Да се јавам и јас убавици мои дека сум жива немам со што сега за сега да се пофалам па мудро си молчам ама палете колата и сите да тргнеме накај труднички муабетиииииииииииииииии... @Bebulleee мила нека ми ти е со среќа баш се прерадував за тебе И пружи рака земи не сите Дечки ве гушкам сите
Јас на пауза сум , се полнам со позитивна енергија ... Во Словенија на одмор сум Срцето ми е полно , со внука ми сум . Здравје од кога ќе се вратам ќе продолжиме понатака. На темава мислам дека сум скоро 4 години
Јас сум староседелец овде мила цели 2 ипол години,само бев со друго име. @Bebulleee најголеми честитки мила со лесно бременоста, наврати понекогаш овде за некој совет твојта подршка и позитивност секогаш ке ни бидат добредојдени.
Тука сум срце. Јас и ти заедно одиме во труднички и заедно ќе си ги допишиме веќе започнатите приказни. Те гушкам
Леле мори мајко, јас изгледа најмногу години се борам со оваа чума. На форумот се гледа од кога сум зачленета (по никот ), а предходно уште две години се обидувавме, така даааааа женски извинете ама мене ми е редот сеа Се шалам,секако До Нова Годнна најкасно да ви кажам планирам да се префлам во труднички, wait for me Ај позззз
Дааа, ocicka, само те нема во последно време многу и те испуштив! Моја грешка, огромна, извини! Ајде екипо, не се даваме, леле па кога ќе договориме некоја дружба во парк еден ден за година-две, па дојдени сите кој со количка, кој со точаче, приказни колку сакаш, љубов колку сакаш, бебиња колку сакаш
Иако не сум зачленета долго време (скоро една година пишувам), сите ве поддржував скришно зад дисплеј, очекував цртки заедно со вас, со голема желба чекав да објавите позитивни тестови, искрено виртуелно ве гушкав сите, многу ви се радував на сите кога објавивте позитивни резултати. Потоа се зачленив за да ја искажувам својата поддршка и за да ја добивам и јас, да пренесам позитивна енергија, да влевам надеж и да кажам што мислам. Многу работи научив и добив одговор на сите прашања. Благодарна сум за секој еден збор напишан во оваа тема и во Вештачко. Вакви жени нема никаде, секоја од нас е посебна и прекрасна! Сите членови со постар стаж на темава и сите со понов ќе се исчистиме одовде, ќе си одиме во поубавите теми. Во тоа искрено верувам и знам дека ќе биде така. Сите ќе бидеме мајки! Мора да сме позитивни, вистинскиот момент за најголема среќа ќе дојде во вистинскиот момент! Сите ве сакам и едвај чекам да видам која следна ќе објави ||
@Lavica2016 Посебно... Хмм, па баш беше посебен месец. Покрај обидите за забременам со Кломифен кои беа безуспешни и не ми расте како што треба фоликулите или ќе се претвореа во цисти.. Едноставно кажано - Не беа способни за оплодување. Потоа имавме пауза од 1 месец и се обидувавме со инексии мерионал + кломифен. Првите 5дена катастрофа. Разочарување големо. Докторот ми ја зголеми дозата и фоликулите почнаа да растат убаво. Ноо, повторно проблем со ендометриумот. Ми даде Циклопригнова да пијам само од белите ама после инексијата прегнил. И така следевме ситуација на 2дена, фоликули имаше премногу. Дојде овулацијата ние си имавме секој ден по 2 пат. Не за а правиме бебе. Туку од желба, имавме некоја посебна желба. (можеби дека знаевме алатите на таван ќе ги фрлиме) Добив и хиперстимулација јајниците ми пораснаа до 10см, среќа немаше течност во абдомен и си поминав со апчина Достинекс 2х1 (10апчина) Потоа болките ми се смирија. На денот на циклусот јас имав малце кафенко т.е кон темно кремова боја. Ми падна чудо бидејќи никогаш не ми било така, итоа само еднаш на гаќи. Следниот ден повторно исто. И на 2риот ден од доцнење сабалјето му реков на мм да одиме да проверам бета во случај да не сум трудна да ја пркинам терапијата бидејќи минатиот пат ми каснеше од утрогестанот. И во ред, тој дури се спремаше јас без да знај направив тест. Цртичката веднаш се појви, иако се радував сепак бев со резерва (Не им верувам на тестовите) од тука отидовме на бета која беше 217. Среќата беше преголема И веќе натаму кажав. Слушнавме срценце на 6+0 и имав голем хематом. Со терапија ќе биде се во ред. Ете тоа се случи - На кратко, на долго Фала му на бога
Браво за истрајноста и фала на опширниот одговор..приметивме малку дека те снема ама се е добро штом добро се заврши сега уживај и влечи не за нос
Пoздрaв oд мене дo сите милички Јaс и aкo сум крaткo нa фoрумoт и мнoгу ми е убaвo сo сите тукa зaтoa ве гушкaм сите oд се срце штo пoбрзo дa oдиме вo трудничкa темa ве пoздрaвувaм сите реткo пишaм aмa ве читaм и дa ви кaжaм вие ми сте лек кoгa ми е нaјтешкo вие ме утешвaте
Бебуле дури сега ја прочитав пораката бидејки бев на краток одмор,сакам да ти честитам за бременоста и за подршката која ни ја пружи тука иако бев нова во темава и малку време присутна сепак ти благодарам за убавото дружење да си имаш лесна бременост,полно меше и многу радост
Емоциите започнаа со самото читање на првиот ред и веќе јасно ми беше за што станува збор, ме наежи, ме расплака,пресреќна сум за тебе го знаеш тоа .Ова го заслужуваш ти мила моја ужувај во најубавите денови сите да го дочекаме овој ден кога ќе треба да соопштиме оваква прекрасна вест!!!
Честитки драга @Bebulleee , многу ми е драго што успеавте. Нека Бог ви даде трпение. Здрави и живи и двајцата после трудничките месеци
@Bebulleee честитки мила и од менеСамо опушти се и само позитивни мисли. Јас не пишувам редовно на темава,но ве следам и знам со секоја што се случува
Добар ден моја убава поддршко ајде темава тргна со убави вести и сите така да се израдуваме што побрзо јас чекам да не добијам па ќе видиме ве поздравувам и имајте ми убав ден