Па обично ми трае по пет дена до една недела, а ова ми беше три дена со каде каде помалце крв од вообичаената менструација, на моменти кафеаво па розево па чиста крв.. не ми паѓаше на памет дека може да сум бремена ама ова со грчевите некако ми го врти паметот
Исто, само кај нас во кујна првата фиока бидејќи цел шанк е зафатен со милион теглички со јаткасти и немам фиоки во вц Мене во сок ми е грозно, некако ептен на земја ми мава, па во салата со овие другиве не се осеќа, плус оцет од диви јаболка, па по една лажица маслиново и масло од семки од тиква кога ќе ставам, па и некоја семка од тиква - дури и прекрасно ми е и се давам од убавини Пробај, мислам дека би ти се допаднало. Јас не знам мм како понекогаш пиеше сок од цвекло, моркови, портокал, лимон и ЦЕЛЕР И потоа на километри бегав од него поради смрдеата на целер и му беше забрането да ждрига во иста просторија со мене Да сте здрави и живи сите, ме пресмеавте!
Види, чудно е што било 9 дена порано, малтене се поклопува со имплантација, со тоа што мене имплантациско ми траеше 4 дена ама мн, мн малку крв, т.е темно кафен накај розев исцедок само насабајле, и после цел ден ништо. Е сега, неретко се случува крварење или spotting во рана бременост, па да не било нешто такво... Моја препорака, уште утре да си направиш еден тест и мирна глава. Втора опција, не сакам ни да спомнувам, ама ајде еве како информација, може да се случи жена да „добие“, а да е трудна, ама тоа секако не чини зашто може да е само некоја вонматерична. Не знам дали добро објаснив...
Јас во сок го мешам со лимон, портокал, цитрон, нешто што маскира и затварам нос додека пијам - не осеќам скоро ништо. Така ги пијам и спирулината и житната трева Edit: Не му давам да ждрига во иста соба бе, хахаха
Види сега глупаво прашање.. може ли тоа со вонматеричната бременост да е генетско? Мајками била така..
Внимателни бидете со цитронот, зезнува железо. И го намалува дејството на некои лекови, меѓу кои и тие за висок притисок, антидепресиви и сл. Ве молам прочитајте за ова. Пред неколку години секој ден цеден сок од цитрон ставав во сок и ми го урна железото, а демек за здравје го консумирав. Во разговор со другарка нутриционист, ми рече да го исфрлам цитронот и после ми се среди железото. Бебуф, утре тестче и да не израдуваш со две цртки!
Утре од кревет во аптека. Исто и бело прање имам многу. Еден момент ми се јаде секој пола саат, еден момент ич немам апетит. Ај со Господ напред ☺ ќе видиме..
Draga za endometrium ne sum strucna..no jas mesecot koga ostanav bremena imav 27mm folikul sto doktkrot mislese deka ke se pretvori vo cista no ne bese taka...fakticki dva dena otkako vidovme deka bila 27 mm sum ostanala bremena...srekno
Можда тупам со прашања ама ме занима... После колку време неуспешни обиди отидовте на ин-витро. Прашувам пошто често читам после 5,6,7... години обидување . Што е причината што се чека толку?
Таман работа. Фондот за ваучер бара две години брак и обидување. Приватните и помалку. По некоја логика мене вака ми викале, 6 месеци без ништо обиди. После 6 месеци основни испитувања - хормони, спермограм и сл и следење фоликули. Ако до 1 година не бидне ништоо тогаш се прави ХСГ и циклуси со стимулации, па инсеминации. Таман до две години ако недај боже не биде ништо си поднесуваш во фонд за ваучер и почнуваш со ин витро постапка. Ова нормално зависи и од годините на жената, сигурно може да се убрза.
@Sparkles27 Имав циста една,која растеше и ситгна до кај 6цм. меѓувреме за време на операцијата ми отктија и миом од задниот дел на матката каде што неможел да се види на гинеколошки преглед,скриен позади бил.За среќа се е ок сега,ендометриозна циста пак не ми се појавила,сега си имам мака со многу цистички на јајниците(полицистични)ама веќе неможам да се замарам ако биде по природно нека биде.Ќе те средат и нема да ти се појават пак,обично се повторувале чоколадните..барем така ми кажувале и читала. Ајде со лесно ќе биде..Кога си на операција?
Да пријавам....селен,витамин Е,Ц 1000,прополис,мед,мака прав,шатавари,смокви во маслиново,бетаимуне,Б6,каму каму,мед и ѓумбир,лактогин таблетки,сигурно нешто сум заборавила
Дали забележувате дека најголемиот број на успешни бремености бил кај оние кој што креваат раце веќе од мачење,стресови,прегледи,оние кои што ете се спремаат за ин витро и оп.Точно дека Господ не заборава никоја,и верувам дека само ни покажува да видиме колку сме силни и издржливи...Животот ни го дава тестот па после прашањата за жал,не остава во милион прашалници,но верувам дека никого не заборава... П.С.Метлата кога прочитав дека има камбек на темата метла си се смеев како шлаки...Баени се метлите од Комуналец
ВЕ МОЛАМ ЗА МИСЛЕЊЕ! Гинекологот не ми работи за викенд, вчера добив, но не ми е како претходно. Кафеаво-црвено е и не е количински како претходните менструации. Примав Утрогестан до завчера.