Редовно ве следам сите во оваа тема,иако не сум дел од вас сепак на сите ви посакувам две цртички. Кај мене беше така кога останав бремена.Значи моите менструации се нередовни на 33-34 ден,порано никогаш.Месецот кога останав бремена на 21от ден од последната мен.имав малку како крв и два дена кафеаво.Ми беше чудно бидејќи е прерано за менструација и се испостави дека е инплантациско.Со среќа!
То благодарам, несакам да се разочарувам пак, ќе чекам рано ми е за менструација, се надевам на убаво нешто
@Вереничка да се јави како е не сум ја читнала одамна @0ли лавице ти држам среќа за фоликулчињата да искочат двајца немирковци Поздрав и до останато друштво..јас ќе кулирам овие две недели во Битола сум..поздеав и до сите Битолчанки идни мајки
на сите што сакаш да им одговориш ќе кликнеш цитат и потоа лево кај што пишуваш има опција вметни цитат ќе кликнеш, па потоа на цитирај ги овие пораки и толку @Valentina888 со среќа
Одмори се убаво и на Широк сокак напиј се кафе место мене Ја сакам Битола, а особено некои бутици ми се драги Фалаааа Ај добро утро, убав ден да си имате, бидете ми позитивни!
Добро утро девојки како сме денес? Од сношти почнав со Кломифен јас и одиме со нови силии повторно.. @Lavica2016 Ајде на кафе
Ало? Се слушаме? Се јавувам.... @Lavica2016 Еве ме мене, тука сум ве читам секој ден, но ете не сум имала ништо паметно да кажам И сега не знам дали да пишам нешто, некои тука ќе ме караат @Bebulleee @0ли Добра сум, не знам која колку е запознаена. Навидум се е во ред. Но во четвртокот кога бев на втор преглед д-р ми рече дека не сум 7ма недела(тој ден влегував) по последна менструација туку по ехо покажува дека сум 6та и 1 ден. но малку ми прозвучи како поназад е бебето за 6 дена. После ми објасни дека тоа значи дека најверојатно покасно сум зачнала, што и речиси сум сигурна дека е така. Но тоа што ме загрижи е што измери 4.2мм а со една членка пишував и ми кажа дека во 7ма и 2 дена, или 6та и 5 дена(по ехо) и бил ембрионот 8.5мм. Тоа ми беше далеку од моето и уште толку се загрижив. После проверував, излезе дека е во ред, но секаде различни вредности покажуваше. Звучам глупаво, и претерувам знам, но прв пат ми е емотивна сум премногу, паничар во движење и тоа е тоа. Инаку слушнавме и срценце И после си барам симптоми, ми фалат па имам па немам, и така. Одвај чекам да одам на следен преглед, и да престанам да се грижам и да почнам да уживам. Борбата трае... и секогаш ќе трае. Не завршува со II Тешко е, хормони, навистина друго стање, но што се однесува до мене, секој ден нека ми е лошо, само да знам дека тоа е добро! Ве читам сите, ви пуштам среќа, ве чекам во труднички, ве гушкам и бакнувам!
Алооо Вереее, слабо се слушаме. Вероватно е до мрежата.. или загадениот воздух во Скопје.! Мило ми е што мислиш на нас и ни пишуваш вака често често.. Што се подразбира од лошење, допрва ќе ти биди и без галје... А тоа со неделите и милиметри ич да не те загрижува колку е, се додека докторот вели СЕ Е ВО РЕД. Не се споредувај со никоја, НЕМА две исти.. Поздрав и повторно да не посетиш
Вере Те слушам, ние со загадениов воздух подобро се слушаме меѓу себе, навикнати сме на пречкиве во линија. Овие во Битола не се толку загадени и не знаат како е. Важно е доктор ако ти каже дека е се' во ред, да го послушаш и да не се секираш. Невозможно е да не мислиш, сепак се работи за најбитното нешто во твојот живот, но со некоја занимација мами си го умот. Гали си меше и кулирај. Ве гушкам двајцата Јавувај ни се и чувај ни место таму, кај да е ќе дојде една поголема група натаму
Здраво девојки, ве читам редовно, но никако да ви се приклучам еве дури денес викам ај доста ми беше само читање дај да се приклучам Јас пред една година имав бременост за жал неуспешна бидејќи во 7ма недела немаше срцева реакција После киретажата ми се направија чоколадни цисти, односно сега сум со ендометриоза и на двата јајника и до сега еве не бива бременост... Ми препорачаа да правам лапероскопија,но давам фора уште некој месец па доколку не можам да забременам ќе морам лапероскопија. А овие денови не знам дали ми е од психичка прилина или нешто друго но имам благи вртоглавици на моменти и жештини, вака прв месец ми се случува дали некоја има совет некој за мене, како и да е подршката пред се е најважна. Ве гушкам сите и ве подржувам, јаки сме ние жените ќе излезе еден ден човек и од НАС Заборавив да кажам дека овој месец пиев кломифен за стимулација ама на мм му го дадоа без рецепт, може требало да се консултирам со гинеколог прво, баш денес ќе одам имам закажано па ќе видам што ќе ми каже за кломифен и ендометриоза.
Добредојде и ти посакувам што побрзо да си останеш бремена и да им се придружиш во Труднички Жештини ме фаќаат мене по овулацијата, наизменично де ми студи де ми е жешко и се препотувам. За другото немам искуство.
Фала ти @Оли дај Боже сите да се истребат од оваа тема Епа можно и кај мене да е од тоа сигурно, фала ти
Честитки...и јас мојот кај и да ке го искористам ..па може и заедно да тераме процедура и да се советуваме.. па на крај да си завршиме со бебуш во стомакот.... Јас денес одам на консултации да видам што ке ми каже Органџиски од кога да се почне со терапија...ти кај кого ке го правиш ин витрото...поздрав
@Valentina888 честитки милаа!! И тебе и на @delvi ви посакувам најлесна постапка и по два бебуши во рака. Само смирено, позитивно, со верба и со Господ напред