Не дали е можно,туку најверојатно си бремена и со мене бесе исти слуцај,прво скроз бледа втора линија, за после 2 дена кога го повторив тестот да видам две цртки со скоро иста обоеност Честитки,и имај убава и лесна бременост
Да со вагинално ехо ме гледаше,најпрво фала за помошта на сите,вчера имав малце кафеавко и испаничив денеска пак бев и мислев готово ке ме чистат пак,во хаос бев,ама др.Дракулевски пак ми рече дека се е ок има бременост ама плодот не се гледа,а дали е можно да е вонматерично па да неможе да види или незнам м?Што викате вие поискусните?Ми рече дека е нормално кај некои да има кафено дури и розрво само да не е апла крв,дали ме тешеше или не незнам ама страв мие а дајбоже дае рано само го молам Господ да не ми ја одзема и оваа радост да станам мајка....
Црнка88 не мисли на тоа се ќе биде во ред сите те подржуваме,можно е да е многу мало па да не се гледа за недела-две сигорно ке се види поубавко се ќе биде во ред како Господ никој не е поздравчиња пино до тебе !
Пред 4 дена направив тест ми покажа позитивно за да се уверам другата ден бев на гиниколог и докторот ми рече уште ништо не се гледа но има бременост ми рече по 2 недели да одам пак така да Crnka88 нема причина да се грижиш ...
Ајде ајде со Господ напред, почнаа двете цртички да се појавуваат, со лесно и со убавини и радости на сите што имаат две цртички , а на нас што сеуште чекаме дај Боже да ни се посреќи побрзо
Не се сеkирај Црнка, штом има бременост, ќе се појави и бебе, ќе почекаш малку и ќе се појави и бебенцето, сигурно е зачнато покасно, можеби не си ни 5-та недела сеуште спред плодчето, затоа не се гледа, многу е малечко. Немој случајно да се трауматизираш самата, мисли позитивно и розево и се ќе биде најсупер И не е можно да е вонматерично, штом ти видел докторот бременост во матката, како би можело да е вонматерично? Мало е сеуште, како милиметар е и затоа не се гледа, ехото е повеќе во сенка, можеби се поклопува со некоја сенка, треба бебето да се појави на ивицата на тоа кругчето од внатре, затоа викам можеби е поклопено на ехото со некоја сенка и дека е премалечко и рано затоа не се гледа, ама ќе се појави, ќе видиш!
феминки имате ли искуство со д-р Дамчески од Св.Лазар или Панчевски од Систина, сакам на преглед да идам(се обидуваме со мм подолго време), од матичната не сум задоволна, па сакам на приватно да идам.
Јас немам искуство за тие клиники ама д-р Коруноски е многу добар незнам јас одам кај него и многу добро објаснува и скоро повеќето работи мозат да се испитаат соработува со сите скоро клиники и со св.Лазар и така..инаку јас ја примив инекцијата ПРЕГНАЛ преед една недела и во понеделник треба да одам на преглед страв ми е по малку да не се разочарам пофторно но тоа е што биде нека биде само Господ знае се надевам дека ке ни ја пружи шансата на сите да се радуваме оваа година позздрав пуно до сите
честитки и од мене , навистина е "Очекувај кога најмалу очекуваш" работава ...ние го правевме нашето 8 години и после низа лоши дешаванки отидовме на одмор да одмориме мозок и душа и од таму се вративме со најубавата ни ќеркичка која сега веќе е 11 месеци само позитивно и ќе биде се супер...
А д-р Коруновски дали прима нови пациентки како матичен лекар, бидејќи јас од мојата ама ич не сум задоволна?!
Ви благодарам на сите... Ви ја пуштам целата среќа на светов Март да ви донесе на сите бебенца... Фала ви за поддршката до сега! Ве сакам!
девојки ве молам за совет 5 дена ми касни пред 4 дена направив тест ми покажа негативен пд стомакот имам мали болки како да ме боде некој со нож до сега вака не ми било никогаш дај ве молам кажете ми д али да го повторам тестот или да чекам и колку.....
Направи утре пак тест и ако си бремена сигурно ке ти показе, па дури и најефтин тест да употребис! направи и расчисти си ја дилемата, ајде израдувај не
on ima mnogu pacienti od skoro site gradovi ako sakas da odis kaj nego kazi mi jas ke mu se javam i ke ti otvorat karton ! pozz do tebe
Мaleckataa ме интересира што бидна?Или утре ќе правиш тест? Оној негативниот тест го правеше по 1 ден доцнење? А сега ти доцни колку? 5-6 дена? Ме интересира бидејки и мене ми доцни веќе 3 дена. Правев два теста (еден вчера, еден утрово) и двата беа негативни. Денес имам многу остри болки (повремени) како да ќе добијам, но се‘ уште ништо. Дали да се надевам на нешто или не? Ти посакувам многу среќа!