Многу ми е жал за загубата Не знам која докторка ви посочила само 1месец пауза, но тоа е премалку, минимум 6месеци, се работи за напредната бременост! Ти препорачувам да побараш и друго мислење, откако ќе добиеш циклус обавезно на ехо да ја видат состојбата на матката (дали се е вратено во нормала).. Верувам дека желбата за нова бременост е огромна, а со тек на време ќе се зголеми, но на организмот му треба време да се нормализира, матката, хормоните да се доведат во ред, стресот и шокот намалат.. не е така едноставно колку и да боли.. Не брзајте, дајте си време, оваа година одмарајте, Нова година, нови почетоци, со повеќе искуство ќе успеете
Ви благодарам на сите за подршката секако не сум спремна за ново бебе.. додека не се осигурам дека се е во ред со мене..морам да бидам сигурна дека се е добро така се имам исплашено што ми е страв и пак односи да имам...
Девојки добив!Како и да е не се надевав многу,правев инсеминација на десен јајник активен кај што немам јајцевод.Иначе видов во упаството на Дабростон пишува од кога ќе ги завршиш за некој ден добиваш,така да од тоа ми доцнеше.За некој ден си доаѓам од одмор и најверојатно ќе правам одма трета инс,може усште ме држат хормонскове апчиња,па и ќе ја погодиме левата страна овој пат и ќе бидне нешто...трета среќа не се знае...Не губиме надеж,се што е наше ќе си дојде,да чуваме нерви за понатака.Цел живот сум многу емотивна и плачка за се,ама оваа борба ме направи некако по силна,не дека не ми е тешко,ама не сакам фамилијата да ми пати и да се секира за мене.Дури и незнаат дека веќе две инсеминации направив,сакам да ги заштитам од стресови.И знам дека тоа исчекување ќе не направи по нервозни и мене и маж ми кога сите ќе бидат во исчекување и ќе ги бројат деновите.Пред нив сум најсилна зашто знам дека и они патат со мене иако не ми искажуваат.Потребни сме им на нашите родители,маж и најблиски здрави и психички стабилни.Ве гушкам,убава вечер имајте...
Само мене ми реагираат јајници со боцкање од виното со рузмарин или на сите? Ко слаби болки и подуеност...
Па понекогаш читам на темава дека пробуваме и ние со мм. Имам микроцисти на едниот јајник и дијагноза за полицистични овариуми кои предизвикуваат ПЦОС(читај повремено имам/немам овулација). Досега кломифенска терапија, инсеминации, на природен циклус стимулација со прегнили итн. Овој пат ме израдува среќното лиценеце на тестот за овулација т.е. денес е ден со висока можност за забременување но мене ми треба денот што е врв т.е. кој укажува дека покрај естрогенот покачен ми е и ЛХ хормонот и ако дал Бог најважно ми е да прсне водечкиот фоликул и ако е решено да бидне летно превено бебе. Тестот би требало на одмор.
Добредојде и што побрзо да си одиш од темава.. во однос на тестов може ли да ми кажеш од каде го зема?
@monik55 Тестовите се од УСА, донесени ми се од мм, тоа ми е нај нај практичното последнава година што го имам. Clear Blue-то мене лично ми е нај тест. Внатре има 20траки и е предвиден по 10 на месец да се трошат,некаде од 10-20ден од нормален циклус за да се детектираат тие 4 плодни денови т.е. 3 со висока можност за зачнување и оној едниот кога е пикот т.е. врвот=овулацијата. Тестов следи концентрација во мокрача на 2хормони-естроген и ЛХ. Нашиов на сликава и оние малите во ќесенце следат само ЛХ,а бидејќи мене тој ми е низок најчесто вакви тестови за следење само на ЛХ ми се секогаш негативни. Со среќа на сите топлово лето. Најмногу. сепак радувај се на секој нов ден, следниот пат да не израдуваш сите на темава.Стравот удави го во бунар. Со тек на време ќе помине и ќе си се наредат работите како што треба.
Многу ми е жал за загубата драга Ти посакувам прво убаво да се одмориш, и да бидиш позитивна. Одмори се и спремна за бременост да не израдуваш со две цртки
Oвие тестoвите зa oвулaцијa мислaм декa ги имa нa aлиекспрес или нa ebay. Сум виделa нa инстaгрaм декa oд тaму нaрaчувaaт.
Нормално е , колку и да бил цврст човек еден ден ќе попушти Не е лесна борбата и треба мн. сила ама и таа ја снемува, па се полни.... Ама и ти ќе го бањаш твоето бебе еден ден.
Мила знам како ти е те разбирам потполно нас во семејството два пати тоа ни се има случено еднаш на сестрами еднаш мене.. сестрами 7ми месец јас 3ти тоа е судбина.. Треба да научиме да живееме со тоа никогаш нема да заборавиме дека имаме ангелчиња на небото.... Секое лошо за добро е така велат што и да е ќе помине.... Нашево трага остави само моли се на Господ да ти даде здраво право бебче и да си го гушкаш а исто така моли се и за тоа што ти е на небо и тоа ангелче невино да живее во рајот.!!! Не постојат ниту зборови ниту утехи што можеме да ти дадеме.. Биди силна сме поминале знаеме што е болка!!!! :/ :/ Искрено ми е и мене тешко ко ќе разберам така дека се случило одма ми текнува на бебчето од сестрами и на моето и солзи ми идат сами... Не брзај кога ќе бидиш ти спремна тогаш и Бог сам ќе се смилува и на нашите солзи и болки... <3
Ме расплака... фала ти душо на подршката ние смр борци не се откажуваме се додека не успееме...секој ден се молам за синот за ангелот на мама..секоја вечер седам сама во темница и се молам на Бога да ми го чува и да ми даде сила за негови братчиња и сестрички... никогаш нема да се откажам си ветив и мома да биде следното ке го облечам во неговите алишта и кога ке ме праша зошто си ме облекла во машки ке и кажам тоа е од твоето братче ангелче што не чува од небото...