Мислам дека пишав за вештеркава моја дека ја имав 3-4 дена кафеава беше. Денес после една недела пауза јас имам свежа крв, некако логикава моја ми вели дека пробила денес, но зашто толку дена кафеаво па пауза па сега пак ... Значи ќе полудам . Иначе денес бев во Струга и бев во еден манастир каде што се вели дека помагало за деца , се помолив на иконата и еве сега стигнав дома и свежа крв . Можеби е некој знак , не знам , не сум паметна.
@bokace може ти е од промена на клима знам дека беше Словенија еве сега си тука се дешава некад тоа организмот реагира. А може и некоја застарена крв па се чистиш,види како што па појди и на доктор да си помирна. Ако ти е доцна сега другиот месец провери и хормони чисто да знаеш од што е.
Здраво до сите јас само да ве поздравам.Не пишувам ништо затоа што нема ништо ново @Lara 27 како си што има ново кај тебе @Andonia не си пишала ништо домашно @Оли дали доби циклус и сите други како сте ако сум ве испуштила само ве поздравувам
Кај мене свашта се исподешава,пред 7 дена имав јаки болки од пукната циста лежев во болница со антибиотик,тоа помина па ми доцнеше 4 дена и еве ја денес дојде не е пробиена скрос ама кај и да е ќе пробие и така некако тежок ден мие,имам некоја негативна енергија и не сакам да ширам затоа само ве следам.Поздрав до сите
И јас денес бев на второ мислење кај Лазаревски..ќе пијам примолут нор за да добијам па здравје после одам на проверка на каналите..се јавив кај Толовски ми кажаа да направам крвна слика пред да закажам..седиментација не смее да биде над 15? Па ме интересираше дали некој знае зошто? Што ако ми е над 15? Не сум нешто медицински поткована па ме интересира што би довело до покачена седиментација? И како може да се намали? Поз
Ако имаш висока седиментација значи имаш некое жариште во организмот,или некоја бактерија можеби а при ХСГ Бидејќи ти вбризгуваат течност и ти прават снимка да видат дали каналите се проодни и може ако имаш нешто некоја инфекција и слично да ти ја разлеат низ каналите, барем мене лани ова ми го кажа Лазаревски кога правев
И јас сакам да проверам каналите,но кажувајте кој од каде е задоволен,матичната ми рече избери каде па ќе закажим.
Јас за други не знам кај се прави..кај Толовски сакав да правам бидејќи многу женски од форумов правеле таму...не знам ни колку чини..ако има некој повеќе инфо нека сподели
Јас ептен претерав . И трамадол и хелекс и вентор.Баш за ништо. Чинам земање пап ми е поболно 4200 ,скоро правеше една пријателка таму
Милa еве дoбрo сум чекaм дa дoјди сaбoтa дa видaм дaли имa филкули и дaли прснa цистaтa a oвoј месец кaј сите се случувa нештo сo циклусoт aјде кaј мене се нaдевaм декa беше oд oперaцијaтa aјде дa ве пoздрaвaм сите ве гушкaм
ХСГ може да се прави на ГАК, Толовски или Систина. на друго место мислам немаат опрема. Инаку незнам зошто се плашите. Јас на пример не осетив ни малку болка, освен мала нелагодност затоа што сепак цела матка ти ја полнат под притисок со течност. ама да и да заболува кај некои не е страшно. Верувајте има многу по болни и потрауматични работи. Кога правев јас пред 4 години не бев ни свесна на што постапка одам ниту со кого да разменам искуство и можеби затоа не ми беше трауматично. Затоа помалку читајте, напите се еден б6 и опуштено. Ке помине за неколку минути и после тоа ќе сте раат.