Добар ден женчиња Како сте денес? Каков викенд имавте? Јас сум добра(малку нерасположена) на три дена до НЕдобивање. И не знам што да мислам. Месецов така-така. Од клучни, имавме односи со мм на 4-5 дена до овулација, на два дена, на ден после овулација, и на три дена после. (Овулација според календарче) Па не знам дали погодивме или не. Веќе една недела сум плачлива, нервна апетит за арно за убаво, проблеми со столица, опстипација, грчеви, од вчера заоблени чувствителни гради.. и тоа. Меѓутоа скоро сé ова, е и мојот неподнослив пмс. И не се надевам искрено многу, не се ни осеќам некако посебно, а не знам ни како треба? И да не заборавам овој месец ме болеше јајникот ме пецкаше, а обично немам таков проблем. И пред една недела имав како пецкање вагинално, како со нож некој да ме исече.. а пред два-три дена имав болка како за добивање, тиштење во стомакот. Може да ми кажете симптоми на бременост? Еве вие што прогласивте победа со II црти Какви симптоми имавте? На сите ви држам среќа. За Нова година дај боже секоја желба да биде исполнета! Имајте убав ден Бакнежи и прегратки
Ние пишувавме секој ден во плодни, иако со лош спермограм се препорачува преку еден ден, искрено се надевам дека ќе се израдувам месецов, а башка и мм сонувал две црти така да мора да биде ми вели: Знаеш што, сонував две црти, хаха пуста желба.
Здраво и од мене лепотици И јас сум некаде со НЕдобивање како @Вереничка, но и јас мила не знам како се чувствувам.... вчера бев убедена дека ќе добијам, имав гчеви во стомак, нагон за повраќање, опстипација, болни брадавици....ама од друга страна и за пмс ми се истите симптоми....ајде вие со позитивни тестови стварно кажете ни некој симптом, да не лутаме измеѓу редови Ви посакувам на сите убав ден и плодна недела
Ти посакувам среќа и две цртки. Никакви симптоми немав кога дознав дека сум бремена. Немам ни до ден денес - зборувам за типичните: повраќање, гадење, болки во гради (појаки од ПМС) и слично. Вртоглавици јас имам но тоа не е поврзано со бременоста, си ги имав и претходно. Значи единствен симптом ми беше изостанок на циклус. Според ова лично искуство едноставно не можам да им поверувам на тие што уште 10 дена по забременување повраќаат, имаат одбивност кон кафе или некоја храна, па за 1-2 недели веќе и стомак почнува да им расте, па ред други работи кои ги слушнале или прочитале некаде. Можеби да го искусев јас сето ова барем до 12 недела од бременост - ќе им поверував Мислам дека сето ова иде нешто покасно кај најголем број трудници, а кај некои (еве како кај мене) веројатно никогаш. Освен растењето на стомакот секако. Еве почеток на 4 месец почна да ми се познава така малце. Уште еднаш...со среќа и да ни кажеш 2 цртки за некој ден
Здраво и од мене.. Јас сум изгубен случај, 28ми ден од циклус јас досега сум немала овулација, температурата ниска.. Среда одам да видам шо се случва со мене. Искрено не знам шо да превземам за регулирање на циклусите, се дури е лош спермограмот и не проверам проодност на канали, се е залудно, само џабе ќе се полнам со хормони
Добро утро женички! Ви посакувам убав ден, позитивен, бидете насмеани и посреќни од вчера. И така секој ден Симптоми, ах тие симптоми. Тоа што повраќаат и имаат симптоми на бременост, се истите симптоми и за пмс. Познавам жени што повраќале пред секој мензис, едноставно организмот си реагира (или ете не реагира) на некој начин и во случај на бременост и во случај на пмс. Вере, заедно ќе си одбројуваме недобивање оваа недела и дајбоже да не добиеме сите што оваа недела чекаме да не добиеме. Според мојов календар, во сабота треба да не добијам, ама некако како да не му верувам овој месец, што знам чуден ми е месецов со имав-немав овулација. Ги имам вообичаените симптоми за пмс: болки во кичма, во матка како пред добивање, гадливост, сензитивност на мириси, опстипација, гасови, често мокрење, поспаност но само попладне, осетлива, попладне ми се качува температурата и до 37.2, надуеност, машала апетит. Толку ми текнува сега. Но малку ли се? И онака генерално сум бла Единствено што засега го немам овој месец е тоа што не ме болат градите и ова првпат ми се случува, обично ми се осетливи и зголемени. Се трудам да правам нешто за да не ми е умот само во симптомите и да функционирам, да сум ведра и да не легнам во кревет бидејќи нема да станам со денови.
