Се сеќавам дека лани кога останав јас трудна и кога се радувавме вака сите групно, повлеков нога па после мене месецот имаше уште минимум 4-5 позитивни тестови Е сега кукле, како со подолг „стаж“ од мене, не да треба да повлече ногаааа, да видиме минимум уште 5-6 до крај на месецот. Како и да е, мислам дека и да нема друг до крај на април, месецов уште сега може да се смета за еден од најубавите Уште не ми се верува... По две години тука заедно, со тоа што најпрво ги читав нејзините постови кога се зачленив на форум, ја чувствувам @kukla21 како една од најдобрите другарки, а со оглед на тоа дека ниедна од моите другарки се нема измачено вака да остане трудна, со чисто срце можам да кажам дека за ниедна од нив не сум се израдувала олку како за куклето. Кукла, се гледаме на другата страна, wait for me P.S. Си рековме јас и ти летово ќе пиеме кафе заедно трудни Едит: И ајде за убавиот ден, сите до даска!!!
Договор си е договор. Јас својот дел го исполнив, ајде сега и ти Ако има некое такво непишано "правило" влечам со мене 20 од тука.
Се трудам, се трудам - не знаеш колку сабајле станувам јајници ме болат од сексање Три дена заредивме по ред и претходно еднаш, па ќе има уште еден финален обид вечер или утре сабајле сигурно Брзам да те стигнам
@kukla21 честиткиии Да си имаш лесна и убава бременост и Господ да те израдува со близначиња На сите други ви ја пуштам цела среќа што поскоро да си ги видите најубавите две цртки, да го почуствувате благодетот на бременоста кога под срцето чука срце и да се "опиете" од најубавиот мирис на светот, бебето кое ќе ви ги наполни рацете и душата со среќа и радост за целиот живот
Поубав почеток на Април не можевме да имаме.Ке си имаме мало кукле во групава. @kukla21 те прогласувам за светла точка не на месецов,на годинатаи ти ја посакувам најубавата и најспокојна бременост на светот
Честитки @kukla21. Да си имаш спокојна бременост и да уживаш во секој миг. Ви се восхитувам на храброста на сите во оваа тема и многу се радувам кога некоја ќе излезе како победник. Сигурна сум дека сите до една ќе бидете победници, само прашање на време е кога.
Другарки нешто сте ми многу тивки денес Ако имате многу домашна оправдано е Јас дека утре сум на хсг не пишувам,ама од утре богами ќе се распишам Поздрав до сите .
Е браво за тебе, што да кажам јас на пауза сум скоро три месеци .Ама ајде уште малку па ќе се распишувам, најпрво за лично задоволство, па после се надевам ќе пишуваме и за бебче. Мене прашањето ми е за др.Ана Кацарска од Систина дали имала некоја од вас искуство, се мислам да продолжам да одам кај неа, зошто киретажата ја правев кај неа или ќе ми препорачате друг добар доктор од било каде?
Од искуство,не ја менувај! Јас бев кај нејзе од почетокот до крајот на бременоста. Ангел жена! Жена - човек! Душа дава за нејзини пациенти! Нема да погрешиш!
Ама паузата е три месеци да не се обидувате, а не три месеци секс воопшто да немате. Јас мислам дека сексот сам по себе може позитивно влијание да има, се стимулираат хормони, се враќа све во нормала. Само пазење, со заштита или тргање на време. Може си знаеш само така ми звучеше постот, како воопшто секс да не смее
Не три месеци е паузата, затоа што имав болки во стомакот и додека уште бев бремена. А сега после киретажата, не се чувствувам спремно уште некако и затоа ќе почекам да добијам циклус па со нови сили да се вратиме во нормала
Кaде ќе прaвиш хсг мене не ми дaдoјa вибрaмицин ништo пoслем хсг утре ќе oдaм кaј дoктoркaтa и aкo не е кaснo ќе земaм
Е тоа е друго веќе, ако си имала болки. А за спремноста, не бев ни јас, иако не ни забранија, два месеци мислам дека воопшто немавме, а прв пат кога направивме нешто после киретажа, си кажав како ми беше... Едит: кога беше киретажата, т.е уште немаш добиено откако помина?
Еј мила фала на одговорот, ми требаше мислење кажано од лично искуство. Јас не успеав да оформам мислење затоа што за киретажата не бев присебна, а за контролата, ми кажа дека се е како што треба и не се задржав многу.
До утре три недели, но веќе чувствувам дека кај и да е ќе добијам. Исто така, мене ми рекоа пауза шест месеци обавезно, тешко ќе се издржи ама тоа е.
Кај мене излегоа четири наместо три ама ете поминаа. Ќе поминат ајде, важно е после да биде добро. Кај некои после се фаќа од прв-втор месец, кај мене еве петти ништо, така да мора да имаме сили и секогаш да се надеваме на најдоброто