Ич не си будала , немој да се разочаруваш , некогаш посакувам да ги тргнат од слободна продажба тестовите , некогаш сакам да застанам пред аптека и да ги наредам сите мои негативни , ги чувам , не знам зошто ама еве имаат посебно место дома , и сите сме исти , еве ме погоре напишав дека ме фаќа паника , почнуваат пак симптомите , како и секој месец , ама си ќутам , веќе ми е грев и мм да му правам стресови , ме праша кога треба да добиам не му кажав точно . Душичке немој да се секираш , празници се , пробај да уживаш во нив.
Женички , зошто едноставно не се навикниме дека така функционира форумот , сите ни велите чао , ќе нема човек ни со кој кафе од сабајле да се напие . Еве на пример јас не сум правела ниту инс ниту ивф , ама кога сакам да прочитам неш за тоа или да прашам одам во таа тема . Овде си остануваме на општите муабети , што е како е , како се чуствуваме , кој што видел на нет , што прочитал , што кажале докторите , што сме сонувале , итн . А што се однесува на позитивните тестови , тоа и мене ме нервира , некоја ни видена ни чуена кога ќе опни позитивен тест , демек ево ти видете како изгледа ( оваа дискусија беше и порано , во однос на поз.тестови , нормално дека муабетов НЕ ВАЖИ за нас сталните посетители). И шо да кажам друго , на сите кои го слават овој празник , нека Ви е за многу години, среќни , радосни , весели , и догодина , со бебушки да вапцате јајца , да ви ги измачкаат сите . И јас нема да си одам , ќе ве читам во сите теми , и ќе ве гњавам по сите теми , ај чао за сега.
Мила убави празници се. Немој да си ставаш неубави мисли. Сите ќе успееме. Јас мојата битка ја извојував после 5години. И нема да лажам дека после позитивен тест е полесно. Секој нов ден носи предизвици и само се молам што побрзо да си го видам и да си го изгушкам синко. Ве гушкам сите тука и немојте никогаш да губоте надеж. За се има решение.
Здраво мили мои . Ме немаше да пишувам , имав слава дома па подготовки за празникот и се некако набрзина . Времето ми лета, уште 5 дена до недобивање . Секој ден си пијам фемибион . Редовно ве читам немам пропуштено ништо Поздрав до сите . И убаво да си поминете празникот . Ве сакам и гушкам мили мои пријателки
Уште еден негативен тест влага во колекцијата ...уште еден неуспешен месец...уште една изгубена надеж...... -no words to say Поздрав до сите , ви посакувам убав празник
Во надежите на овој месец и во исчекувањата на баба рога што уште не дошла правев бета денес во адриа лаб..0.1 вредност..единствената позитивна работа е што барем ќе работам на случај за искоренување на бактеријата без секирации дали биднало или не...
Hristos Voskrese! Zdravje, srekja I blagosostojba vo sekoj dom! Bog da ni gi slushne molitvite... Polni race decinja da imame. Amin!
За многу години! Христос воскресе! Многу здравје,спокој, мир, љубов! До година со бебувчиња да си го пречекаме. Чул ме Бог!
Нека светлината на Христовото Воскресение ви ги осветли вашите срца, а неговата бесконечна љубов го благослови вашиот живот и вашиот дом ... Христос Воскресна
Христос воскресе Навистина воскресе Многу здравје, љубов и полна куќа дечина.. Јас бев на гениколог, прекрасен ден и прекрасни вести.. На лев јајник имам 3 фоликули На десен јајник имам 4 фоликули.. . Биче близанци Со Господ напред
Христос воскресе.Сакам да Ве прашам феминки дали некој од Вас правел Лапароскопска миомектомија или во превод отстранување на миом од цервикс во ГАК и кај кој др.или на некое друго место и друг доктор.Однапред благодарам
Hristovata svetlost neka vi go osvetli patot, dusata neka vi ja napolni so radost, da vi socuva se sto imate i podari se sto sakate Hristos voskrese
Христос воскресе, за многу години убави жени не се растажувајте, ќе ни дојдат и нашите бебуши, ме немаше неколку дена уживав во празниците а и партнерот имаше некаква инфекција, две недели примаше терапија сега е се во ред и од завчера пак се фрливме на работа па ајде празникот нека ни донесе многу среќа.
Среќо најпрекрасна гледаш господ е голем само за џабе се секираше..ајде смирено и само позитивно!!! Браво браво браво!!!
Светото јајце Христово што денес куќата ви ја краси, нека ви донесе многу здравје, среќа и од секакви маки нека Ве спаси среќни празници на сите! ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!
Вештицата моја ја нема , обично оди од сабајле за да го *** денот (се извинувам за ***) Денес , празнично одморате сите претпоставувам . Поздравчиња