Ок женски,ке се напијам нешто за опуштање или за болка.Фала на брзите одговори,обавезно ке известам како сум поминала.Тука ако не кажам,каде
Во Цирих живеам мила,тука ке правам,и колку што знам исто е сегде.Само д-ров ми е битен,и го бркав 2 месеци,се изначекав,а хормони уште пред еден месец испитав,утре е денот Д за канали,да видам на што сум со телово мое
Здраво драги пријателки јас ја завршив терапијата со дабростонот и по 3дена вчера добив.Утре сум на хормони трет ден од циклус па ќе видиме што ќе биде.Ви посакувам среќа на сите и верба во господ!
Ајде со лесно! Да пишеш како помина Јас немам што посебно да кажам. Како што кажав претходно, месецов на пауза од следење фоликули, овулации и сл. И се' си беше мирно, освен вчера на бришење мааалку кафеавко имав и ставив влошка од страв да не крварам и утрово имав само една капка кафеаво и толку, престана. Овулацијата ми помина, ја почувствував околу 15 ден од циклус. А вчера со ова кафеавово ми беше 22 ден од циклус. Не е овулација, не е ни време за менструација, уште една недела имам до добивање Ете, тоа сакав да ви кажам, друго немам
Леле, навистина не знам. Сега се сконцентрирав и благ притисок имам долу под стомак, но не знам сега да не е од премногу концентрација Кога прочитав дека ме прашуваш, стегнав на "одговор" и застанав, едно 10 минути се мислев дали чувствувам нешто Воопшто внимание на ништо не обрнував и не можам да се сетам дали има нешто. Кога видов вчера кафеаво, си реков е што е сега ова. Па зедов да видам кој ден ми е од циклус. Ама како што и секој месец по нешто ново ми се појавува, гарант така е и сега. Досега кафеаво сум имала ден-два пред добивање и само еднаш среде циклус. Може да си запишам сега дека и ова ми се случило - кафеаво една недела пред добивање. Новитет кај мене
Оф драга...не знам што да кажам..те мислам и ти праќам среќа..дај боже да е нешто да не урочуваме следи ситуација симптоми па известувај дај боже со позитивни вести
@0ли на сличен ден имав и јас кафен исцедок. И тоа само еднаш, после една капка и не се повтори. Стискам палци да е исто ко и кај мене и набрзо да си чуеш уште едно
Драги пријателки, веке многу од вас знаат (пишав по други теми) ама ете, и јас конечно го дочекав денот да видам II Вака одеше развојот: Почнавме точно пред 4 години со обидите. Баш во овој период пред 4 години ми доцнеше цели 2 недели, со сите симптоми на бременост. Имав нагони за повраќање, бодежи во јајниците, болка во кичмата ама сите тестови беа негативни. Бев и на гениколог, и само што легнав на креветот ми рече дека видол крв и ќе ми дојде. Немаше бременост. Не чекавме многу да почнеме со испитување, и после 7-8 месеци имавме резултати. 17% подвижност, сосема доволно за инсеминации. 4 неуспешни инсеминации на ГАК. Паднавме на ~4%, таман за време за Ивф. Јас си добив нерамнотежа на хормоните и полицистични јајници. И успеавме на второ IVF. Симптоми: Тотално исти како менстуација. Дури имав и крварење. Да не правев Ивф, искрено не би ни правела тест, но крварењето започна на 24 ден и траеше ~10 дена. (обично ми идеше на ~31 ден) Градите уште ме болат и уште ми се поддуени, како за менстуација. Имам повремени бодежи во јајниците исто како пмс. Болка во кичмата баш како пмс. Немам ниту еден нов симптом на бременост а веке сум 6недела според последна менстуација. Од се срце ви посакувам да дојдете побрзо во труднички. И само еден совет: Не се фокусирајте само на правење дете. Одете на доктор, барајте стручни совети, јадете смокви со зејтин, но на крајот на денот ставете чаша вино да наздравите за животот. p.s. Еден ден пред имплатанцијата да почне, на мм го замолив да купи две лименки пиво, па што сака нека биде. Бев со ивф процес, ама сакав и да си живеам по малку.
Честитки најголеми мила не знаеш колку се израдував за тебе, живо и здраво да си го износиш и на мекици да ме каниш.