фала ти душо ама бев во систина им кажував колку време сакаме бев кај надица во мама исто сите ми кажаа не ми даваат ништо зошто во медицината како проблем се сметало над 1 година и пол сега незнам најверојатно ке почнам со фолна па пак ќе одам кај надица за некој месец ако не бива поздрав
Ништо не ти е срцка, и јас така два пати кога се обидувавме не се фати, после едно време бевме раздвоени (не по наша желба, долга приказна е тоа), па кога се споивме од прва бидна. Се е во психата, треба само опуштено и ич да не се мисли на тоа, кога треба да си дојде - ќе си дојде. Гледам по несаканите бремености... мислам повеќе ги има отколку саканите, тоа зашто не мислат на тоа тогаш :geek: Ама објаснив, се само тоа тоа, ама се надевам дека ме сфати
фала ти срцка убава ќе пробам да те послушам да не се замарамсо ништо веќе,се замарам пратам плодни ако закасни ден два одма мислам да не е тоа паники,еден куп да во право си психата е многу лоша работа ќе пробам лабаво ако не бива тогаш ќе бараме чаре поздрав се најдобро
девојки дај кажете ми дали овие апчиња фолна киселина треба да ми ги преписе гинеколог дали се шумливи таблети и колку коштаат поздрав4ее
Не се шумливи, обични таблетки се и не ги препишува гениколог. Можеш слободно да одиш во аптека и да земеш. И не помагаат за побрзо останување бремена туку само е Б витамин кој е убаво да го имаш во себе доколку сакаш да забремениш (и задолжително се пие во текот на првите три месеци од бременоста заради подобар развој на бебето).
Чинат 100 денари 30 таблети во зегин, од 0,4 мг. Мене ми ги препорача докторката по мој избор, ако сакам да ги пијам за мое добро, однносно доколку дај Боже настане бременост да се развива се како што треба, да не должам многу. Исто пијам и магнезиум прашок што се топи во уста, и витамини за трудници, иако не сум трудна сеуште. Се зависи од состојбата на организмот, затоа ако планираш бременост оди и испитај се што ќе ти препорачаат, и ќе си на сигурно! Едит: Нипто од ова на своја рака не сум земала, се си е препорачано од гинеколог!!!
што направи Лори беше ли на лекар, се надевам дека се е во ред и имаш убави вести *е сега јас имам прашање до илиенче или некој друг ако може да ми одговори - нели го пијам лекот со ренот и незнам колку пати имам кажано дека вкусот е ужас ама досега како така го пиев, ама сега почнаа да ми се јавуваат киселини од него и по цел ден ми се враќа ужасниот мирис на лекот е сега сакав да прашам дали може да прекратам да го пијам бидеќи плодните денови веќе ми се завршени и ако се фаќало досега ќе се фатело
Поврзано со ренот, и мене ме интересира кога треба да почне да се пие - прочитав на 7.ден после завршеток на циклусот, зар не е веќе касно за тој месец?
мислам дека не е касно, тогаш одприлика почнуваат плодните денови , а ренот дава затоплување а на нас-вас останува само вредно да работиме на случајот
Би те посоветувала да го пиеш постојано. Не мора тоа да биде пропишаната дневна доза, туку да биде умерено во текот на целиот месец (освен кога се има циклус). Ренот во својот состав има доста сулфур (затоа има непријатен мирис), а тој природен сулфур придонесува за нормализирање и на други хормони кои можееби биле неактивни, а на овој начин ќе се активираат повторно. Што значи, возможно е да е сосем нешто друго во прашање, а не она што се прикажува на резултатите. Од друга страна, не значи дека секоја жена има овулација околу 14 ден. На некои им е редовен циклусот, но овулацијата може да им е пред добивањето. Пример сум самата. Мојата овулација е два-три денови пред да добијам. Со Господова помош, од срце ти посакувам за брзо да бидеш мамичка .
Направив тест утрово и не сум бремена, впрочем и знаев но ајде да не ми е товар да се сомневам! Инаку за лекот, зазарско ти мислам дека пак лосо не разбра иако ти писавме, се пие седмиот ден одкако ке ти дојде, а не кога ти почнуваат плодните денови! Продолзи да го пиес, а за киселина јади јаболки кисели, и ако ти е лосо од вкусот земи си после тоа некаја бомбона вуста, ајде неморас по многу, пиј колку мозес и надевај се на успех! не отстапувај! еве и ја го направив, за два дена ке почнам да го пијам, ја не пијам воопсто вино, и којзнае колку гадно ке ми биде, но за бебе...се ке изрдзам, ке се борам до крај! А за фолна киселина, мислам дека не смета за нисто, јас еве година ипол се обидуваме за дете и ја пијам без престан, а нормално треба три месеци пред да се забремени да по:не да се пие, но од кај да знам кога ке забременам, ете неиде и неиде!!! инаку во замена мозе да јадете почесто гравче или леќа, полни се со фолна киселина! инаку воопсто не помага за забременување, тоа е чиста заблуда! ајде да слуснеме сто поскоро убави вести од секоја од нас, доста се влечеме по темиве)поздрав
Барем точно знаеш на што си, не се секираш. Фолната точно, помага за правилен развиток на плодот, но не и за забременување. Мене ме кљукаат со триста витамини и минерали затоа што крвта и тироидната не ми се добри ни за мене, а камо ли за двајца. Само проверка, и по анализата се ќе си се види! Лори, ќе се макнеме од тука кај и да е, осеќам!!!!!!!!!!!
Дај Боже Елена, Зашто и мене ми се смачи веќе само тука да се жалиме, и ние сакаме да се пофалиме малку Поздрав
http://www.ringeraja.mk/statija/mali-ta ... _2731.html Мили феминки, прочитајте го ова, можеби ќе му користи на некого
Еве и тука да ви пишам,мислам ја видов втората цртичка ама не сум сигурна утре пак сакам да проверам,али сакав да прашам пошто правев тест лентичка дали е можно да има бледа цртка така или стварно ја има,јас мислам ако не сум бремена само една ке биде а вторава ич нема да ја има ни бледа
Ке успееме девојки, без гриза! ако не сега следниве месеци сигууурно ке видиме две цртки, редно е, дедо Бог знам дека не не заборавил и мисли на нас! се најубаво за сите, и само по две цртки, една веќе никогас!!!!!
Ти благодарам сто ти е зал, ама не се разочарав овој пат, засто не ни очекував, знаев дека немозе, сансите се многу мали) само ме збуни мојот чуден циклус) се спремам мила за инвитро па се надевам дека овој пат ке успее и редно време е да успее)поздрав и ти и сите да си успееме)