Јунски месец скар со добивањава и циклусиве може женчиња и да ни е од акумулирани работи..мислам што све не поминавме овие неколку месеци..секој со својата приказна нормално..да бидеме реални..јас мислам сега летово повеќе уживање шетање и слично памет на пасење
Здраво феминки.Мојата тетка имаше два спонтани абортуси.Има 44 години и природно забременила .Причина зошто ги губеше бебињата е дека има многу густа крв и ембрионот не може да издржи се суши.Докторот и препишал да пие Кардиопирин и Фолна киселина да ја разреди крвта.Дали може некоја ако имала слична ситуација да ми каже дали би требало уште нешто додатно?
И јас имав два спонтани абортуси во рана бременост од вакви причини,плодот не се развиваше,после вториот пат докторот ме упати на испитувања на трансфузиологија дека се сомневаше во густината на крвта.Испитувањата беа во ред и сите други испитувања кои ги правев,но тој одлучи дека пред следниот обид за бременост мора да почнам со аспирин протект во најмала доза и фолна киселина обавезно. После набрзо пак забременив и се беше во ред со плодот еве сега ја имам мојата 2,5 годишна ќерка. Нека се консултира со лекар тие најдобро знаат,а скоро читав и некои статии дека последните препораки од гинеколозите на светско ниво е да на жени со неколку спонтани им се препишува обавезно терапија со аспирин ради тоа разредување на крвта.
Луѓенца, тргнав сабајлево да ви пишам дека денес е денот за (не)добивање и дека уште ја нема ама се заработив и не пишав. И еве ја, тетката доаѓа на голема врата со болки и кафеав исцедок. До вечер или утре сабајле ќе пробие. Аман веќе
Ве гушкам сите и овој месец да го заборавиме очигледно има влијание и ова променливо време Секое добивање нека биде потик и поголема желба за остварување на она што секоја од нас го посакува. Живејте,радувајте се,пружајте љубав дури и на они кои не заслужиле баш баш.Секој ден будете се со убава мисла и ке почнат убави работи да ви се случуваат. Насмевнете му се на животот дупло ке ве изненади. Ве обожавам сите ние сме жени лавици,жени борци жени со големо Ж,а сепак толку нежни и милике дојде и нашиот најрадосен ден само трпение. Ја одужив малкуда не би заспале читајки само едно ке кажам....идемо даље све до медаље
Еве и јaс дa ве пoздрaвaм милички 29 ден стoмaк глaвa и пoлoвинa oд време нa време ме бoли трбa дa не дoбијaм дaли oд хистерoскoпијaтa незнaм уште јa немa штo е oвa штo ни се случувa нa сите oф леле незнaм пм кaј 15 чaсoт бев вo вц и нa бришење млку рoзевo сегa пaк пoдзирнaв немa ништo a тест си купив незнaм незнaм ќе пoчекaм редoвнo ми идеше нa 26 денa сегa се пoреметив
Што убаво Ништо не ни можат пореметениве циклуси, најјаки сме! И, да додадам - гушкајте си ги мажињата! Нема добивање, ајде да не пробие!