Одлично. Ако не ви се чека почнете со инсеминација. Не е ништо сложено. Ако не, одете си на одмор и така слободен стил, слободна душа.
Јас маката ја земав 3 пати на ден по едно лажиче во вода. Не бев многу прецизна, некогаш заборавав. Затоа на крај капсули земав, на хелтаид, така полесно ми беше.
Почнав со витекс агнус кастусот да ги пијам , еве веќе 10 дена . И си добив . И тоа точно на 28. ден. И сега да прашам , дали некоја феминка од искуство можи да ми кажи дали треба да ги прекинаам пред овулација??
Јас никогаш не сум пиела мака со какао,а пиев по една лажичка во вода. Кога пиев кога заборавав па како што пиша и @BirMelek сега пијам капсули мака.
Еве јас првиот месец ги пиев цел,а вториот само до овулација оти на повеќето странски форуми прочитав дека повеќето ги пијат до овулација.Не ги користев долго за да ти кажам како ми беше подобро или полошо.Ако има некоја која ги користела повеќе време и јас би сакала да слушнам друго искуство
Na hrvatski bugarski foruми читам преубави резултати од витексот. Е индивидуално е де... но 90%со позитивни искуства
Јас сум една од тие со позитивно искуство,пак ќе се повторам дека после година ипол со неуспешни обиди со витексот останав бремена по месец ипол користење.Само сакав да ти кажам дека тогаш и јас не бев сигурна како да пијам и затоа неможам со сигурност да ти кажам дека цел месец е подобро да го пиеш или пак само до овулација.Како и да си решиш ти посакувам што побргу да си видиш две цртки
Лапароскопијата е директно посматрање на стомачната празнина, јајниците, надворешните страни на јајоводите, матката (а и на сите останати органи во стомачната празнина)Сигурно си немала може потреба обично тоа го препорачуваат на жени со цисти миоми и сл работи кои не можат убаво да се видат на ехо и на хсг.
Може совет? треба денес да (не)добијам еве уште немам... правев тест негативен е а немам повеќе утрогестан па да почекам да не ставам денес или да купам можно ли е да е рано за тестот што покажа негативен ?
Од оваа ситуација во која се наоѓаш бев и јас. Најдобро е бета да си провериш со упат од матичен. Зошто од утрогестанот знај и да касни. Не го прекинувај на своја рака. Со среќа
Девојчиња јас баш вчера правев бхцг но нема ништо..0.1 ми искочи ..тоа што сакав да го споделам е дека ги имав истите симптоми што ги имав кога забременив и се понадевав дека сега биднало но ете ништо..знам дека се исти симптомите при добивање и при бременост но јас да бидам искрена никогаш скоро немам симптоми за добивање.. е сега вештицава уште ја нема и тоа повеќе ме нервира отколку негативните рез..значи каснењето..недобивањето на циклус мислам дека ме сотре..резултати се океј..немам пцос..здрава храна и пак не ми е редовна..зошто бре зошто? Ве читам за ова макава па сакав да прашам бидејќи не сум пробала никогаш..таа помага ли за регулирање на циклус или како? И да ги окуражам сите пние со редовни циклуси бар да не се нервираат бидејќи секој месец имаат шанса..ја што да кажам и таквите ко мене.. поздрав и убав викенд
Маката ја препорачуваат за хормонски баланс што многу значи би требало да помага и за регулирање на циклус. Нема да имаш зијан ако ја пиеш. Јас ја земав онаа во прав, зошто некако повеќе и верувам иако има задоволни и од капсулите. Таа е доба и за нас но и за мажите.
Здраво девојки јас денес добив значи не ми закасни ни ден а толку имав надеж ништо нареден месец нови обиди останете ми поздравени и позитивни
@Lavica2016 многу е чудно тоа ПЦОС. 4 години по доктори и специјалисти, секогаш имав присуство на овулација, никогаш не сим имала цисти, каснењето ми се случуваше еднаш годишно околу недела, а обично +-2 дена. И оддеднаш ПАф - полицистични. Јас не знам како да го дефинирам. Навистина да ти посакувам што побрзо да заврши оваа мачење и наскоро да се фалиш со ||
Ве поздравувам сите! Не сум добила и абер немам за добивање. И се' нешто ми тече и трчам мислејќи дека сум добила. Веројатно вежбањево ми го измести организмов, не знае што го снашло Ќе се стабилизира се надевам
Па, што знам По малку кафеаво имав 8 дена и престана, еве ништо оттогаш. На петтиот ден од кафеавото направив тест и негативен беше, па затоа си мислам дека е од вежбањето. Дајбоже да грешам
Пoздрaв oд мене дo сите и кaј мене 26 ден бoлкa вo грaди ќе видиме дaли ќе дoјди или дa си земaм тест и дa не се мaчaм дa си нaпрaвaм утре aкo не дoјди и немaм знaк секoгaш ми излегувa мoзoлче нa истo местo сегa гo немa дa не се пoреметив oд хистерoскoпијaтa Lavica2016 јaс aкo дoбијaм ќе земaм aгнес витекс тие ги фaлaт и Q10 зa јaјце клетките биле дoбри читaв