За проодност на канали е хсг,па добро нека биде машко.Некој што ќе ме опушти и што добро си ја врши работата.Ако имате некое искуство советувајте ме
Не баш. И јас се плашев да не е гадна многу, ама не, а гадлива сум Мириса на прегорен шеќер, на млеко така нешто измешано. Не горчи како што ја опишуваат и е дефинитивно поднослива. Мене ми беше потешко да ја земам дека на работа,ова она, ретко дома се вртев и не можев да воспоставам убав ред, па во прав ја земав само 2-3 месеци, после си ја купив во капсули, полесно ми беше. И тие исто ми делуваа. @hotiie Да купиш тест. Не мора да му кажеш на мт, јас никогаш не му кажував. Убави ти се симптомите
Ми се регулираше циклусот. Тоа ми беше впрочем најголемиот проблем, долгите циклуси и прескокнување на месеци. Со маката добивав на 30-тина дена. За мене тоа успех беше А веројатно и според прегледите кои ги правев сите тие месеци, додека ја пиев маката имав и овулација
Е па со ист проблем сум и јас, предолги циклуси, овулација имам многу закаснета, пред 40 дена ретко добивам некогаш 50, некогаш повеќе. Јајниците ми биле како полицистични. И мене ми е целта да го средам циклусот оти ова е неподносливо. Планирам да земам мака во прав, како ја земаше неа, колку пати на ден и дали за време на менструација се пузира или не? Ако не ти е тешко да ми кажиш, фалаа
3 пати на ден по едно лажиче во чаша вода ја земав. Можело и во други течности, чај, млеко, јогурт, ама не пробав така. Не паузирав за време на менструација и тогаш ја пиев. Не знам дали беше правилно тоа, прашај некој од тие што работат во продавница за здрава храна, во бако имаат еден нутриционист. И мм ја земаше за лош спермограм, ама во капсули. Имаше подобрување. И да знаете влијае на либидото, па повеќе ќе се топлите во кревет зимава
За Л-аргинин имам и јас слушнато ама не земав. Посебно за постарите како мене (повозрасни де) било добро
Стара членка сум јас мила, ова е веќе 16ти месец ). Нема откажување никако одиме понатаму, само ме убива фактот што не знам што е. Сите резултатите во ред, никаков проблем, ама ете Бог не дава сега и тоа тоа. Мм сака да чекаме природно, ама мене веќе не ми се чека, и годините ме газат а здравје боже си сакам уште дечиња не само едно. После празници ќе се спремам за инсеминација сигурно. Каква е твојата приказна?
@Вереничка да не пукниш ме насмеа бе не шалвари ШАТАВАРИ мило,а за години па на пола од вас тука мајка може да ви бидам ете толку имам http://ayurvedabeograd.com/shatavari/ еве ти за ШАЛВАРИ хахаха
Ќе се стаам на природни лекови некое време па ќе видиме понатаму што како... фала ви на сите за одговорите
здраво девојки. вчера бев на генеколог и од втор пат стимулација со кломифен цистата која ми беше 3 см сега има пораснато над 6 см и уште три други колку неа. докторот кажа дека било од хиперстимулација и ми препиша утрогестон за да пукнат. цела сум потечена и имам болки. ве молам за совет ако некоја од вас знае или се нашла во ваква ситуација
иначе на 10 ден ендометриумот ми беше 3 мм а на 16 ден после секојдневно јадење цвекло и ананас беше 12мм
Iskreno planiram da kupam i da ne mu kazam , ako stignam vecerva ke kupam ako ne mi zatvorat ako ne utre od sabale pa zdravje