Јас имам, 5ти ден денес ми е, ама под 36 температура да не е премногу ниска се прашвам? Пред да добијам се движеше околу 36,5/6.
Колку шо знам немам ништо ок сум...ќе прашам доктор посекако, ама дo тогаш можи ќе се најди некој да кажи дали е нормално или не
Леле и јас 3 ден главоболки мислев дека мешто до мене е . Инаку мерев темп вчера и денеска 36.7, не знам што би значела толку ниска температура
Имам многу прашања... втор пат сум на темава.. првиот пат неуспешно Малку сум неискусна на темава, на се што е поврзано со бебенце, иако прочитав доста работи и тука па нешто од нешто научив Ова го кажувам затоа што можно е да прашам нешто смешно, нешто глупаво Прво, добив на 19ти минатиот месец, според 14 дена и календар кулминација на овулација ми беше на 3ти овој месец. Е сега, јас имав симптоми како акни, нерасположение и сл, меѓутоа изостана секретот, јас луѓе речиси воопшто немав секрет изминативе две недели Она лигавото кое треба да се растегнува повеќе од еден сантиметар, ми се појави денес..? Не ми е јасно... Она што можам да кажам во периодот на менструација и деновите после тоа бев под огромен стрес, нервоза, анксиозност... со до вчера можам да кажам. Можно ли е да имав закаснета овулација, на 22 дена, а не на 14? Пред два дена пак, во саботата имав силна болка во долниот дел на стомакот(буквално болка како за добивање). Болката ме замисли малку, очекував дури некакво крварење, подранета менструација или нешто друго... кога велам нешто друго мислам на можна бременост .. значи ова е 4ти месец како очекувам да не добијам (силно посакувам) .. последно имавме односи на 2ри и 3ти окт значи околу календарска овулација... и (поради сплет на околности минатава недела) дури синоќа. А денес се појави секретот како за врв на овулација. Што значеше таа болка во саботата? Зошто дури денес обилен секрет, густ и лигав? И најважно.. можно ли е да сум бремена? Извинете за долгиот пост.
ТТ е сосема нормална 36.7. Пред циклус опаѓа и доаѓа до 36 дури и под. Со тек на време се наголемува се додека не настане овулација. Тогаш скока на пр од 36.4 на 37.8. Значи за неколку степени. Послр овулација телото ја одржува таа температура. Ако е настанато зачнувањето температурата се одржува така високо ако не е паѓа. Кога ќе падне до 36.3/4 значи дека истиот или наредниот ден ќе настапи циклусот. Мерењето за овулација има негативна страна зишто тт покажува ден после овулацијата.
Ако си бремена неможе да имаш уште сега симптоми на 22де од циклус.Задоцнета овулација можеби имаш,поготово ако не ти е циклусот на 28 дена.Сестрами остана трудна недела дена пред менструација,а имаше редовни циклуси на 28дена.Чуден е човечкиот ораганизам.Освен ако не си била на следење фолекули на гинеколог,неможеш со сигурност да знаеш кога овулираш.
жал ми е што постот на CocaColla тебе и многу други ве натерал да се чуствувате тажно. Се надевам воопшто да не стигнете до ивф. Уште кристално јасно можам да си доловам задоволството кога ги пуштив документите за ваучер и во моментот кога го добив позитивниот одговор. @AnonimnaDevojka ти посакувам најмногу успех во зачнувањето, што побрзо да се закачи едно мало ембрионче на твојата матка и воопшто да немаш потреба од интервенции како ивф. Ивф не е тешко, не е нешто што човек не може да издржи, но тагата после едно неуспешно ивф или па две, три е нешто ја пепелосува душата. И ти и останатите девојки кои се трудите, извинете ако во некои случаеви ве обесхрабруваме, едноставно мора да се бодриме на некаков начин. Силно посакувам никогаш да не не разберете целосно, како што ние меѓусебно се разбираме
Ќе те направи посреќна ако речев дека кај 90% е успешно? Луѓе без напади и препукувања, сите сме во иста каша, дај боже што побрзо да излеземе. Кажав вистински податок, реална слика... тоа е. Помали очекувања помали разочарувања. Еве и уште нешто, прочитано овде низ форумов, со секое наредно ин витро шансите се поголеми, така да порано или покасно сите ке бидеме родители.
Луѓе дајде бе што е работава нели лето е повеќе сме голи одколку облечени, ама на лето послабо деца се прават бидејќи посебно последните 2 месеци слабо се пофаливме со две црти, никој не ја напушти групава. Ајде зима иде, да се топлиме и галкаме покрај каминче па да сеподичистиме малку многу се собравме се створи гужва Мене ме интересира зошто @kukla21 не не известува ништо до каде е што е нешто да не ни замери или грешам?
Добро јутро драги женички. Времето е прав мамурлак а и јас со него. Тука сум да не ме мислите ве читам само речникот ми е слаб овие денови. Ве гушкам сите, искористете го времето и гушкајте се со саканите. Пооооздраав
Кога ќе се информираш убаво , успехот за инвитро е само 25% Слушни ја др Татјана од Њу Борн кога раскажува за неуспешно инвитро на фактот здравје. Ќе дознаеш дека е мал процентот, и воопшто членката не кажа ништо лошо и не обесхрабува никој
Фала мила , сега за сега супер сум Здравје ќе земам упат од кај матичниот и ќе испитувам тоа што не сум испитала до сега. Имам неколку варианти , но ќе почекаат малку Чекам малку да ми стивнат мислите и со ладна глава да одлучам што понатаму
Мене матичната лекарка ме советуваше да не брзам со испитувања. Баш заради тие 25%, и дека најчесто многу стрес прави да се има неуспешно ивф. Рече дека највеке испитувања препорачуваат по спонтан. Сепак, си давам уште 2-3 месеци со пиво/вино/водење љубов и концерти, па ќе видиме што е следно <3
Добро утро на сите. Тмурно утро ама што да се прави. Вчера почна кафеавко и денес исто, па очекувам утре да добијам саглам. Така барем ќе одам да проверам хормони и ова што се загрижи докторот да не имам полип или преграда. Се мислам да барам и проодност да проверам веднаш. Би ви била благодарна ако ми препорачате каде да правам. Се мислев на клиника, какви се условите? Доктор некој да ми препорачате? Ве поздравувам и ви посакувам ден поубав од мојот
мене матичниот гинеколог ми го препорача Палчевски од систина, кога му реков да ми препорача некој понежно што работи и не згреши
Добро утро и од мене. Како сте ми убавини мои мили...јас само една мала консултација со вас...имав добиено од 5 до 8 месецов, со 2 дена задоцнување и доста пообилно за разлика од претходните месеци, а вчера и завчера имам болки во левиот јајник, дали некој имал слично искуство? Ајде што поскоро две црти да видиме овде нешто се забораивме