Добар Ви ден женски.Лигаво време не дека е добар ама ај. Некоја поплаки,убави весто нешто? Јас имам некои симптомчиња ама не сакам секој ден да ја трујам темава со исто..Во вторник една Бета па ќе напишам овде "на рапорт" .
Јас очекувам овулација за два-три дена, имам ленти купено еден куп, па ќе тестирам и по двапати дневно ако треба. Толку, никакви други оптеретувања за месецов, зашто секогаш кога премногу се надевам не излегува ништо. Имам и некои други обврски, па да се надевам дека ќе ми го одвлекуваат вниманието до 20-21.02 - датум за не-добивање. Инаку вртоглавиците не ми биле од смоквите, туку изгледа нешто од вратот. Ми се вкочанил вратот внатрешно и тоа предизвикувало вртоглавици веројатно. Ми рекоа да правам вежби за врат, па ублажи малку ама уште ми се свртува на моменти и ме вади од такт.
Kaj ste be milicki Radna akcija a? Zatoa ve nema li , abe da dade gospod da vrodi so plod mesecov Samo da ve Pozdravam i da vi posakam prijaten vikend #vikend lover
Јас направив не еден тест него два,неможев да додржам до вторник за Бета да извадам,ама двата - . Се тешам као порано ги направив :14ти ден од однос.Малку безвезе се осетив,ама ајде..ама јајнициве де лев де десен не престануваат затоа побрзав..
Исто и јас вчера де стомак ме боли градиве зголемени отечени и болни како никогаш до сега , вчера утрото ми се лошеше веќе почнав да си умислувам дека сум бремена и сношти не можев да издржам исто на 14 ден направив тест резултатот- негативен. А плус на сето тоа денес имав малку крв како исцедок и изгледа ќе добијам а градите уште ме болат.Знам дека е рано три месеци пробуваме за бебе и секој пат е истото, ама сега бев скоро сигурна дека е тоа тоа ама ништо ,премногу сум разочарана цело утро плачам и се нервирам. Стејси те читав за температурата мене ми беше 37.1 цела недела ,а сабајле падна 36.4 и знаев и видов кога станав, почекај уште два дена барем па повтори го тестот ти пуштам среќа
Фала ти,ама и јас некако као на резерва сум сега после двата теста..Останува најтешлата работа,трпение сега...И јас сум безврска..Се надевам дека температурата ти погрешила,и навивам да не ти дојде,едноставно кратка посета нека има и нека си оди..Па пиши,што како..
Девојки Јас сум добра , треба да добијам деновиве. Добив на 6.01 , се надевам дека нема да ме прескокне вештеркава. Иначе на мм му купив олиговит апчиња ( витамини) и Боров сируп ( мед , матучен млеч , полен и прополис) Па здравје планираме да направи нов спермограм , јас искрено верувам во чуда . Ако ја напуни чашката , дека ќе биде друга дијагноза. Почнав и со диета , помалку 1 кг. Кога му спомнав на мм спермограм ја смени фацата , но се согласи. Негов најголем проблем е дека има механички проблем и не може да се испразни кога доага време за спермограм. Сега се мислам кој други апчиња да ги земам за него . За мене ќе земам мака и жен-шен, Ги меркам и влошките од тианде за двајцата , препорачуваат секојдневните да се носат минимум 10 дена по циклус. И тоа , убав неделен ден јас ќе се спремам за на работа.
TianDe и јас ги меркам, планирам од тие 24 часовните да земам. А за маж ти, според она што го читав по други форуми јас БиоАстин би зела.
Девојки за сите што мислите дека ви недостасува некој витамин и тоа ви е причината што недоаѓа до оплодување мој совет е да си пиете премама таму ги има сите витамини потребни за зачнување и за понатаму во бременост.После три четири месеци користење организмот ќе си ги надополни витамините. Јас ги пијам еве веќе три медеци супер се имунитетот ми е одличен па се надеваме и на бебуш
Нема врска витамините,колку витамини примаме со мм секојдневно тоа едно чудо јас скоро 1 година ја немам прекинатп фолната киселина. Јас не треба да добијам околу 15 ти, мене ми доаѓа на 26 дена,немам некоја верба и надеж дека ќе биде нешто бидејки во плодните денови имавме само 3 пати односи.
Па не се малку 3пати во плодните денови Сперматозоидите преживуваат неколку дена така да има надеж секогаш
Мене ми има кажано генекологот дека селенот е клучен за зачнување и дека доколку на еден од партнерите му недостасува селен неможе да дојде до зачнување
Добро утро женички како сте? Јас сум добро утрово ја добив конечно вештерката до последно се надевав дека има нешто ама тоа продолжуваме со нови сили до новин победи.Ве поздравувам сите и ви пуштам среќа да си видите две цртички. Туку кажете ми за селенот како да го најдам таблети шумливи или како ?
Бразилскиот орев е перфектен, и тоа баш е богат извор на селен. Пребарајте на нет, ќе се уверите Само еден орев на ден е доволно. Сто грама е околу 100-120 денари, а ќе ви трае две недели ако јадете по еден на ден и вие и мажот. Јас ставам во смутито што го пиеме сабајле. Некој спомна погоре мака. Маката се консумира заедно со какао, какаото трипати го зголемува нејзиното дејството. Јас купувам мака во прав и зрна какао, па ставам рамно лажиче мака и едно зрно какао во смути.
@0ли точно дека бразилскиот орев содржи селен но не е препорачлив за О и А крвна група. Барем така имам прочитано @soledad јас пијам селен од свансон. Шумливи НЕ барем јас никогаш не би користела
Што знам, никогаш не сум верувала во исхрана по крвни групи. Инаку, и јас не пијам шумливи, ептен сум против нив.
Женички здравоо, нека ни е со среќа на сите, нека има што повеќе мешиња овој месец. Јас пак со мојот проблем, овај месец активни за бебебце секој ден, рано ми е за менструација имам уште девет дена а вчера прокрварев малку неколку капки, денеска пак исто, имам слаби менструални болки што може да биде ова? А имам нередовна менструација, ми каснела ама никогаш не ми подранувала..