако дека ќе се заврши со среќен крај! Сите сме со тебе утре и само храбро,со убави мисли,па што побргу во труднички
Само од матичен гинеколог, не од приватен... Ќе ти наплатат приватно, кога испитував димери носев упат од матичен доктор ми наплатија а ако носев од матичен гинеколог немаше да платам. Обавезно упат од матичен гинеколог
Denes drugarka mi dobi dete.milo mi e mnogu za nea.od druga strana se otepav od placenje zatoa sto ne znam dali nekogas ke go pocuvstvuvam istoto.Mi diagnosticiraa policisticni jajnici i znam deka nekogas ke me ceka dolga bitka.Se plasam mnogu.
Немој да си редиш тежина. Школска моја со полицистични е бремена по втор пат. Вториов пат на несакање, а првиот без некоја мака. Уживај и опушти се.