Јас изгледа добив Добивам на 33+ денови обично, минатиот пат на 30ти ден кафено малку и си добив убаво на 31ви ден и еве денес 30ти ден си протече кафено па до утре баш ке видиме, баш се надевав некако за месецов Бар не ми даде ич и мала надеж.. бетер ке се разочарав, денес ептен ме изненади..
Девојќи не се базирајте мн. на мерење базална темп. јас месецот кога сум останала бремена 2 дена пробав да ја мерам и баталив, едниот ми покажа 36,5 и другиот ден 36,6 и според тоа како би требало да биде според графиконот беше знак дека не сум бремена, а сум била Така да опуштете се колку што можете, ако треба да биде месецов ќе биде, ако не биде ќе биде нареден. Еве една по една почнува да не снемува од оваа тема, на сите ви стои редот..а сигурна сум дека во најскоро време ќе се префрлите во труднички. Ве гушкам
Добро утро женички, ви посакувам убав и позитивен ден Ништо од мене и овој месец, падна температурата на 36.3 сабајлево. Повеќе среќа си посакувам следниов месец Сега чекам да добијам во сабота, па во понеделник да одам по рецепта за кломифен. Ќе зборувам со докторот и за инсеминација кога веќе кломифен ќе пијам, па ќе видиме.
@0ли мила не со донесувај такви заклучоци, ете и @Seduction ни кажа дека нема врска температурата, и ако спиеш во ладна соба секако дека температурата ќе ти биде ниска, базалната температура ако веќе се одлучиш да ја мериш се мери во оптимални временски услови тоа значи нормална температура во собата до 25 степени. Сакам храбро од тебе и некако негативни мисли
Девојки на сите припаднички на христијанската вероисповед ви посакувам прекрасен празничен ден, нека Јавувањето на Бог ни донесе здравје, среќа, љубов и многу дечиња. Посакувам оваа година Бог сите да не благослови и сите до една во групава да си се пофалиме со позитивен тест. Ве сакам и гушкам
Жени вчера многу малку кафено ми протече и имав болки накај лев јајник и во средина на долен дел на стомакот, се избањав и си реков ах добив и чекав да пробие, но ни к од кафено, ни ц од црвено.. чиста улошка од вчера до сега. Може да било циста да пукнала пред циклус? Зашто обично по циклус ми пукаат ако сум имала, но со провоцирана менструација со апчиња. Или пак ке си добијам, а се мачи да пробие... ? Инаку кога сум добивала одма кафено, па црвено... Требаше на 20/21ви да добијам инаку според мој циклус од 32/33дена. Сега немам болки, немам ништо...
Нема негативност, ќе биде некој нареден пат Температурата си ја познавам многу добро, седум месеци ја мерам и веќе знам секоја промена што значи. Не ја мерам со прекини и секое утро ја проверувам во исто време и спијам во соба со 23°. Се базирам на базалната бидејќи во овие седум месеци точно ми покажала кога ми била овулацијата и точно по 14 дена добивам. Не ме замара мерењето, не ми пречи, не ми влијае негативно, но одличен начин е со кој добивам информација кога и дали сум овулирала и кога ќе добијам. Кај некои можеби базалнава нема врска, но кај мене има Знам дека ќе добијам за два дена и очекувам дека наредниот месец ќе биде мојот месец. Дајбоже да ме изненади базалнава и да се крене пак утре, дајбоже да ме изненади и да скршне од шемата што ми ја покажува седум месеци. --- Кога започнавме да го одиме овој пат, бев спремна дека ќе има неуспешни месеци се до успешниот и си ветив дека ќе бидам со оптимизам и дека само така ќе си помогнам себеси, така ќе се заштитам од разочарувања секој месец кога ќе добијам. Не ми е сеедно кога ќе добијам, но добивањето го сфаќам како почеток на циклус што можеби ќе биде вистинскиот. Ако не биде наредниот, ќе биде тој по него. Не знам кој месец ќе биде мој, но знам дека некој ќе биде мој. Како што знам и дека сите овде ќе имаме свој месец. Мајки ќе бидеме сите
@mariz а може и имплантациско крварење си имала Направи тест од понеделник или порано, мислам дека не е рано.
Јас на рапорт... Ендометриум 10мм Фоликул 18мм нема мрднато, сепак ставив инексија. Сега со Господ напред
Nemora da znaci deka ke dobies, Mene tri dena mi tecese kafeavo I toa 10dena pred ciklus pa ete seuste nemam dobieno, mi docni 9 dena.Inaku I jas nemav nekoi bolki kako za dobivanje,obicno pred da dobijam nemozam da funkcioniram ,zanikade sum ama Sega nisto od toa. I seuste si cekam moze ke dobijam moze ne
@babyhope @EmilijaEmilija дај боже да е нешто такво. Ептен беше малку кафено, ме сечеше болка некоја оштра.. не беше лигаво баш како кафено светло само, до сега вака не сум имала. Денес 31ви ден од циклус, па ке видиме што е.. или ке добивам или не уште немам ништо сега..
Мојата другарка кога остана бремена на денот на добивање имаше кафено и после ништо, чекаше 10 дена и тап позитивен тест
Некако изгубена ми е надежта, повеќе мислам дека ке добивам отколку дека е тоа, зашто вака со првото не ми беше, тогаш ни капка не ми протече... До душа беше лето 40 степени, бев на одмор пред да ми доцни, може од водата и мн бањање не сум приметила, а протекло.. Имам еден тест си стои чекам да доцни, ако доцни ке го направам
Да но секој пат е различно имплатациско настанува ако при вгнездување ти пукне крвен сад, што немора да значи дека треба да пукне, но овој пат можно е да се работи за тоа, ајде стискаме палци
Срцки мои добар ден Да ве гушнам прво ох Прво вас да ми кажам, па после ќе им се придружам на трудничките Бев да проверам бета и хцг е 776.91 . Што мислите? Се консултирав со некои срцки дека е во ред, но сепак, таква сум јас, исплашена сум малку и возбудена но сметам дека ми е дозволено Само сакав да ве известам, тоа е само резултат здравје кога ќе одам на доктор деновиве ќе ви кажам што ми рекле. Измешани ми се чувствата, исплашена, радосна, среќна, возбудена! Ви го посакувам истото на сите овде, од ! Фала му на Господ, фала ви вас на секој пост, секоја смешка и секоја поддршка. Убав ден и ве бакнувам многу
Супер е, некаде 4+ недели бремена си на секои 72ч треба да се дуплира мислам, така да задутре направи уште еднаш за да не се плашиш и да немаш стресови. Еве ова најдов на нет.. За брзо да слушнеш и срценце и со лесно да си го износиш
За отстанување на септум, хистероскопија. Јас правев полани, лапароскопија и хистероскопија на ГАК. Ми отстанија септум на матката, забележан на проодност на канали. Те примат првиот ден во болница, спиеш, утредента е самиот зафат под целосна анестезија, и наредниот ден си одиш. Значи за 2 ноќи на ГАК, и самиот зафат платив 1.800 денари. Сепак треба да се чека. Бидејќи е на државно, треба на време да одиш и да чекаш да те викнат. Или да факаш врски за стигнеш побрзо. Јас бев од тие со врските. Друга опција ти се приватните клиники. Кај нив е побрзо. + многу по скапо. Мислам дека ~ 500 евра. Кога се работи за септум, убаво е да биде отстанет пред време. Може да предизвика спонтан. Не е страшно воопшто. И мене ми беше првиот хирургшки зафат, и прва анестезија и прва инфузија. Сепак поминав одлично.