@Lavica2016 со своето име кажуваш .. имаш ли ти видено истоштена лавица бе????? Глава горе нема откажување, се сложувам со сите феминки кој ти рекоа да одиш на второ мислење земај ги чаевите и пиј ги ништо не губиш ... до следна овулација пиј од смесата на Lara опушти го телото и умот и уживај во прегратките на маже во обидувањето за бебе Сите ти праќаме среќа за да надминеш се и ти сме голема поддршка да знаеш
Девојки ви благодарам за честитките, да си исчекате сите до една ♥️♥️♥️!!! Кога ќе се подразмислам наназад имав напишано неколку месеци, ама испаѓа една година. Не беше сеедно, испив еден тон антибиотици, имав/м резистентна бактерија, мн здр проблеми.. Сега немам тегоби, но не знам дали имам нешто или не... Едноставно едно време кренав раце од се, имав проблеми од друга природа, и ете ти ги двете црти. Ко ке размислам се труев со витамини и секакви напитоци, па ништо, а времето кога сум останала трудна само лапав хамбургери и пици, уживав во нездравата исхрана. НЗС? Што знам, психа! Совет од лично искуство, одмор, хоби, нешто да го одвлече вниманието од бебе.
Би требало контрацептиви да ти дадат најмалце 3 месеци да пиеш. Мала е многу, почекај не мора веднаш операција.
@Sesil мала е и таа рече дека е мала..само што е присутна веќе трет месец а ми се појави после киретажата што ја имав крај на декември..претходно не ми спомнал никој дека ја имам.. @fana така е, нема откажубање само многу ми дојде одење по лекари..испитување..ширење нозе и сл. Знам дека сте ми најголема подршка...вие..мм и моите родители..затоа и секогаш ми текнува да се обратам кај вас @Valentina888 отворив и на нет така кажуваат да се омита со алуминиумска и да се чува 5 дена..а се конзумира мала или голема лажица? @Sparkles27 и ти имаше? Правеше лапаро или?
Обично пишува на самите тестови..накчесто мислам после 10 минути..сепак зависи и од кој тест си го користела.
@Lavica2016 Да имав една и си стоеше и си растеше.Забременив лесно со една циста,но потоа киретажа и после киретажата уште една ми се појави на др јајник и плус на дебелото црево и абдоменотТоа се се виде нормално со лапороскопија.Значи никој нема да ти каже со сигурност дека ти е чоколадна циста додека не направиш лапороскопија да знаеш.
Немојте да мислете дека лапароскопијата ви е трајно решение против цисти. Побарајте мислење од повеќе доктори, пред да било каков зафат.
Чоколадна цист (тер циста) -имав на лев јајник со години.Што хормони.не пиев диане35 примолут нор... Што чаеви не пиев...ајдучка невен подбел....значи одев на пункција..само и само да не одам на лапароскопија. Се беше залудно. Барем за мене. Цистата достигна 6см. Си.бев си се оперирав лапароскопски. Од 2013 се нема појавено . Да чукнам во.дрво .
Демек да не се замарам на одмор ама све нешто ќе се најде да те замисли. Втор месец како добиеното ми трае точно два дена и третиот ден ни капка веќе; завчера добив и денес еве ништо. Што може да е ова, му се случило на некој? Не дека обично мн долго ми трае ама ако два дена е нормално после уште два има по малку де кафено, де темно црвено на бришење, сега ништо, па и вториот ден дури минимална количина. А тест правев и минатиот месец и овој, негативни беа двата.
Мене ми се случуваше. Обично обилна ми беше, дури и партали излегуваа. Некои месеци скоро ич. Не сум обрнала внимание на ова. Се е нормално и ненормално со нашите организми
Сигурно има некоја поврзаност и јас така мислам, доколку имаш една не е страшно, но сепак треба да се консултираш со добар лекар ти го препорачувам Никола Панчевски бидејќи барем тој е експерт во таа работа.
Добро утро девојки правев тест и искочи негативен а еве трети ден никако да пробие све само на бришење де кафено де како црвено значи овој месец катастрофа сум незнам што се случува со мојот организам
Не си сама, дој да те гушнам И мене ми се пошашави циклусов, којзнае кога ќе добијам. Ама не се предаваме, позитивни ќе останеме, нели? Да си се гушнеме ние со лош циклус овој месец Така требало да биде, ќе биде подобро! И за инат си пуштам музика и си пеам
@Dear_Thing ми се случува и мене, а минатиот циклус пак не знаеш колку обилен ми беше и долг, да се почудиш. Ништо не е чудно. Баш со оскуден циклус јас останав бремена.Т.е после неколку циклуси колку да се каже дека имам добиено.
Овој циклус после инсеминација ужас мн обилно крварење вчера посебно поплава и тоа онакви грутки парчиња цели дали од утрогестанот ...друго и не примав ништо ќе видам денес како ќе биде имал ли некој вакво искуство ?
Ништо чудно мене кафеавото од 22-от ден што траеше 7-8 дена да ми било добиеното И јас имав обилно крварење по инсеминацијата. Четири дена убаво течеше, но гледај позитивно на тоа, се чистиш