Феминки треба да почнам да пијам циклопрогинова,но упатството ме уби се добива карцином на црн дроб и на дојка од нивно конзумирање,а,треба да ги пијам 2месеци Збункааа и шлог♡♡♡
Скoрo сите ги имaме пиенo циклoпрoгинoвa не се плaши пиши мнoгу несaкaни рaбoти a зa еднoметриумoт ќе ги земaш
Дај БОЖЕ СИТЕ ДА НЕ ДОБИЕМЕ во исчекување сум уште еден ден ако утре не добијам задва дена ќе правам тест па ќе видиме што ќе биде се молам за сите
@fina erika исто и јас дo утре сум само што ни стомак ме боли ни гради ме болат ништо сите симптоми исчезнаа ...
Девојки ништо од мојата инсеминација!Си добив на 11 дена после инсеминацијата и уште не ми е јасно како така,тоа се 25 дена...а на 27,28 дена секогаш добивам.Што се случи стварно незнам,немаше да ми е криво барем понеделникот да го исчекав како 14ти ден вака олку рано незнам зашто.Повеќе за тоа сум разочарана одколку за добивањето.Кај може да е грешката?!
Не немав,на природен циклус одевме,зашто немам никаков проблем со овулација.Скоро секој месец си правев фоликуметрија.13-14 ден ми е секогаш,ја чувствувам секогаш.Само прегнил примив и толку
Обично од тералија знае да се поремети, ама вака не гледам причина да ти подрани?! Во медицинава 2+2 никогаш не излегуваат 4, ама убаво би било да чуеш мислење од гинекологот. Ако сте ја погодиле овулацијата, малку се 11 дена за лутеинска фаза..
Мене тоа ми е,затоа сум нервозна.Зашто толку рано да добијам,немаше да се разочарам ако беше понеделник стварно,ама вака незнам што ќе биде...еве нека каже некој ако е поискусен,стварно незнам и ќе одам од понеделник да барам отчет
Никакви,ама баш никакви немаш и мене не ме болат градите ама стомак ме боли како за добивање дај Боже да не добијам и ти исто да не добиеш Абе срц а баш мислев готово е
@fina erika баш никакви Градите ме болеа пред 3 дена како да ми жежеа и мн отечени другиот ден ништо ни болка ни жежење ни оток А стомак ме заболуваше како за добивање ама и тоа помина имав и две акни на челото и тие веќе поминуваат ))ми останува само да чекам времето ќе покаже Стискам за сите @Lanic баш добиено ти е ? Ако е кафено може и да не е добиено
@Valentina888 @BirMelek 1.За какво какао станува збор (обично или од оние во здрава храна)? 2. Колку пати дневно е дозволено/препорачано/здраво да се конзумира мака во прав?
Руби ако е во прав едно лажиче дневно се консумира од маката, ако е таблети, зависи колку мг е, си пишува на кутивчето колку треба да земеш. За какаото сум читала и јас, ама никаде немаше поткрепени факти, барем не сретнав. Ама со какво и какао да конзумираш претпоставувам нема штета.
Да да баш добиено е!Ќе се понадевав да е кафено ама не,вчера на хартија што имав розева капка мислам дека и сакало да пробие,али пусто ми даваше надеж зашто беше рано.Сега само на тоа мислам зашто пред 14 дена се случи тоа ме мачи само!!!!Ти држам среќа за две црти а да баш добиено е!Ќе се понадевав да е кафено ама не,вчера на хартија што имав розева капка мислам дека и сакало да пробие,али пусто ми даваше надеж зашто беше рано.Сега само на тоа мислам зашто пред 14 дена се случи тоа ме мачи само!!!!Ти држам среќа за две црти Одиме понатака!Што е тука е!Неколку саати нервоза и плачење,после главата горе и терање даље.Ти држам мила палци за две црти
Девојки, добри вести, брисевите ми се чисти, нема бактерија, фала му на бога. И сега кога ќе сумирам, добри брисеви, матката вратена во нормална големина, мислам дека е време да започнеме пак со обидите за бебе. На сите што сега чекаат || црти и посакувам да ги видат уште наредната недела, а другите заедно ќе ги видиме наредниот месец ❤
Следниот месец ако овој не биде ништо дефинитивно одам на инсеминација.Ги направивме сите испитувања се е во ред и со двајцата ама ништооо.Овој месец решив малце да се поопуштам ,ми здосади она ајде качувај се,лелеле имам болки.аууу ме шиба, во овулација сум и ред други измишлјотини и филмови кои си ги правам. на сите што чекаат да им дојде дај боже да не им дојде да се израдуваат они па и ние со нив.
Здраво Руби, какао најдобро е да си купиш органско си пишува на самото пакување јас од БиоКосмос го купувам и заедно со маката да ги конзумираш. Значи најубаво ми кажаа дека се конзумира сабајле една лажица какао и една мака во прав со малку кафеав шеќер си вариш ко кафе и си пиеш.Ем не ја осеќаш маката ем вкусен напиток воедно и здрав ќе си пиеш и ти а и да знаеш дека е препорачано и за мажите.Маж ми секоја вечер тоа ми вика да му правам. Габриели а колку време се обидувате? Дали ти предложиле лапороскопија? Може нема проодност или има некоја преграда што не може да се види со ехо
Од Октомври пробуваме и никако.Никој до сега не ми предложил лапороскопија.А од докторот веке земав терапија за од прв ден мензис за наредниов месец. каналите ми се проодни. резултатите ок се сите .не знам во кој случај ја преепорачуваат лапороскопијата,треба ли да си побарам самата ли да ја направам?
Како знаеш дека каналите се преодни? Каналите и нивната преодност се проверуваат преку HSG. За да одиш на инсеминација, потребно е да има потврда за преодни канали.