И уште нешто - цело време мислам да го пишам ова и заборавам. Ниту еден ден, ниту во еден момент температурата не ми беше повисока од 36.4. Толку ми е секогаш. Викаат дека се качува и за време на прогестеронска терапија - јас примав пролутекс 3 недели, Утрогестан од кога дознав дека сум бремена до денес. И ова со температурата исто не ми е јасно зашто некои го земаат здраво за готово.
vi posakuvam uspesna pozitivna nedela so mnogu II , wve gi moite simptomi cudni bolki vo zeldunikot,peckanje vo jajnicite kako da mi gorea taka se osekav i isto imav bolki kako da me sece so noz, grcevi ,slabi menstrualni bolki.
Мое искуство со мерење температура. Јас температура почнав да мерам од радозналост откако два циклуси проверував со тест за овулација и мене многу ми помогнаа овие начини да си запознам некои реакции во телото, симптоми на овулација и сл. Кај мене, барем досега, се покажало дека по овулација секогаш ми се крева температурата. Но тоа не значи дека и кај други ќе биде така.
Е кога сме кај температурата не спомнав. Синоќа мерев(знам дека не треба така и затоа не напишав ) пред спиење смирена, 37.4 Треба да добијам во четврток на 15ти. Ама не се потпирам многу на тоа дека не мерев редовно и правилно. Ама сакав да прашам(може ќе биде глупаво ама не знам ) дали ако температурата отиде над 36.6 т.е дојде до 37 значи дека сигурно си имала овулација тој месец. А ако не се покачи од 36.6 значи дека тој месец немаш овулација? Или не мора да значи? Не ми е јасно
Според мене, треба барем неколку месеци (еве 3 на пример) редовно да мериш, па да заклучиш како е кај тебе. Понекогаш температурата зависи од тоа дали во ладно спиеш или топло, дали во исто време секој ден ја мериш, дали си имала сон минимум 3 саати и сл. Овој месец генерално пониска ми беше температурата по добивање, за разлика од летото кога ми беше повисока за 0.1-0.2 Можеби е најдобро да не се замара човек со мерење, што знам што да кажам.
2години без некој месец фала на сите за одговорите ќе почекам ваљда да поминат празниците па потоа ќе видиме што како
Откако го добив позитивниот тест ги утврдив кои беа моите симптоми за бременост. Да не ширам, се исто како за добивање, значи грчевите во стомак се тие, само кај мене беа посилни наутро, како контракција баш, ти се стега стомак неколку секунди боли и пушта. 3 дена ми беше така, па станував, отварав фиока, земав влошка сигурна дека добив и не добив! Второ ми беше голема плава вена на едната града, а градите никогаш не ми беа подрачје на истражување, не си ги сакав, ама венава очи ми истера, па ја видов. Уште тука е, со многу други кои покасно се јавија. Откако веќе 7-8 дена ми каснеше, почна да ми се гади од турско кафе, а јас бев човек кој на работа оди од 8 и 15 за до 8 и 30 да ми биде сварено кафето. Без кафе тешко фукнционирав. Кафе не пиев до 6 месец, а и сега без ќеф го пијам. После кафето следуваше гадење и од друга омилена храна, за на крај, по 10 дена доцнење ради реда да купам тест, зш требаше инсеминација да закажам. Отидов на работа до вц пред да одам на пауза, и на тестот имаше две жар јаки цртки. Дремев шокирана цел ден. Ете тоа беа моите симптоми, накратко, болни гради со изразена вена, гадење од кафе и утрински грчеви во матка.
Прекрасни се овие раскажувања за симптоми, имам чувство дека со блага среќна насмевка ги пишувате. Зрачат редовите
И јас секогаш сакав да ги читам симптомите на другите. Тоа многу ми даваше надеж секој месец имав по некој. Не ми е жал што кога сите симптоми што ќе ги прочитав ги имав и пак не бев бремена, напротив, тоа ме држеше мотивирана и позитивно возбудена секој месец, за на крај да дојде и мојот ред