Доволно е во една тема да прашаш За сите овие симптоми и да си бремена ти е рано, повеќето работи ти се на психа... така единствен симптом може да ти е главоболката и болката во градите (но некогаш тој симптом е за добивање, слични се симптомите за бременост и добивање). Ние тука само може да гаѓаме...Секогаш постои шанса доколку има обиди за бебе, а ти ке дознаеш дека си трудна преку тест кој ке го направиш со 1,2,3,4 дена доцнење Така да ако не добиеш до понеделник, прави тест... ако е негативен оди на гинеколог, за да знаеш од што ти доцни... Дај боже да е бебе
Незнам ич не сакаше инекции, јас да бев совеста ќе ме изедеше да не му наштетам на бебето. Ама ете таа имаше среќа го роди здраво. кога пишав да прашам овде кога е најдобро да сѐ направи папа тест.?
Од ова што го напиша, ми застана грутка во грлото. Нема зборови за утеха. Само Господ сила да ти дава и што побрзо едно дете да ти го огрее животот. Но нешто морам да ти кажам, членката на која и се обрати дека се воодушевила, го изгуби бебето( и почина) во 9ти месец. И претпоставувам и она сака да и се врати детето. Затоа ве молам и тебе и неа и сите бидете повнимателни што кажувате во афект, и прво бидете сигурни за кого се работи и каква е нивната приказна. Пред неколку дена ќе кажам, исто се потрудив да ја заштитам истата членка, една друга членка и се обрати со невнимателно одбрани зборови па во лп ја замолив да го избрише мислењето дека ја помешала членката и ќе ја повреди. Не го избриша мислењето, најверојатно доцна беше, но ми рече дека и се извинила и се надевам дека е така. Не сакав да пишам но гледам дека често од болка само може некому да нанесеме поголема болка. Ми се чини дека членката сакаше да се пошегува дека темава е најотворана, најпишувана, демек на топ листа прва, што секако дека е жално, но верувам и некој друг некогаш го помислил или се пошегувал слично, а тука често сум гледала посериозни шеги на своја сметка и сум си велела алал да им е на жениве, на таа мака и знаат да направат шега. Најверојатно сега се најде ти, и тоа те повреди. И сосема си во право. Извини ти и некој друг ако се навреди, повреди, сакам да кажам тука сме да си помагаме, да се заштитиме, па и да се насмееме некогаш. Да не се претвора темава како другите, само префрлања, расправии и навреди. Оваа тема е посебна. Поинаква. Уште еднаш ти ја посакувам сета среќа на овој свет, што поскоро да се израдуваш, па да заборавиш на се, дури и на овој форум и да го живееш животот со полни гради и полни раце. Од срце и тебе и на сите други тука!
Јас сум во четврток во ГАК. Матичниот ме прати за таму да одлучат за јајнициве мои. Денес 71 ден од последна менструација. Сватив дека не е решение само хормонска терапија , па од кога разговарав со матичниот подобра варијанта е лапараскопија. Е сега имам друг проблем тоа е нов спермограм Јас убедена сум дека има некое чудо кое нема да биде азооспермија. Маж ми има така кажано механички проблем што не може да си го из*рка , па совет да ми дадете за како цела сперма да ја ставивме во шишето. Мене ова ми падна на памет , да имаме однос со кондом и спермата од кондомот да ја префрлам одма во чашка , и најблиску ни е во Горче за испитување. Мислам дека нема што да изгубиме
Eпа не сум воодушевена душо моја смајлињата ги ставив чисто онака малку за шала зарем треба тука само да плачеме ајде да се бодриме сите дека сите ке бидеме со деца а мене највеќе ми се плаче но пробувам да сум позитивна можеби требаше да ставам нешто друго
Можеби глупаво ќе звучи моево, но ми текна дали можеби може да се однесе кондомот со сперма, без да се претура во чашка? Нели и кондомите се стерилни Или глупости зборувам, а?
Зашто глупости хаха Јас размислувам на сите варијанти , затоа мислев од кондомот дирекно во чашката.. Страм не страм , мака си имаме
Пред 2 недели почнаа градите да ме болат, треба да недобијам на 19.03, задутре, градите од завчера не ме болат. Не знам што му е на мојов организам
Не знам зашто не може , целиот се блокира . Затоа велам како механички проблем , кога завршува работа цела сперма му бега и останува во чашката многу малку .
Mi pocnaa nekoi blagi jezivi dobro poznati bolki kako za dobivanje uhhh avtomatski pocnuvam da se nervoziram lugenca neznam sto da kazam povise nemam zborOvi znaci Kako e kaj vas stanje? Gushki do site
Внимавај со кондом зошто имаат разни премази најчесто спермацидни, така да најубаво прашај дали е дозволено така да не добиеш лажни резултати
Некои мажи ептен безобзирни, како да кажам. Жената и ќе се расчепува таму пред секој, ехо, проодност, хистеро, лапаро, а господинот има ментална блокада за да си го... А бе ајде! Уште ќе му мислиме тертипи полесно да му е.
И кај мене пред малку некакви болки ама не како за добивање не знам прв пат такви болки осеќам. Само малце и преќинува. Не знам веќе што да мислам . Па и под градите осеќав некаква болка како да ми стои некаква грутка. И сега веќе незнам што да мислам. Поздрав до сите . Се надевам тие што останавме на списокот да се радуваме на || .