И јас сум од вчера со болки а денес имам зголемен исцедок си осеќам како да имам добиено. Сакам да верувам дека е имплантација дури самата почнувам да вервам дека сум бремена но за жал најверојaтно ќе добијам се на така ми оди работата. Инаку кога прашувате за гинеколог за Битола да ви кажам кој нема , јас одам кај Др.Емилија во медихелп и сум задоволна моја препорака кој сака ќе му дадам број и адреса.
Добар ден добри луѓе. Надвор пукна сонце ама суди Да имав друштво ќе си прошетав негде... Негоо како сте вие? Ќе има позитивни тестови? l l @Valentina888 Секс на екс Едит: Јас сум како под дрога од Кломифенот, нормално е? Се случувало кај вас
Леле немој те молам со вакви информации...80% од жениве на форумот идат кај гинеколог - маж. Јас сум меѓу тие. Искрено сеедно ми е дали маж или жена ме прегледува. Воопшто не ни помислувам дека некој од нив би бил додворувач, на крај памет не ми е. Кој ти гарантира, бтв, во ова „современо општество“ дека баш жена нема да ти се пушти
И јас одам кај маж, и матичниот е маж и во Плодност докторот. Искрено повеќе доверба имам кај нив зошто незнам. Дали дека од почеток заодив така. Можат едниот татко др дедо да ми бидат
Јас пак сум била кај 100 мажи-гинеколози, а кај една жена дури и чудно ми беше ама таа жена ми го заврши успешно инвитрото. Има и успешни мажи и жени, во сите сфери, а дека виделе безброј такви виделе па не се замараат која каква е...
Мојот матичен е маж и др. мажи-гинеколози ме гледале...еднаш ме прегледа жена додуше и никогаш нема да ја заборавам...ми идеше да скокнам од столот и да бегам колку ме болеше, па и со муабетите ме дотепа, ама никогаш нема правило, според мене не е толку битно дали е жена или е маж, битно е да е стручен и посветен на работата, да те сфати сериозно и да ти помогне.
И јас еднаш бев кај жена и НИКОГАШ повеќе.. Не само што премногу ме болеше прегледот туку и ме нарече ''Фабрика за тули'' Мамето незино
Жени една недела сум пред добивање,а имам бел исцедок(густ)кој не е пропратен со мирис или чешање ама ми е гаден и сакам да си ставам вагиналети.Е сеа на нив пишува не се препорачливи за трудници и ми е страв дане сум останала случајно,што би ми препорачеле?
Јас би отишла на лекар, ако не др. ќе види дали ендометриумот е задебелен, може и крвна слика да ти препорача....
Пролактинот ти е висок.А за најточни резултати за пролактин треба предходниот ден да немаш односи,да си наспана минимум осум часа,и да не пешачиш долго пред да ти земат крв сабајлето.
А естрадиолот? Низок не е? Со пролактин досега сум немала проблем прв пат ми е висок. Немав односи, не пешачев ама не спиев баш 8 часа, 6 и пол спиев.
Не ставај додека не си сигурна. Или оди до аптека и земи вагинални кои можат и трудници да ги користат. Друго- јас имам таков исцедок пред добивање
Па за него мислам дека не е страшно,на трет ден ли си од циклус ако си на трет ден значи на граница ти е според табелава.Ми бил и понизок па никој од докториве не изреагирал на него.Ке ти каже доктор најдобро.