Досега сум немала никаков проблем,докторот рече дека не бил сигурен во резултатите но можеби јајниците помалку лачеле,не го разбрав многу ама ми гледаше како и тој да не знае што сака да каже.
Е да во право си, ќе ми биде во мисла. Може да се каже ми е страв па затоа не ми се ни оди. И женички од Штип ве молам препорачајте ми добар гинеколог, да не е Огнен, не прима пациенти тој, а мене ми е за матичен и да не е Рамбабова, за неа ми рекоа дека е слична на тој што го имав. Значи ми треба некој трет, а да е добар, мислам во Штип мора да има повеќе, не како во мојот град само еден.
Офф не ми рече ништо докторот,утре не работат,што ме советувате,да земам ли на своја рака?И зошто се пие всушност антибиотик,не е малку јак?
Јас добив денес, следен месец решив со кломифен да пробаме...тоа е ситуацијата, нема што да чекам повеќе. На сите Ви посакувам мнооогу среќа. Ве пратам цело време и ќе Ве бодрам со лајкови. Добра ноќ
Мене ми личи дека ти месецов ќе частиш Се ова многу ме потсеќа на мене лани, па и баш исто време Овој тест ми покажа баш видлива цртка 3 дена пред терминот за добивање, и тоа не со прва мокрача:
Девојкиии имајте прекрасен ден. Сакам да ве прашам дали има веројатност да нема симптоми за полицистични јајници а да ги има такви и дали може да има пореметување на хормони без никакви симптоми ?
Мислам дека не, јас имав полицистични јајници и имав симптоми за такви. Прво циклусот не ми беше редовен, сега ми е добар, стомак подуван и влакна на градите околу брадавиците. Значи се е индивидуално, но со јајници каде фоликулите не растат доволно, па се претвараат во цисти, сигурно нема да имаш редовен циклус и редовна овулација, барем кај мене беше така, но сега ми е средено, ако не друго редовно добивам, се надевам дека е добар знак.
Има неколку симптоми и за едното и за другото,валда треба да имаш најмалјку три за да се утврди.Сепак фала
Пред околу 2 недели немаше ништо но бидејки не ми дојде рече дека можеби биле јајниците,ама тоа е негова претпоставка,еднап нема ништо па покасно можеби...
Е такви се докториве наши. Ако разбира ќе види дали има повеќе цисти на јајниците. Значи кај нормални јајници има 3-4 фоликули на едната и на другата страна, а кај полицистични јајници има некаде околу 10 и повеќе. Овулација нема затоа што фоликулите нема каде да растат и се претвараат во мали цисти. Барем мене така ми имаат објаснето двајца доктори, матичен тој што ми беше и на приватно каде што одев.
При синдром на полицистични јајници, јајниците не мора да имаат цисти. По други симптоми и по хормонален статус се утврдуваат.
Да, јас конкретно имав проблем само со јајниците, а други симптоми за тој синдром немав. Но сепак и кога јајниците ти се во таква состојба ги нарекуваат полицистични. Докторот ми рече дека надворешно не изгледам како жена што има полицистични јајници, но на ехо се гледаше дека имам многу мали цисти и на двата јајника, па поради тоа немам овулација и имав проблем со забременување.
Лепотици мој. °Многу ми беше драгоцено времето поминато тука со вас. Имавме и лоши но и прекрасни мигови. Се радувавме на многу позитивни тестови но бевме тажни и за негативните. Само едно ќе кажам, НЕ СЕ ОТКАЖУВАЈТЕ. Како што кажавте погоре "Жената дури има матка можи да стани мајка" дали на овој или оној начин. Овие зборови никогаш нема да ги заборавам. Го пишам ова за да ви се заблагодарам за целата поддршка сите овие поминати години тука. Го пишам за да ви бидам поддршка секогаш. Се надевам дека не ми замеривте бидејќи веста не ја споделив веднаш со вас. Бидејќи поминав низ многу тежок период. Со крварење, инексии, испитувања и хематом од 5см. Сакав малце да се смири ситуацијата барем дури го поминиме кризниот период. Вашата Бебуле е малце трудничкааа Бремена сум 9недели, секако со бебуш е се во ред си напредува Се избори јуначки малецкото . Фала му на Бога, Господ е голем ќе ни ги наполни првин утробите со бебуши а потоа и рацете.. Ве гушкам сите, и верувајте едвај чекав да ја споделам веста, затоа што дури ни моето семејство не знај за тоа. Ама ете дојде моментот и ќе им соопштам и на нив.
Плачам...Господ да ве чува....Со лесно нека ти поминат овие девет месеци.Иако не се познаваме се наежив кога прочитав.Секое добро мила