Мислам дека тоа беша за днк фрагментација.Како што читав тоа се прави и за нормален спермограм кога повеке пати се пушта плодот или не останува жената ни со ивф,а се друго е во ред.М ожело спермата да личи дека е во ред но со днк то да не било,демек днк то на сперматозоидот да не бил способен одкако ке се оплоди јк да продолжи да се развива.
http://plodnost.com.mk/portal/dna-fragmentation-тест-за-прв-пат-во-македонија-нов-ав/ Еве на страната на плодност има објаснето.Сакав и јас да правиме таков тест,ама на консилтациите Тасе се испонаша и се предомислив да не одиме таму
Кај нас во Битола нема, ни во државна ни во Адриалаб еве кажаа феминките.. Има морфологија само во Плодност... Крајна дестинација можи ќе биди Скопје
Off bre mila @bokace ti posakuvam brzo ozdravuvanje tocno taka nema nisto poskapoceno od zdravjeto ...
Морфологија е една од оановите на спермограм. Ми нема логика да нема. Може да е како што кажа @bebaa ама воопшто да нема дури чудно.
Еве ние правевме во Адриалаб во Битола 2 пати и нема морфологија. Јас го прашав уште првиот пат тој на шалтер зошто нема морфологија па не знаеше шо да ми одговори. Исто и во болницата во Битола правевме и таму нема морфологија.
И јас се јавив во Адриалаб преѓе, ја прашувам дали има и морфологија. Ме прашува шо е тоа.. А таму вработена
Резултатите од спермограмите не ги зедов од другата куќа, па ми останаа кај свеки и криво ми е што не можам да видам. Не пишува ли на оној од адриа деформитети на глава, опаш и врат? Оти мислам пишуваше. Овој кај Таше е пософистицран во обработката на ДНА, основното од морфологија мислам го има во секој спермограм....
Значи морфологија само Скопје на државна и во Плодност испитуваат Не знам што да кажам, од една страна во Плодност се многу пари,а од друга страна и времето е пари, па и мрцварење по патишта зимава Ама па ете за ваучер барале спермограм од ГАК. Јас, иако опседната со спермограмот, го правевме во адриа последните пати, за морфологијата не сум обрнала внимание, ја гледав само дијагнозата која беше иста и во адриа и плодност. Последно кога му го покажав тој од адриа на таше, ми рече овој (за адриа) не е точен, оти тој од адриа беше 16 милиони, а кај таше 1 милион. Тој месец останав бремена
Инаку, во Адриалаб и во Скопје нема за морфологијата и многу ме зачуди тоа. А во Авицена има ли морфологија?
Од Авицена имаше мноху фалш резултати неколку пати на форумов. Имаше членка на чиј сопруг извадија азооспермија, за подоцна да се покаже како погрешен Затоа таму ни еднаш не направивме ние.
На ГАК има морфологија и не се чека многу со закажување, па ем поефтино ви е ем подетално, ќе ви сликам подоцна што содржи. Инаку мене ми дојде, без симптом, без ништо... не знам што се уфилмав толку и се надевав овој месец.
Повеќе среќа следен месец... и мене денес вештерката ми тропна на врата.. Негоо, се закажува од матичен гениколог така ? И резултати за колку дена и дали треба лично да се земат или не
Имаше месеци кога многу се надевав, секогаш се надевав, ама некогаш многу, тоа нека не те нервира @CocaColla. Не верувам во оние ситуации и не можам да дадам совет од типот уживајте, кога не се надевате ќе се фати, оти јас се надевав цело време. И кога го добивме првиот лош спермограм и ни рекоја дека сме исклучиво за ин витро, мене ми каснеше и јас се надевав.Не се тоа филмови, тоа е начин да си помогнеш и да се држиш на нозе во борбата на која секако ќе и дојде крајот. П.С Затоа што секој ден ја читам оваа тема (а еве денес ми е последен ден од термин за породување и абер немаме), да кажам и да се олеснам дека ми се од „утехата“ дека вербата и надешта последни умираат. Побогу сите ги имаме, затоа и се бориме во животов. Трпението некогаш издава, ама луѓе сме