Јас треба во недела да НЕ добијам, а тест здравје од понеделник до среда, зависи колку ќе ми издржат нервите. Ќе ве известам меѓу првите секако!
Леле, знам како се осекаш, јас дури и кога добив дента направив уште еден тест од пуста надеж дека нели се случува и кога имаш добиено првиот месец до два да си бремена, ама нормално си покажа негативно, пфффф, после си се чудев колку сум ненормална... Ама ти нема да добиеш, ќе видиш две цртицки на тестот и ќе скокаш од радост
Здраво девојки, Што има ново кај вас дали некоја има убава вест?Јас денеска направив тест и излезе како и секогаш без промена Негативен.Не знам многу се надевав овој месец дека ќе успеам зашто примав и кломифен за стимулација ама еве не бидна. Тоа не зависи од мене веќе, тоа сепак е Божја волја. Многу тешко ми спадна овој месец немам ниту желба ниту волја за ништо денеска, се уморив од ова борба веќе година и пол поздрав
Не очајувај, туку продолзи да се борис и да успеес! зал ми е , знам дека е теско ама сто мозес, нервозата и не е најдобро ресение! ти посакувам следниот пат да се израдувас
Здраво јас сум нова на форумот. Сакам да и цеститиам на сите мајки со си ги видеа двете цртицки.Мозеби мојот проблем не се спага во оваа тема ама се надевам оти има некој сто ке ми помогне. Во брак сум 2 год пред 5 ипол месеци поцнаве да раб на слуцајот за бебе но нисто. Имам не редовва менстуација и пред некој ден бев на гениколог и ми каза дека видел цисти на јајниците и ми предлози два нацини за да ми ги снема првиот нацин е да пијам апцинја а другиот нацин е да одам на операција. Јас не зивеам во МК. ММ го праса докторот сто е подобро тој каза оти повеке гаранција има операцијата отколку со апцинја бидејки со операцијата ке ги снемало а со апцинја не е сигурен оти ке ги сенма. Па сега сум во дилема ми даде време да размислам до февруари сто ке правам. Дали има некој со ваков проблем ако има нека ми даде совет и нека ми помогне. Голем поздрав и ви благодарам многу
Ја би ти препорачала со операција да го ресис проблемов, незнам во која дрзава си, и јас не сум во мкд, но тука мислам дека навистина докторите знаат сто прават и сигурно ке ти помогнат! се најубаво
Јас зиевам во Австрија. Па докторот каза бидејки до сега не сум имала секогас обулација поради цистите мозно е кога ке ме оперира нагло да ми пукаат фолекулите и да добијам близнацинја или тројка. сега не мозат да ми пукаат фолекулите бидејки цистите ми ги здебелуваат јајниците. Фала ти лори многу
Ништо и од мене овој месец... многу сум тажна,незнам веке што да мислам....дали да земам некои витамини? незнам ве молам феминки мои дајте ми совет
Еци, ќе биде еден ден, не оцајувај, не си единствена, ке се случи чудо и за тебе еден ден, сите чекаме, биди јака, поздрав
Ви испраќам една гушка до сите Да се надеваме дека 2013 ќе ни донесе повеќе среќа Јас сеуште се плашам,иако добив зелено светло од докторката,неможам некако....поминаа плодни денови,и се си велам ај уште овој,ај уште овој месец итн..... Мене баксузните бројки ми се среќни,се надевам оваа 2013 нема да ме издаде
Не сум ве посетила извесно време, за нана сакам да кажам, жал ми е, но нема предавање Животот е борба, за некои повеќе, за некои помалку, ама ти си знаеш, како и сите овде, за што се борите па од тоа црпете си сила. Која и да е сила, Господ, енергија што и да е тоа во универзумов што не движи, ви посакувам да ви ги оствари желбите и да си бидете сите мами
Пиеш ли фолна киселина? Мене матичниот гинеколог ми го препорача. Иако веќе некое време не се фаќа и кај мене, но барем знам дека правам нешто...
Здраво и честитки на сите што си добија 2 цркти,јас сеуште во диелма,вчера направив еден тест ми покажа негативен а веке на 27 ми треба да добијам,дали е лажно негативен или е рано незнам што да правам,можеби не успеало месецов,имав еден спонтан како што ви пишав еднаш,ама таа бременост од прва од еднаш се фати затоа ме фака паника ако ништо не биде,незнам веке ни симптомиве дали се вистнски или халицинирам? И знам дека две недели од зачнување се прави тест ама незнам точно кога било,еднаш на 2ри па 8ми па 15ти ваљда имало плодни денови тогаш........
А градите како ти се или круговите околу брадавиците?,А јас се бев омалаксана и мислев ке кренам температура стомакот ми тежеше,а ти не се разочарувај прицекај го датумот 27 мислам беше и ке знаеш што да направиш,поздрав
Благодарам Silk. Во меѓувреме почнав поздраво да се хранам, го намалив кофеинот а ја зголемив количината на внес на овошје и зеленчук. Секое утро сакам да го започнам со чај наместо кафе, а и помалку благо јадам. Со маж ми заедно сакаме да водиме поздрав живот па се надевам дека ова ќе ни ги оттргне мислите и дека ќе оставиме се да си тече по природен пат. Во право си кратко време помина и веројатно нема причина за страв.....
Го имаше рецептот во оваа тема порано напишано доколку имаш време побарај, мислам дека беше со 1 литар бело три години старо вино шишето се полни третина од ренот а другото се дополнува со вино стои 1 недела а потоа се пие по 1 филџан наутро со пиенје се почнува веднаш откако ке ти заврши сепак не сум сигурна во точните мерки