Ne se i tolku strasni kako sto gi opisuvaat doktorite.Eve jas po vtor pat zabremeniv so policisticni jajnici, i toa so site mozno simtomi na niv. Taka da ne si stavajte mnogu pri srce pozdrav I srekno na site.
Целата работа е тоа што синдром на полицистични јајници е едно, а мали фоликули кое не растат доволно и се претвораат во цисти е друго. Кога се работи за тој синдром доаѓаат и другите симптоми, тежината, влакна и што уште не. А кога се работи само за јајниците се случува да нема овулација и поради тоа нема бременост, тоа ми се случува на мене и затоа имам проблеми. Искрено нема каков доктор немам посетено и сигурно сум една од пациентите што ги задржуваат докторите по еден час и повеќе и прашуваат се и сешто, па поради тоа знам многу во врска со оваа тема. Значи ги убивам со прашања, еден дури ми црта кога и да идам кај него .
Имам редовни циклуси, не сум влакнеста, имам овулација, фолекул што расте до 20мм и пука... Ме лажел, за џабе бњв под стрес. Единствено што би направила нареден месец ако добијам е ХСГ... Пиеше нешто или природно? Немам симптоми ни за синдром ни за јајници. Ни хормонски не ми покажува. Затоа отидов на уште 2 мислења и го сменив матичниот
Тоа е задолжително второ и трето мислење. Не можеме да и веруваме за жал на докторите, или се очајни и ништо не разбираат или се само за повеќе пари.
Кога му кажав на новиов матичен колку пати идев, колку пари давав,се зачуди.. СЕ било за пари, а разбрав дека купил и опрема за инвитро и веројатно сите пациентки си ги тера на тој пат за пари.
Женички ваше мислење и искуство.. Ме интересира дали сте користеле некои апчиња со кои се регулира циклусот, а притоа може да се остане бремена (да не се контрацептивни)? Јас имам проблем со времетраење на циклусот, ми трае од 30 до 35 дена, а минатиот месец добив на 60 ден и тоа со помош на Дабростен.. Дали е во ред да се користат вакви апчиња секој циклус редовно додека останам бремена? Ваше мислење?? Поздрав
Да, во февруари ми беше покачен ( 28 ) ама примам Достинекс, и уште по еден месец терапија ми се намали и го одржувам на 7.. Докторката примети дека и тсх ми варира кога го следевме пролактинот и ми даде терапија (Еутирокс).. Е сега поради нередовните циклуси, а повеќе од мојата преголема желба за II, ве прашувам да не имала некоја искуство со регулирање на циклусот со некакви апчиња..
Милa имa дoстa штo прoбaле aгнес витекс кaктус дoстa се дoбри и не се хoрмoнски и фемисaн кaпките се дoстa дoбри сaмo требa 2 дo 3 месеци зa дa oсетиш прoменa кaј секoје рaзличнo
@Lara 27 Дали знаеш како се движи цената на витекс, со оглед на тоа дека прочитав по форуми позитивни ефекти и примери... И дали може да се комбинира со маката, како што ми предложи @Ano , или да користам одделно прво едните, па другите? И од кој ден од циклусот може да почнам да ги пијам?
Јас се извинувам на вмешување во муабет. Само да кажам дека на сестра ми и кажаа дека има полицистични јајници и да внимава дека многу лесно може да забремени
Па не би рекла, јас лично се окозив додека забременив , ма да има и некои кои немаат проблеми, но најчесто пцос се проследени и со хормонален дисбаланс , отсуство на овулација и тука е проблемот. Помешал нешто докторот
И мене со години истото ми го кажуваше докторот дека имам полицистични јајници, па еве забременив, додуше чекавме за бебче 1 година ради проблеми со бактерии. Имав редовен циклус, редовна овулација, па дали било тоа полицистични не верувам.
Плус има и хпв вирус За тоа знам дека е точно дека на две мислења беше, а за полицистичниве и мене многу ме збуни
@alisijad и јас имав полицистични јајници, и само со диане 35 ми се средуваше циклусот и влакнетоста.. е сега кога дојде време да работиме на случајот со мм, сѐ се поремети пролактинот ми се покачи, тсх варира, андростендионот покачен.. така да @Mariangel не било толку лесно да се забремени.. вие поискусните, упатувајте нѐ што да правиме во иднина да ги видиме долгопосакуваните I I
за пцос метформин мене и инсулинот ми беше покачен, за пролактинот две ипол години пиев достинекс потоа кратко пред да забременам почнав со бромергон, за андростендионот спиронолактон но не се симнуваше од него баш па ми додадоа и декстаметазон и мислам тој беше клучен што останав бремена по природен пат. Доста го користат во терапијата за пцос се утепував тогаш цели ноќи од читање и кортикото дава голем успех кога станува збор за овој проблем. Тсх и мене ми се поремети у целата збрка на лечење , пиев еутирокс и сега откако сум породена е во нормала без терапија. Внимавај на исхраната , исфрли благо, газирано, пецива тестенини, и ако не си го проверила инсулинот да го провериш кај пцос скоро секогаш е покачен. Метформинот мене ми помогна за редовен циклус а и за овулација. @Mariangel за хпв само јакнење на имунитетот друго нема, витамин ц, бета каротен, цинк селен, јас имам пиено и капсули од зелен чај исто ии бета имуно глукан малце поскапи се ама вредат.