Ајдеее Не знам што да помислам за сонов Не чувам ништо дома, маж ми вика куче може кога ќе сме живееле во куќа а таква некоја страшна личност не знам, во мисла ме стави Ич нејќам сонови, ме вознемируваат...
Јас да ви се умешам во муабет за соновите - оној кој го сонува сонот , сеедно кого и да го сонува, значењето е преносно и првенствено се однесува за сонувачот. Значи,сеедно што деар си ја сонила,за тебе се однесува значењето и пораката.
Жении , арнииии ? Мене мислам ми завршија плодните за овај месец , ама само мислам . И ќе продолжам да пишам домашно , плус викенд иди , јеееее. И добродојдовте новите женчиња
Хахах, барбика од метар и шеесет А инаку да, црна коса имам, како фарбана скоро А тие змии нека се губат, сакам само бебчиња на сон да ни доаѓаат, да ни гукаат и да ни се смеат
И јас пијам метформин незнам зашто ми го препишаа кога немам ни шеќер ни полицистични јајници, но имав циста па може тоа беше причината. Откако ги пијам буквално немам никакви болки во гради ко порано, ни исцедок, ретко имам некои бодежи и повеќе синтомите пред добивање ми се проследени со главоболка
Зависи каде е преградата . Може и бремена да се остане , но во текот на бременоста преградата проблем да направи. Ако станува збор за преграда подобро е да се острани јас два пати ја остранував. Пак ќе кажам сестра ми роди со преграда но имаше тешка бременост, внука ми беше горе заглавена. Дали маж ти има спермограм направено , пие ли некој витамини?
Лара мила и кој гинеколог да го прашаш и тука членките ќе ти го каже ова: кога се почнува со испитување зошто не доаѓа до бременост се почнува од мажот бидејќи тој прави само спермограм и спермокултура И е поедоставно и побрзо од колку кај жената каде што има повеќе испитувања. Да го натераш да направи пожелно е. Ние минатата година почнавме со испитувања од мажот ми и се виде дека проблемот е до него и немаше потреба јас да испитувам хормони и проодност, испитав само пап и брисеви, те советувам мажот ти да си испита за да си бидете на чисто. И ти да си отидеш на друго мислење, бидејќи според мене болницата во Прилеп и докторите се катастрофа. На приватно може е поскапо ама барем е побрзо и посигурно според мене. Ние бевме во плоднос Битола .
@Lara 27 и јас се сложувам со Орхидес, ти земаш и Кломифен , правиш ХСГ , трчаш сегде , а не знаете дали е кај сопругот во ред , се почесто машкиот фактор , ја зезнува работата , немој да се изложваш на терапии , трошоци , малтретирања , пред да се провери тој , еве јас на пример никогаш не би земала кломифен , ако не знам како е кај него . Без љутиш , добронамерен совет.
Здраво женски, само шо се вратив од доктор. Со Мерионали ќе почнам од понеделник, меѓутоа зборувавме за спонтаните абортуси.. Не советуваше да испитаме ДНА фрагментација.. Некој совет плус?
Здраво душо многу ме интересира дали ти кажа докторот што точно значи тоа ДНА фрагментација бидејќи мене мојот ми нема такво нешто кажано Дали е тоа нешто поврзано со сперматозоидите лаечки
Еве тука на линкот има се што те интересира http://plodnost.com.mk/portal/dna-fragmentation-тест-за-прв-пат-во-македонија-нов-ав/
Епа лепото моја ... Да си направи еден спермограм . Скоро сите ја знаат мојата приказна тука. Секој месец бев по доктори, што не направив , секој месец хормони па и операции за на крај зајакот да лежел кај маж ми . Не само за тебе , за сите важи тоа прво мажот спермограм па потоа жената на испитување. Они имаат само едно да направат, а ние жените 300 работи . Не ние потребно дополнителен стрес , затоа да си направи спермограм и ако се е во ред , а дај боже да биде во ред ќе си се опуштите и ќе се фати .
Епа ете да се направи ова испитување со цел да се види дали е во ред.. Ако е во ред ќе си продолжиме како до сега, ако не е ќе биди ин витро... Ама јас мислам дека се е во ред
А кај тебе дојде ли до бременост?Оти не гледам причина ако се најде проблем кај мажот,автоматски да се прекине со основните испитувања кај жената.Може да се случи да има проблем и жената.