Да пријавам веденест исцедок веќе неколку дена , градиве ми се тешки , исфрлена сум со некој чудни бубулици по рамења и гради. Иначе имав редевен циклус на 30 дена , значи два пати добив , и од 09.11 навака немам менструција. Си се филмам , колку во муабет да се најдам
Фала Гирлс, сите до една во најскоро време да останете бремени. Бог да ве усреќи! Се надевам дека ќе биде се како што треба во мојата бременост. Ве гушкам сите до една!
Девојки, ме фаќа паника... Имам полицистични јајници и намалено лачење на тироидната жлезда.. За жлездата земам терапија а за јајниците гинекологот ми кажа дека подобро е ништо да не земам се дури немам намера да останам бремена.. Моментално не размислувам за бебе, но почнувам сериозно да се грижам дали кога ќе биде време јас ќе можам да останам бремена и плодот да ми биде здрав..? Ме грижи тоа што и полицистичните јајници и хипотиреоидеата влијаат многу на хормоналниот статус, со тоа и на забременувањето и на разбојот на бебето... познато ми е дека има терапија за хормоните и слично, но сепак не ми се доволно блиски тие работи, а гледам дека голема е веројатноста да ми бидат потребни. Многу ќе ми значи да разменам мислење со некој на форумов со слична ситуација, како и со некоја што веќе го поминала процесот на забременување а има слична здравствена состојба како мојата.. Ми фали поддршка и реална претстава за тоа што ме чека... Важно ми е секое искуство... Фала Ви!
Верувај кога ќе дојде време за бебе , за се има решение Чим сега не размислуваш или не си во план за бебе немаш потреба да размислуваш на тоа и да си правиш стрес на душата. Ако партнерот има здрава сперма, многу е полесно лечењето кај жената со пцос. Сега само примај си терапија за тероидната , а кога ќе дојде време за бебе ќе си се сакаш повеќе со партнерот и нема да размислуваш дали бебето ќе биде во ред ако ти си имала почицистични јајници. Ехее скоро секоја втора жена има такви јајници па роделе живи здрави бебиња и пораснале по два метри
Честитки @Seduction и со лесно Малце ми е безвезе периодов, Нова Година, сите блиски со дечиња па си ги сликаат, од сите слика добив само од мое немам... не покажувам слабост иако тешко е превише, тоа е
Драга @Tatjana95, немој да се грижиш. Сепак тоа што веке се имаш консултирано со гениколот е одлично. Повекето блики околу мене, беа со полицистични јајници, и сите беа свесни за проблемот пред време, и веке имат по две деца. Јас не знаев што е проблемот, и уште се вртеме по болници, и тоа ми отежнува и ми одзима време. Штом веке знаеш каде постои можност за проблем, со соодветна терапија ќе се среди. Сепак иако не планираш дете, оди си на гениколог и продолжи си со основни иситувајња како Пап/ еднаш годишно брисеви... и немој воопшто да се грижиш. Кога ќе дојде време, брзо ќе останеш со сигурност и плодот одлично ќе се развива. Немој да си го оптеретуваш мозокот со темни мисли
Добар ден јуначишта мој Како сте? Има ли уште некоја со позитивен тест.. Денеска сум полна со енергија веќе редно беше... Доста беа нервози Поооздравв
Честитки мила @Seduction , ти посакувам леснотија и прекрасна бременост. @miss-bootylicius,@Acka22 и @Lavica2016 не би можела да кажам ништо што би ви ја намалило болката. Главата горе и борете се лавовски зошто посилно нешто од желбата за бебе нема. Знам дека ќе успеете да најдете сила и да го заборавите овие ужасни денови. Ве гушкам најсилно. Мајка ми прв пат денес се охрабри да ме праша што се случува на тема бебе. Многу пати сум го видела тој прашален поглед ама никогаш не изустила тоа што и лежи на срце. Се почувствував како некој да земал нож и да ми ја расекол утробата. Не знам како успеав да останам ладна и да и кажам дека се е во ред и дека уште се чуваме. Не ми поверува, знам. Ама немам сила да го гледам и нејзиниот поглед полн со болка ако знае колку долго поминувам низ кошмаров. Ова ми се најстрашните година ипол во животов. Волку немоќно никогаш не сум се чувствувала. Ама токму заради тоа што поминуваме низ оваа болка знам дека нашата среќа ќе биде мултиплицира на и ќе бидеме најдобрите мајки во светот. Затоа женски, сите со нови сили во 2017та. Многу бебиња биле зачнати за празници. 2017та е наша година
Ne gledaj taka na toa, moze tvoite decinja kje bidat tolku uspesni pa kje si kazes sto ako nekoj imal povekje decinja i pred mene koga moite vredat zlato i kje te napravat gorda majka sekoj go ceka svojata srekja