Слушнав дека чајот од вркута е многу добар и за оние што имале спонтани абортуси,дали навистина е така и колку време треба дасе пие?
Помага при здебелување на ендометриумот. Ама во бременост не се пие. Инаку да , женска билка е. Регулира циклус, хормони.
Јас разбрав од напишаното дека од абортусот и се појавил израсток. А за преграда знам дека е причина за абортус кај многу жени, мене ме зачуди израстокот, затоа и прашав, си помислив уште тоа ми фали.☺
Мене после вториот абортус ми рекоа дека покрај септумот имам и полип кој останал дел од првиот абортус.мене немие правена киретажа на ниедниот абортус и можно е со капкиците да не сум целосно прочистена и затоа останало мало парче.
Добро утро девојки ме немаше затоа што нема што да ви кажам ве читав ве следев. Помина терапијата со кломифен,прегнил инекцијата вредни бевме ама ете си добив во четвртокот имаше разочарување но нормално ми помина и си реков овој месец пауза од се и опуштање,што е тоа е ,кога е речено само ќе си дојде. Ова со виното и рузмаринот го направив и само тоа ќе си го пијам. Ајде чекам од вас убави вести ве гушкам
Убавите работи доаѓаат кога најмалку очекуваш ,разочарувањето е во секого но нема откажување само напред
Здраво девојки, редовно ве читам иако не сум активна баш на темава.Ја имам раскажено мојата приказна,година ипол неуспешни обиди со еден спонтан претходно. Пред два месеци почнав да ги пијам витекс агнус кастус од свансон,и еве овој месец добив позитивен тест. Мислам дека тие имаат некоја улога, бидејќи ништо претходно не носеше резултати,а нема што нема да не пробав.На крај оставив се и ги пиев само овие.Кој може нека си проба,не верувам дека ке има лош исход .Поздрав и убав ден
Да така е ама сепак очекувањата се големи и накрај кога нема да испадне по тоа и разочарувањето само си доаѓа,до пред некој ден во глава ми беше само тоа дека 8месеци поминаа уште ништо, али како што кажав ми помина си ги средив мислите си размислив дека доаѓаат убави денови и дека се ке биде во ред, доаѓа лето каде што ќе имаме прилика да се опуштиме некаде така да со Господ напред и се ќе биде @Laleto89 Кажи ми дали само во свансон ги има апчињата и дали треба од гинеколог да бидат препорачани?
Со лесно нека е и со живот <3 и јас имав спонтан ама јас само метформин пијам сега еве пробуваме се надевам ќе се изненадам и јас!! Имав и јас спонтан пред 7 месеци и се надевам дека нема да се повтори. Имам слушнато и за мака семе се прави со мед и уште нешто и ја зголемува плодноста имам рецепт ако треба... Честитки милаа <3 Ќе биди!!!! Кај е господ никој не е молисисе повеќе на Бог тој дава тој зема и јас првиот пат чекав 6 месеци за да останам па имав спонтан еве 7 месеци поминаа макар што и не пробувавме до сега сега само што почнавме АМА НЕ СЕ ОТКАЖУВАМ АКО ТРЕБА И НА КРАЈ НА СВЕТОТ ЌЕ ПОЈДАМ САМО ЗА ДА ГИ ИМАМ... пробај и на други места а не само во медицината
Фала ти, дај боже што побргу да си видиш позитивен тест. Мене сеуште секоја болка и исцедок ме потресува,се надевам дека се ќе биде ок овој пат. Инаку јадев и доста цвекло со морков овој месец,ете тоа беше поразлично од претходните месеци
Бог да те слушни јас секој месец јадам и морков и цвекло и овожје и зеленчук слабо јадам други работи повеќе сум на тоа.. ТАКА ТРЕБАЛО ДА БИДИ ГОСПОД И НАС САКА ДА НЕ УСРЕЌИ. ЈАС СЕ МОЛАМ НЕ ВЕЛАМ ДАЈМИ МЕНЕ САМО ДЕТЕ СЕ МОЛАМ ВЕЛАМ ДАЈМУ НА СИТЕ ШТО НЕМААТ ПА И МЕНE НЕ СУМ СЕБИЧНА ПА СЕ НАДЕВАМ ГОСПОД И МЕНЕ ЌЕ МЕ УСРЕЌИ ЈАС СЕ РЕДУВАМ НА СЕКОЈА ТРУДНИЦА НА СЕКОЕ НОВО РОДЕНО БЕБЕ ОД СРЦЕЕ <3
Така е,сите да си дочекаме.а сигурна сум дека на сите ќе ни подари,може и близначиња за маката и болката што сме ја осетиле...*
Јас сонував ланчиња пред еден месец скоро три ама едното реков е за сестрами а другите две за мене па ништо чудно да бидат две ама мажот ми е близнак можи и нема да имам јас близнаци