Честитки и со лесно Не ја знам твојата историја....имавте конкретен проблем? Природно остана бремена?
Не ја знаеш ни ти ни јас ниту било кој,бидејки ја нема напишано Честитки за членката и со лесно да и мине бременоста. Мегутоа упагаш на ова тема (прочитај наслов) со еден пост во кој кажуваш дека си бремена хххммм. Без пред тоа да напишеш било што за себе,колку,како,од кога, едноставно ЗДРАВО да пишеш......не знам ама некако ваква ми е реакцијата . Лоша сум бе и што сега П.С @babyhope извини што ти упаднав на постhug:
Овде може да пишуваат само членки кои се на темата? Дајте жени покажете малку емпатија. Наместо да се бодрите/подржувате една со друга вие скокате на секој позитивен тест од ,,непозната ,, членка. Впрочем девојката убаво си напиша колку време се обидувале. Ако некој не пишува не значи дека не ве чита и не сочуствува со вас.
Јас прашав дали имале конкретен проблем, чисто да пише девојката можеби го имаме истиот, па да влее доза надеж, затоа и прашав дали останала природно. Мило ми е за секој позитивен тест и камо среќа сите да пишат дека забремениле
@babyhope не се однесуваше постот на тебе. Ништо лично. Ова го забележувам често. Не само сега за оваа феминка. Па и да сака човек да пише нешто повеќе ќе му се одмили.
Очигледно е за мене ова горе напишаново. Зошто некој само да чита цело време,а не пишува ништо кога сите овде се АНОНИМНИ.И не гледам причина зошто на некого би му се одмилило да напише нешто повеке ако сака се разбира. Ова навистина не го разбирам Ова е многу осетлива тема и не е прв пат да има вакво нешто,до сега молчев ама ете имам право да напишам каква беше мојата реакција на овој пост. Да се разбереме мило ми е секогаш кога ке прочитам дека некоја останала бремена,исто и за оваа членка. Никој на никого не скока овде,ке беше се ок ако напишеше нешто повеке освен тоа дека една година се обидувале. На прашањето на babyhope не гледам одговор. Зошто? Толку е тешко е да се напише уште еден,два,три поста,може со нејзината приказна ке помогне на некој,можеби пиела нешто што до сега никој не го користел. И на крај не сакам никој да сочувствува со мене.
@Valentina888 затоа што сите не сме исти-ете затоа. Секој кој ќе ја доживее оваа среќа после еден период му доаѓа да вика на глас дека успеал. Па и да пише во темата. Темата не е ничија. Секој има право да напише што му лежи на душа,кога сака. Баш затоа што е осетлива треба да бидеме толерантни. Зајадлив беше твојот коментар дека ти се чини оти феминката напишала за да ве провоцира. Не е на место. И не само кон оваа девојка, туку кон сите кои не пишуваат, а доаѓаат да се пофалат после успешната борба. Темата едно време беше позитивна, полна со подршка и бодрење.
Девојки за понеделник закажав лапероскопија, отстранување на ендометриозните цисти уф многу ми е страв ипак операција е, и здравје после тоа докторот рече дека веќе вториот месец после операцијата ќе може да се планира бременост. Имала ли некоја девојка слично вакво искуство да ме утеши малце? P.S. Ајде ајде тука шириме само позитивни вибрации, нема простор за расправање за глупости
Мила баш затоа што не сме сите исти и секој може да пише што му лега на душа затоа и пишав тоа што пишав. Темата е сеуште позитивна,полна со подршка и бодрење hug: Ти посакувам убав ден
@Sparkles27 еве ќе те утешам јас. Пред две години правев лапараскопија,поголем ми беше стравот кога ме викнаа за операција и моментот до анастезија.Не е ништо страшно,се преживува.Последица негативна е што на промена на време топло ладно ме наболуваат мускулчињата каде што биле дупчињата од лапароскопијата.Другото е се во плус и сепак го правиш тоа за да ја оствариш најголемата желба.
Еве добронамерен совет од мене, како јас би постапила, а кој како сака нека ме сфати. Ако одлучам да дојдам на тема со наслов "Поддршка за сите оние што сакаат да забременат" да се пофалам со најпрекрасната вест и искрено посакувам секој да ја доживее таа радост, ќе ја раскажам мојата приказна, ќе ја споделам "тајната" на мојот успех, што сме направиле тој месец поразлично од дотогаш, ќе дадам некој совет, убав збор, токму сум некој што се помачил за да дојде до бебенце и ќе знам колкава е желбата и колкава сила е потребна да се издржи. Некој ќе се пронајде во мојата приказна и ќе му влеам надеж, ќе дадам поддршка, навистина ќе внесам позитивна енергија на темава, ќе ги израдувам сите. Сите сакаме приказни со среќен крај, а особено на тема - бебе. Оваа тема е прекрасна, чувствителна до коска, се поддржуваме и се бодриме, даваме одговор на прашања од искуство, разрешуваме дилеми. Овде учиме нешто повеќе за целиов процес и токму затоа личните приказни се важни, можеби истото ќе успее и кај друг што се бори пет месеци, година, три години итн. Дајбоже што побрзо да се израдуваме сите!
Спарклс, биди со мисла дека со ова ќе се реши проблемот и дека си чекор поблиску до целта. Се ќе се издржи што ќе дојде на патот, ќе бидеш добро!
Честитки за двете членки,Ви пoсакувам школска бременост.Околу дискусијата-не е прва ваква,но се надевам ќе е последна.Темава не е воопшто од затворен круг,и има поддршка и енергија,некогаш негативна,некогаш позитивна,како и општо животното секојдневие,но секогаш,ама баш секогаш кога не некоја и е тешко има барем една виртуелно да ја гушне и да пише збор два-тврдам дека помага,затоа што се работи за конкретна "мака" што сите не спојува.За да нема забуни понатака,предлагам(ако нема)да се отвори нова тема пр.'Бремена сум' па таму нека се пишуваат убавите новости и честиткиPeace
Мојата следна борба се ште не е почната...Првиот пат успеав уште вториот месец...сега чекам уште еден брис за кандида па дозвола од матичната.6 месеци поминаа од киретажа. Малку повеќе сум под стрес овој период,ќе почекам да се олабавам малку. Девојки не си ја трошете енергијата во расправии