И јас да пријавам недобивање утре но некако мислите ми се испомешани де ќе добијам де немасимптомите ми се нагони на п страшен апетит,повремени болки во грбот и таму доле...но тоа е аман веќе ич да не ни помислува да доаѓа и бришка да не нема од тука.сите заедно во труднички да одиме
Срцка јас кога останав бремена, воопшто не ме болеа градите па дај боже и кај тебе да е така. Тек почнаа болките во градите некаде накај 5 недела. А инаку и јас сум пред добивање градите не можам да ги пипнам.
Cestitki do novata trudnica @manako1 so lesno da si ja iznosis bremenosta. Spodeli ni nekoe simptomce
Манако! Честитки, ти посакувам лесна бременост, ај шо убаво Знаев дека и оваа недела ќе биде полна со дупли црти! Ај нека ни се множат
Ужасниов ден ми го развесели Манако. Добив на работа во стресови цела и заработени не сум ни приметила, а носев дневна улошка и цела лом лом. Среќа само жени во канцеларија... Па ми падна едно тешко и плус незгодно па кога почнав да си плачам, колешките се испотресоа, а не знаат низ какви маки поминувам, не сум споделила уште. И еве уште не можам луѓе мои да сфатам зошто ова ми се случува. Сите испитувања во ред, никаков проблем од нигде, редовна менструација, редовна овулација, и не сака и не сака. Еве го 15ти месец веќе. Се одам накај откажување од природно, ама мм е премногу оптимист па секој месец некако ме фаќа и мене неговиот оптимизам и пак се надевам дека ќе биде без интервенции. Како и да е, да не е темава и да ме тешите убавици со позитивни тестови до сега ќе полудев <3
И јас сум тука некаде срцка со тебе само што ние сме 14 месеци со обидување. Ама кога и да е мора да биде јака верба и никако откажување. Само тој што се откажал не успеал мора да биде и точка . A пак кај мене проблемот ако може да го наречам проблем. Јас пред 3 години останав несајки бремена и бев принудена да абортирам и сега замисли еве година и нешто не можам да забременам.... само психа ме мава дека е од абортусот.
Ах драга моја како си поиграл животот со тебе... Никако психа така да ти вели. Имам другарка која два пати абортираше, еднаш доброволно, вториот пат мораше, па еве сега си има здраво право буце. И тоа забремени уште вториот месец од обиди. Ако сите испитувања се во ред и немаш никакви ранички од абортусот не дозволувај така психа да те јаде. Се ќе биде како што треба. И ние ќе си го добиеме заслуженото
Па најверојатно срцка немам зошто од тогаш ама сигурно 10+ пати имам отидено на гин. и на колпоскоп и на 4Д ехо ама нели никој ништо не ми спомнал дека нешто не е во ред. И хормони имам испитано и све. И јас како тебе со редовна менструација и овулација, а не сака и не сака. Абе јас знам оно ке си дојде оно кога ќе си сака не ние кога сакаме. Го чекам тој ден мила.
Тука некаде и ние сме со обиди, некој месец плус од вас.Ајде јаки сме ние, нека помине циклусот и фрлете се на работа, ако имате можност отидете некаде на викенд, опуштете се максимално, и ќе се фати. (ова опуштете се го мразам веќе ама само се наметнува) Кај мене е мм тој што навалува што побрзо да отидеме на инвитро. Не му се чека воопшто, не дека јас сакам ама си давам фора бар до 2 години,поготово сега кога помина лапароскопијата, сакам неколку месеци природно да пробам @manako1 честитки и со лесно. Новите мами да пишете овде , дајте ни идеја нас следните.
Женички, гледате ли зошто не треба да се замарате со другите? Прекрасен пример ни е Манако, добра поука можеме да извлечеме. Еве бремена си еее! За тоа какви се другите, што правеле, што ви зборувале, како ве замарале и слично, ама ич да не се оптеретувате со прост народ, важи? Не се замарајте и вашето ќе си дојде, кај сите ќе си дојде! Кај некои порано, кај некои подоцна, но секако ќе дојде! Ве гушкам сите и без гајле да си бидете, бебенце ќе ве радува! Да не барам сега назад по страниве кои беа другите што чекаат да не добијат оваа недела, сами да се јават, да не прозивам Ве поздравувам и ви посакувам убав ден, видете што е убаво надвор. Насмевка на лице и бркајте си ја својата работа, ослободете се од нерасположението, направете нешто убаво за себе денес.
Морнинг убавици, имајте убав ден. Го испив првото апче ајде нека е за арно.. Браво мило ми е дека се множат нови мешина така и нека продолжи. Времето е ладно дури вчера Битола пропрска снег Затоа уживајте под топла постела со некое филмче, црвено винце, месе..... И после знајте шо треба не треба да ви кажувам Поздрав цурииии
Во животот сум се борела за многу работи. Кога бев дете, се борев за другарки, знаете како е кога си дете, другарството ти е светост. Се борев како другарка. Во тинејџерски години се борев за право на глас, мислиш голем си и рамноправен со возрасните, мислиш неправда е ако не ти се купи се што си замислил, ако те искараат или нешто не ти дозволат. Се борев и за љубов, патиш и страдаш, љубиш и не ти е возвратена, некоја романтичарска замисла имаш за тој по кого се занесуваш. Се борев заљубена. За време на студии се борев за оценки, учев и сакав да бидам најдобра. Се борев со знаење, со жар за наука. Кога се вработив, се борев за подобра позиција во општеството, сакав да бидам успешна, да создавам за себе и за своите идни деца. Се борев со зрелоста, насобраното знаење за кое сум се уште жедна. Кога се омажив, не се борев, и и се препуштив на љубовта, прекрасната љубов за која мечтаев додека бев тинејџер, овојпат заколната дека ќе сакам ако ми е возвратено. Сега се борам и ќе се борам колку што е потребно со сета онаа сила што сум ја имала откако знам за себе, сум акумулирала борбеност и целата сила ќе ја насочам кон остварување на најголемата желба - бебенце. Ма ќе се борам како мајка! Нема откажување, нема препреки на патот како небитни луѓе, силата ја црпам од љубовта и ништо друго. Не дозволувајте да ве расклимка некоја жена на пријател, некоја соседка, некоја браручетка, некој не знам кој. Вие, вашиот сопруг, вашата љубов се најбитни за да дојдете до најнајнајбитното во вашиот живот- прекрасно бебенце што ќе ве и радува и "нервира" додека сте живи. Борете се насмеани, гушнете си го мажето, сетете се дека животот треба да тече додека ја водите оваа борба. Ако ви се плаче, исплачете се. Ако ви помагаат позитивни животни приказни, читајте и релаксирајте се. Се што ви се прави правете, само за свое добро и доброто на вашиот сакан, секој ден правете нешто што ќе ви предизвика насмевка и топлина во душата. А сите ќе нишаме по едно, две, три дечиња. Во тоа сум убедена. Ве гушкам и ви велам: ГЛАВАТА ГОРЕ!