Уште ја нема,ама стомакот многу ме боли...што е, тука е јас можам само да чекам,мојот дел си го сработив
Брисеви, мокрача се е во ред. Одамна вака се немам чувствувано толку среќно, чисто и исполнето со надеж. -Ситно бројам 25 дена ми останаа до следна контрола, ноо сепак имам една ''златна'' резерва и се држам да не летам многу од среќа за да не бидам разочарана потоа... Ете така дами мои имајте убава вечер и многу љубов во вашите спални
Ајде идемо даље, нема откажување! А баш си реков готово. Ај добро утро од мене! Мене грлото сака да ме зеза, ме гребе подмукло и мора да се оди на лекар. Имам и некои "симптоми", но не сакам да ги толкувам така и ги игнорирам. А не дека немам болни гради и сл. Ве поздравувам, имајте убав ден и бидете ми позитивни и насмеани!
Добро Утро Денес и јас не се чувствувам најдобро, изгледа е од времето. Некако како недостиг на енергија и расположение имам, а и малку ме подболува стомакот
Јас денес треба да добијам или утре..Денес базалната температура малку пониска во споредба со претходните, така да само прашање на време е кога ќе добијам
Здраво феминки,денес бев на фоликулометрија па го пуштам извештајот од денес ја прашав док.која големина би требало да се фоликулите за овој ден,па ми рече зависи од организмот како реагира па сабота сум пак односно на 15 ден,
јас бев на фоликулометрија 9ти и 11ти ден од циклус. не ми кажаа колку мм е тој водечкиот фоликул, само на кој јајник е . А инаку на 11тиот ден ми рекоа дека сум пред овулација на левиот јајник а на десниот имав 10мм фоликул-тој што ке пропадне. Убаво ти рекле зависи од организмот, менструација, овулација итн...За мене рекоа 2мм дневно треба да растат и така и ми растел тој водечкиот.
Здраво девојки! со убаво нека е неделава. бидете ми силни и ќе си дочекаме тоа што си сакаме. Јас уште еден ден од менс. и се фрлам на работа. Дај Боже мојов месец да ми ја исполни желбата.
И мене кога ден-два пред датум за добивање ќе ми падне малку температура знам дека ќе дојде. Ама па можеби утре кај тебе ќе скокне пак Докторката ми даде спрејови, бомбони за лижење и оспенче. Ако добијам следната недела, ќе правам проверка на хормони и се надевам дека антибиотиков нема да ми поремети резултати. Нема гајле, така?
Девојки како сте ми? Одамна не сум ве поздравила <3 Се надевам се чистите една по една од групава или по повеќе одеднаш Инаку кај мене ништо ново, ситуацијата иста. Следно ќе правам фоликулометрија на 15ти ден од циклус. Малку ме зачуди зошто не порано, ама не сакав да се правам паметна таму За инсеминации уште не ми спомна. Може некој да ми пише што е постапката после фоликулометрија?
Ако се доволно зрели фолекулите,вечерта или нареден ден зависи колкави се фолекулитеке примиш прегнил или хориомон,исто е,мускулно во бут,па еден ден пауза ништо не правиш,и подле другиот ден инсеминација.Среќно и Господ нека е со вас
Уф фала ти мила, се возбудив сега. Докторот не ми рече инсеминации и си мислев само ќе проверува фоликули и си викам отиде уште еден месец. Сега сум така малце како потресена ама позитивно )
Добро вечер, јас само да ве поздравам и да ви кажам дека постот што го причитав во *,, Спонтан абортус'' од Иванче.... Ми даде многу надеж и волја за понатаму.
Мило ми е што помогнав некому барем со зборови. Како што кажав денес опуштете се, мисли позитивни, верувајте и молете се на Бога зашто е Голем нема да ве остави со празни раце. Никогаш не се откажувајте
Добро утро девојки! убав ден за убави вести, aјде не израдува некоја со две цртки. @0ли ти како си? Мислам дека антибиотикот нема да направи пореметување на резултатот. Тоа се случува ако примаш некоја хормонска терапија. @SophiaBella како е кај тебе?
Чекам Денес четврти ден после последното апче, требаше да добијам досега..А базалната температура денес уште пониска, па најверојатно кај да е ќе дојди