И јас навивам со тебе и за тебе! Ќе видиме за една недела што ќе се случи Дајбоже да го следам твојов пример Обожавам јоргован, ми го погоди Еротски соништа имам јас
Честитки oд мене милa сo леснo и сo среќa те гушкaм. Oли aјде и кaј тебе еднo тестче сo две цртички милa ти пуштaм мнoги мнoгу среќa
Честитки од срце @Momichka имај си полетна и школска бременост,и да си земеш во раце најубаво и здраво бебче
Браво женка браво! Честитки од се срце каков завршеток на месецов го заокружи ептеМ! уживај сега и гали го мешето
Инаку срце јуначко не издржав и направив тест ама нажалост е негативен...ме мачат и нервираат тегобиве во стомакот и иако уште не ми е термин за добивање ( во недела ми е) сакав да направам чисто од љубопитност..може рано сум напраила ама тоа е ќе чекаме добивање..
Утрово пред да го уклучам форумов си велам дај боже некоја трудица да ни се пофали. И ме послуша цеститки @Momichka, имај убава и лесна бременост
Кој ден ти е по овулација? Инаку, вчера вечерта пак малку на бришење имав кафеаво. Сабајлево имаше една точка на влошка и ептен малку на бришење. Или се спрема да пробива порано, или нешто со хормониве, или ќе биде интересно
Вчера ми беше 8ми или 9ти ден од овулација..не знам точно кој ден беше..читав на нет дека треба да се имплантира прво па после бхцг да покаже...инаку вчера имав поостри болки во јајниците и после туширање додека се бришев приметив кафеаво малку на бањарката..ќе почекам а богами и ти ќе треба за арно нека е барем ко за почеток на месец малку да се пофилмаме хахах
Без по некој филм не е интересно, шо Кај мене е како некој притисок, не ми е болка-бодежи, туку нешто како блага менструална. Но бидејќи не е првпат со притисоков долу, не го земам како нешто важно. Рано си направила тест, почекај за некој ден. Кафеавата боја ќе ја прогласиме за летна боја ако треба
Два три дена по првото кафеаво можете да направете тест. Доколку е било малку, и вториот и третиот ден не започнува менстуација со нормален тек, има големи шанси да биде имплатација. Како што читам 24-48 часа по имплатацијата, веке може да има позитивни вредности на бета. Сепак информацијата не ми е целосно веродостојна, бидејќи изворот е форум, ама стискам палци да ја направите веродостојна
Еве ме,си одам дома.Болка јака менструална,околу 30-50 секунди,се издржа.Уште ме боли,баш ко добиено.Резултати ми рече д-рот да ги види сликите утре,но по она што се гледаше на снимката,каналите се проодни,течноста брзо поминуваше низ нив.Ми олесна малку,бар знам на некој пат сум,не чекам залудно. Гушкам
Кај мене кафеава трага имаше на денот на НЕдобивање, или ај да кажаме 2-3 пред циклус со мојот шашав циклус.
многу ми се допаѓа твојот дух @Lanic Така е, целосно уживај во викендот Наполни се со еден куп позитивни вибрациите. Само кога сме позитивни и исполнети со среќа ги магнетизираме и привлекуваме позитивните случувања (via Зоран Крстевски мојот идол )