Честитки и со лесно да ја износиш бременоста а тироидата ја испита пак? Јас за толкава вредност година дена пијам 50мг Еутирокс, сега во бременост ми ја појачаа викенд 75мг..
Којзнае што си помислуваат за мене луѓе некогаш ко ќе ме видат. Преска се враќам од продавница и од нигде никаде си ставам малку само рака на стомак така по улица и шепкам, Бори се, бори се, ајде бори се Тоа на бебето му зборев иначе
Да да, редовно ја следев, и им го кажував проблемот и се ме правеа улава, дека не ми треба дека не прави проблем за забременување. И димитров ми даде еутирокс 25 и после 2 циклус веќе останав бремена. И кога бев на ендокринолог сега последно таа па зошто си пиела па мала е вредноста немаш антитела ...за на крај да и кажам дека знам дека може да влијае лошо врз плодот и ми даде 25мг. Иначе 100 пати и кажав ми заврши терапија и дојдов, таа ама зошто си прекинала да пиеш. Абе маки измачив. Иначе ви благодарам на сите за честитките
Здраво девојки Дали сте го погледнале овој линк можеби?Тука жена која имала проблеми со стерилитет сама на себе си помогнала и потоа почнала и пари да прави со книга во која ја раскажува својата приказна.Да би можела одма би си ја купила оваа книгаhttp://pregnancyhours.com/
Добровечер. Ве молам за мислења. Многу ме болат јајниците кога се движам ,а кога не се движам ме болат ама многу малку. Од што може да е ? Поздрав
Сеуште не сум добила, а денешниот тест негативен . 60ти ден од последна менструација. Што сум згрешила за вака да ми е Едит: Од толку што посакувам втора црта дури ми се пручинува кога ќе го загледам тестот
Мислиш? Се уплашив да не е нешто лошо, сум читала дека тоа е знак на бременост ама кај мене се многу чести
Фалаа тии, ме утешивте и тоа многу, мислев нешто лошо е, па здравје да не добијам и јас и сите што си чекате, а еве и менструални болки имам поприлично јаки.. се си мислам ќе ми дојде
Пишував пред некој ден за ова, мене ужасно ме болат дента на овулација. При лежење помалку, при движење ептен. И ме болат кога ми се настинати, од носење кратки јакни или штикли на ладно.
А редовен ли ти беше циклусот претходно? Сестра ми си имаше многу мака се регулирање, една проста работа многу и помогна. Некоја си кинеска фора, сите луѓе правеле така таму за здраво тело, две големи чаши вода (600мл вкупно) прво нешто насабајле на гладно, дури и пред миење заби. По два месеци, почна да и се стабилизира циклусот. Тоа беше пред година дена, сега на двете ни е веќе навика, така го почнуваме денот. Ама нејзе и храна многу и влијае, ако јаде мн нездрава храна, мрсно и благо и лебови месецот, знае и по 40-45 дена да и дојде. И физичка активност!
Навистина ми е потребно ваше мислење. Последната година имав многу стресни ситуации и речиси постојано бев под стрес, не внимавав на исхраната, не се движев многу и имав проблеми со циклусот, секој месец различно ми траеше некогаш 23 дена, а некогаш и по 2 месеци не ми доаѓаше. И претходно исто беше, но со мало задоцнување од недела до 2 недели, примав терапија со Дијане 6 месеци и се беше во ред само додека ги пиев апчињата, свати дека не вреди и кренав раце. Долго време се обидував да останам бремена и секогаш неуспешно конечно кога останав бремена а ни најмалку не ми се веруваше имав спонтан. Сега собирам сили и пак ќе идам од ново, докторот ми кажа дека после 2 месеци можам да се обидам. Е сега да ви кажам искрено малку верувам на докторите, сакам да слушнам од вас мислење. Можно ли е циклусот да е проблем за мојата ситуација, имам грижа на совест поради тоа и постојано размислувам... и ќе ве замолам доколку некоја имала спонтан да ми пише порака. Поздрав
Имав нередовна , после ивф ми се регулира и сега пак. Моментално сум на режим на исхрана, имам ослабено 8кг. Па здравје ќе видиме што ќе биде понатака Фала на совет
Здраво @2lili2. Добредојде ама и брзо да си одиш. Можно е. Можно е се. Доколу не му веруваш на матичниот, упати се на специјалист. Секоја втора девојка од групата има доживеано спонтан. Така да, овде ништо не ни е чудно и ново. Имаш испитено хормони? Секако има нешто што го прави твојот циклус нередовен.
Лили, физичката активност/неактивност и исхраната јас верувам дека влијаат на циклусот, а особено ако лошата исхрана и неактивноста траат малку подолго. И хормони знаат да се пореметат и циклус. А се' некако и подепресивен е човек ако јаде нездраво и не се движи. Јас тоа по себе го забележувам. Ако јадам нешто лошо искомбинирано, веднаш бе некако сум поспана, мрзоволна, со намалено либидо, понервозна, лута. Или ако сум повеќе активна, посреќна сум некако, чувството и ми е убаво, па макар и да сум преморена од активности. Некако убаво и корисно се чувствувам, како којзнае што да сум направила за себе. Минатиов месец, прв со Кломифен, бев со надежи и очекувања, што е нормално (го отапев со ова, но да поентирам). Кога ми стана јасно дека дошол месец да е без овулација, си направив план што да правам за да не ми е паметот таму и да не ме депримира тоа. Шетав, вртев на точак, баталив кола и пешки одев секаде, си одев на шопинг, дружење, одев надвор од Скопје за викенди и се' нешто си наоѓав да се занимавам. Муабетот ми е - што и да се случува во животот, не дозволувајте да ве депримира бидејќи лошото расположение е една спирала што влече и тешко се излегува. За инат на лошите случувања треба да се смееме, да излегуваме, да правиме нешто што не' расположува, да собереме сила и да не дозволуваме ништо и никој да не' турне. А и да не' турне - ЌЕ СТАНЕМЕ брзо за да не не' фати спиралата. Ве гушкам сите и правете си за себе убави нешта. Како за душата, така и за телото!