На 23ден ми иде,минатиот месец подрани една ден ама овој месец еве втора ден ја нема а за друг пат немало вака
Здраво девојки уште четири дена до недобивање, овие денови брзо поминаа, пролет се некако ти се шета и не мислам на ништо. Веќе неколку дена по ред имам јаки главоболки а обично имам ден два пред добивање како предзнак, еве денес и бодежи во левиот јакник. Изгледа ќе ми подрани месецов.
Направи го, кога веќе го имаш дома. Ако има нешто ќе ти покаже, а ако не, ќе можеш да се опуштиш и да си добиеш на време.
Овде пишува дека тубите не се проодни, туку дека контасот се гледа само во матката. Штета што практиканти се учат на нас, исто вчера бев во соба 29 и едвај се разбрав со докторката. Иначе зашто ја нема нигне Д-р Трајанова. На нејзино место има пишано заменски доктор. Еве мој пример , уште лани требаше хистероскопијата да биде со лапараскопија , но Тофоски ми кажа дека немало потреба ... А сега Дамчевски ми вели хистеро со лапараскопија да биде операцијата. Здравје после велигден , вчера сестра Зоре ме одби за историја отварање. Да имав можност одма ќе одев приватно и немаше нерви да губам на Гак.
Посабајлечки разочарување негативен излезе,а баш се надевав овој месец имаше подруги симтоми ама тоа е
Мила по моето искуство од ГАК каде што имав закажано термин некаде 5 ден од циклусот со сите чисти резултати ме вратија и ми рекоа следен циклус да одам, по што не сум од ск и на Гак ќе требаше да одам минимум 3 пати што значи повеќе пари ќе дадев за превоз отколку на приватно, па затоа закажав кај др Толовски и завршив работа за 10 минути, одма резултатот ми го дадоа, платив 4 200,
Добро утро до сите лепотици јас пред една ипол година кога се снимав кај толовски едниот канал не беше прооден а матката ми имаше форма во знак на мерцедес за да не се заебавам по клиникиве а тоа го приметив од одма кога почнаа да ме шетаат од едно на друго место решив во систина кај доктор попович да правам и лапороскопија и хистероскопија и беше успешно преспав една ноќ и сабајлето ме пуштија дома
Јас мислам да си почекаш.. Си избрзала со тестот.. Ајде деновиве повторно П.С- Јас си добив Само да знете што ми де случи... Сношти кај 2-3часот станав за во вц како и обично... Успана 100 на саат, се бришам гледам розово, бришам пак нема ништо.. И си легнав сабалјебо се будам се мислев дали беше вистина или сонував На крај си добив нормално убаво и обилно...
@bokace драга постапката не е успешна, резултат од интервенцијата нема, позитивен или негативен, независно. Уште на самата интервенција контрастот не беше добро вбризган, веднаш се врати. И таа незнаеше дали ќе биде успешно или ќе треба втор пат ама еве се покажа. Нека помине време за да не ми се собере многу зрачење па ќе одам на приватно.
Абе може избрзав ама неможев да мислам ако е точно дека нема.ништо нека иде нека не ме маче така сум падната,на работа дојдив не ми се работе умот не мие тука
Здраво и од мене. Нова сум тука и се надевам дека ќе се дружиме, помагаме и охрабруваме. После прв неуспешен обид за бебе малку се разочарав, ама се надевам дека нареден пат ќе биде. Денес добив и тоа баш на време. Еден ден барем да ми закасни. Да ми заврши менструацијата и планирам да направам детални испитувања за да доколку има нешто да се открие порано и потоа можеме повторно да почнеме со проби. На сите тука ви посакувам да ги видите долгоочекуваните две цртки.
Добредојде и побрзо да си одиш од тука. Многу е рано за детални испитувања, не се оптеретувај веднаш. Остави природата да си го направи своето!
Здраво феминки!! Честитки за позитивниот тест на @kukla21 чинам беше. Лесна бременост, и да ни се враќа и кај нас останатите Ние завршивме со испитувањата. Почнав со терапија Еутирокс 50мг и Mетформин 750 (иако не се покажа дека имам резистентност на инсулин). Гинекологот мој смета дека имам полицистичен овариум, плус ендокринологот ми ги даде заради влакнетост да сме пробале дали ќе има резултати. Направив и ХСГ на ГАК. Сеуште не сум земала резултати, меѓутоа сестрата ми рече дека се е во ред кај мене. Сега сум под терапија, све е чисто и се фрламе на работа. Само имам една мака..не си осеќам овулација. Пред ХСГ си знаев кога ми е, и исцедокот ми беше обилен и болки невидени за време на овулацијата. Сега ништо, суво едвај нешто малку исцедок, 15ти ден од циклус и ништо. За разлика од претходно па на 11-12ти ден ми беше. Ви се случило ли вас после ХСГ да не овулирате? Или можеби од терапијава ми е. Сега уште повеќе се загрижив да ви кажам. А не ми се чека ни ден веќе (како и на сите нас овде )
@bela.m фала ти. Истото ви го посакувам на сите тука. Што поскоро да се префрлите во труднички муабети. Се плашам бидејќи си мислам дека ако се беше во ред ќе успееше од прва. Затоа и сакам да проверам сѐ. Ама не мора да значи.
Здраво мила и од мене добре дојде и што побрзо да се допишуваме во труднички ти посакувам се најубаво