Ти благодарам многу драга ерика ,се надевам и јас ,им посакувам на сите што сакаат да си добијат бебуш.Да препорачате нешто вие некој совет од искуство ?
Не се оптеретувај. И двете се испитуваат во бременост. Освен ако имаш фамилијарна историја на тромбофилија па превентивно да испиташ. За торчот исто, освен ако чуваш мачка па за секој случај.
Ај добро утро, еве ме со извештај Уште не сум добила Ова е првпат да ми доцни, па да се пофилмам малку. Значи... Лутеинска фаза секогаш ми е 14 дена и на 15-от секогаш добивам. Од вчера осеќам болки во кичма ниско долу, некои бодежи во матка, повремените менструални болки си се тука (се' си мислам секој момент ќе добијам) и чувствувам слабост во нозете. Ноќеска ме разбуди чудно чувство долу, не можам да го опишам, како дупка да ми станува маткава, како балон внатре да ми дувнал некој. Ама опишав... И запек вчера ме фати. Со одење во вц никогаш немам проблем, но ете. Си викам од прогестеронот е, но две недели го ставам и немав проблем. А по цел ден сум како подмочана и на секое одам во вц као влошка да ставам мислејќи дека сум добила. И то
Оли јас немав многу симптоми.. НО три дена по ред мислев дека ќе добијам поради тоа што така ме болеше стомакот слаби менструални болки, бодежи, и истата тапа болка во стомакот. Еднаш и влошка ставив, чекав Така беше три дена и после ја снема. Јас чекав 5 или 6 дена за тест за да не се разочарам. Дај боже и кај тебе да е тоа! Има една песна од Сузето Спасовска... Ај со среќа денот!!!
Ајде, групни тестови ќе правиме како што гледам Вере, не знам што да кажам. Не сакам да се надевам, но не можам да не се анализам. А еве секој месец ме снаоѓа по нешто што сум го немала дотогаш, мора да е интересно. Сега ова ми е ново и интересно ми е Мислев тест да правам денес, но ноќеска стопати станав за мочкање, па утрово немаше со што да правам тест. Ај утре, а ако е негативен, во вторник ќе проверам бета и тогаш ќе знам дали да прекинам терапија или не. Со среќа денот, последниот ден од април
Мила направи си суре чек покажува и во текот на денот, мене ми покажа во 17 часот попладне. Често идење во вц е дефинитивно симптом на брменост, од искуство ти зборам ☺
Ајде и јaс дa ве пoздрaвaм ви пoсaкувaм нa сите дa гo зaвршите месецoт сo пoзитивни тестoви oд ве гушкaм
Јас се јавувам пак , уште понекогаш е розевкасто , докторката ја прашав вчера не можев да издржам вика овулација , и големи ј.к сигурно и затоа се случува така , и се придружувам на желбите за многу поз.тестови.
Чував порано и спиев со нив но веќе две години не чувам па незнам дали тоа може да ми прави проблеми со забременување :/
Проблем за забременување не, ама во бременост да. Искрено незнам точно какво влијание може да има. Мене матичниот ме испрати кога правев први брисеви во 12 недела.
Фала душо, и јас имам очигледно некој проблем штом неможам да зачнам но стварно незнам што би бил проблемот па се барам може да се ова, може да е она... ајде се надевам ќе си ги видиме двете цртки сите што си чекаме
Негативен е тестот Ја прекинав терапијата. Да имаше нешто, претпоставувам дека барем бледа црта ќе имаше. Месецов ќе одморам од се' и во јуни пак инсеминација ако природно не биде во меѓувреме
Ајде ќе видиме дали ќе дојде, се е можно, најважно е да се биде позитивен и кога најмалку се очекува бебушот ќе дојде Девојки имам три дена болки во десниот јајник, постојана болка а до добивање имам уште пет дена,се загрижив што може да биде, дали некоја од вас имала ваква болка. Ве гушкам