Без нервози, пушти си убава музика, некое филмче. Џогерот во рака и играј јас така се смирувам Хехе.. Денот е на 02.03
Од темата Спонтан абортус, се префрлам тука..јуни 2016 имав missed abortion во 6 та недела. Бев и со циста на јајник која пукна следната манструација. По препораки на доктор чекавме 5 месеци пред да почнеме да се обидуваме повторно. Еве веќе трет месец завршува со неуспех. Ме интересира после колку време од спонтан абортус може да се забремени..и што може да е причината за ваков исход штом нели, еднаш веќе без проблем сте останале бремени. Матичниот не ме прати на проверка на хормони, другите испитувања се во ред. Дали да барам проверка на хормони? Искуства, совети?
При првата киретажа и пазење од 3 месеци, со обиди за второ бевме 1 цела година... А со вториот спонтан и обид за 3то бебе останав за 1 месец... Тука нема правило кога ќе се погоди тогаш.
Нас ни е 5ти месец мислам откако почнавме да пробуваме, киретажата беше во јули и пауза 4 месеци. Првиот пат „работевме“ точно една година ама имавме сериозен проблем со спермограм. Сега навидум се' е океј ама ете не сака пак одма. Ти првиот пат веднаш остана? Имам другарка што остана од втор месец, па вонматерична, па пак од втор месец и си го роди. Дефинитивно нема правила...
Првиот пат не ни планиравме толку за бебе, веднаш останав бремена. Докторов ме остава се да си тече природно, уште не ме става на терапии, а и можеби нема потреба сега-засега. Ќе почекаме - ќе видиме. Со среќа кај вас и се најдобро
Здраво дечки, време е да се пријавам Ние се обидуваме за бебе од Јануари и засега нема ништо ново. Бидејки не живеам во мк тука сеуште немам свој гинеколог, т.е. имам закажано во петок па ке видиме како ке биде. Иначе знам дека имам превртена матка и имав полицистични јајници порано што докторот на последниот преглед во мк ми рече дека сега нема ништо, но за сигурно во петок ке видиме како стојат работите Поздрав до сите
Што ќе правиш утре? Тест преку крв или одиш на ехо? Дај Боже да е она најубавото, ти посакувам од срце
И јас имам превртена матка, но тоа не беше проблем да останам бремена првиот пат. Ако имаш полицистични јајници можеби ќе треба да провериш хормони. Како и да е, најубаво ќе ти каже доктор. Со среќа
Ајде женички. Секој ден влегувам на темава и едвај чекам да видам позитивен тест. Ви пуштам среќа на сите. Ајде прво за @monik55 и @Bebulleee навиваме убаво да го почнат месецов.
Два месеци? Кулирај малку, не си го оптоварувај главчето уште одма. Не сум воопшто против испитувања и доктори, напротив, јас сум од тие што сметаат дека не треба да се губи многу време ако нешто не сака, ама па и преоптоварувањето одма може да има контра ефект. За почеток, имај верба.
Јас се трудам да не се оптоварувам , иначе морам на гинеколог тука да си најдам доктор и немам одамна направено брисеви и слично, а бидејки знам за некој проблеми што сум ги имала предходно како полицистични јајници сметам дека не е на одмет одма да си проверам тоа.
Прашањево малку задоцнето ама, имал ли некој овде успешна бременост со кломифен? Роварам низ форумов ама не наоѓам за успешна бременост...
Јас Имав спонтан и наредните обиди траеја две долги мачни години. Првата доза кломифен и оп = . Ене ја цуцата во мај 6 ќе полни