Вере, ме изнасмеа Ај здраво на сите! Дожд ама ништо не ни може, позитивна енергија ви праќам еден куп! Сабајле не успеав да ви пишам, летнав надвор. Бев и кај докторот, да видиме дал некое фоликулче пораснало и ме удри шок кога рече дека поминала овулацијата Дека сокрвицата најверојатно значело овулација, а имало случаи да е скриен фоликулот и да не може на ехо да се види Е морам да признам дека за скриен фоликул првпат слушам Ова ако се фатило или некое срамежливо ќе биде или подмукло Ако добијам, ми рече кломифен дека ќе ми даде, минимална доза за да видиме како ќе реагирам. Јас цела исплашена му велам дај нешто докторе да одам тромбофилија, антитела да видам а тој ми се изнасмеа. Вика ти бе бремена ќе останеш, не се замарај. И ај си велам да си почекам ама ме копа бе нешо, мирна само да не седам Иначе некој мирис ми се шири од темава, ќе да прегори за скоро време од позитивни тестови Ве гушкам сите
Важно е дали бевте вредни овие денови... Па кае Господ не е никој...Кога најмалку очекуваш ќе се случи Кога си за НЕ добивање?
А бе бевме вредни ама ич не се надевам дека навистина поминала овулацијата. Не ми е сфатливо да сум имала, гарант сум немала овулација овој месец. А пустава апликација ми покажува дека овулација сум имала петокот, т.е. два дена по ехото. Ни на апликација верувам ни на докторот. Башка секогаш после овулација сум имала повисока температура, над 36.6 а сеа баш ми беше ниска, па малку се покачи последниве три дена Како и да е, бог да чува сум А според апликацијава, треба да не добијам на 10-ти декември (*смајли што паѓа во несвест*)
Леле, читам, читам, викам види ја бре ништо не ми пишала не ме рецка мене. Кога читам Вере, мора да сум тоа јас! хахаха Ова подмукло, многу добар збор! Ахам, така стојат работите тромбофилија, и тоа е добар збор! хаха Денес не ми е добро нешто. Еве Бебуле може да потврди. Оли, а кој ден ти е? Како поминала овулацијата, кога беше последен пат? Кога поминала?
Да пријавам резултати од крвната слика и седиментацијата (сабајлето и нив ги правев, па сега мајка ми ги зема). Како на бебе, ете така! Хемоглобинот 127, колку на внук ми. Пу, јаз‘к! Се е школско, се е како треба (бар до сега), а бебуш уште го нема... Уште сега му спремам тапшање по дупот кога ќе го имам во раце заради оваа неизвесност Бидејќи ми се добри микробиолошките брисеви, хормоните, крвната слика и седиментацијата и пап тестот, планирам да одам за брзо и на проодност (бидејќи претходнонаведените работи се предуслов да се добри за да се прави проодноста). Останува уште утре да ги почекам резултатите од денешното испитување на хормоните. Ако и тие се во ред и ако не дај боже добијам во декември, јануари здравје одам на проодност. *Редактирав за да дообјаснам ;*
Вере, какво нерецкање, што ти е Да не се вреѓаме сеа Пингвин е, веднаш си го замислив во вид на смајли Иначе се пријавувам и јас во подпореметените денес, малку како да не сум добро со паметов.
Бела, се радувам за тебе и ме радува твојата позитивна енергија и надеж што ги имаш! Остани таква плиис и ќе се дружиме во Труднички!!!
Исто му спремам и јас на моето, ќе види што е инат и малтретирање коа ќе го имам Договорив Нова Година со уште два пара со кои се собираме години наназад, ама паревите изминатата година си добија бебиња. Океј се луѓето не коментираат и не прашуваат непотребно. Но мм некако депресивно ми изреагира, као нема да поминеме убаво само ние сме сами Ај па морав и него да го тешам, викам што се секираш ние ќе се опиеме бар на раат, следната можеби со 2 до нас ќе ја дочекаме.